Морам да кажам една работа што не ми се свиѓа. Soundtrack-от на играва ми е катастрофа невидена, мислам ти одиш се бориш за живот тепаш виетнамци а позади опнато некое рок песниште колку да имат нешто. Исто така и звукот на оружјата исти се како на call of duty 2, дефинитивно Medal of Honor и Battlefield 2 остануваат најдобри во тоа поле. Кога пукам со пиштолот исто како да имам пиштол на патлошки.
Играва е стварно тешка, играм на најтешко и ме нервира кога ќе отепам 100-души (да да додека не се мрднеш од местото излегуваат како мрави од каде и зошто толку незнам) и значи тепаш 100 души и 101 те отепува и се враќаш назад и почнуваш пак 100 души па 101 те отепува и ми се дешава по 3-4 пати истото. (не ја играјте на најтешко

)
Има стази кој што трчаш низ населби скокаш низ згради, има стварно итенресни моменти ама не се осеќам во војна се губи на моменти тоа чуство дека си на војно поле. Се чустувам како да сум цајкан и да бркам некое наркоманче кое има 100 војници

.
Исто така ме нервира што додека трчаш тој еден до тебе само се дере како будала, во стил ајдеееееее напаѓај или што знам јас абе со еден збор МРДНАТ.
Е то е то што не ми се свиѓа во играва, а што ми се свиѓа:
Оружјата до пола сум а бог знае колку различни оружја видов, има за секој по нешто. Графиката не е многу подобрена од MW2 на тоа ниво некаде е, ама верувајтеми изгледа феноменално. Толку работи се дешаваат а фрејмрејтот останува исти, бомбите екслпозиите на играва се дефинитивно најдоброто нешто. Пукам буриња само за да гледам пламен, е толку многу ми се свиѓаат.
Сега сум во Русија снег ова она, конечно да се раздвижам на отворено, бидејќи до сега се бев во некој ходници и такви глупи места. Брат ми е пред мене гледам има мисии и под вода нурка плива што ли не, осеќам ќе биде се подобо натака.
Сега за сега 8,5 од 10.
--- надополнето ---
Се надевам кога ќе ја пробате дека ќе се сложите со мене

, не дека играва не чини туку онака пдвај чекам да помини стаза за да ја видам другата каде ќе сум. САКАМ ВОЈНА а не бркајнци по згради и да скокам по тераси.