Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.241
- Поени од реакции
- 1.298
Вака, кај овие задачи со матрица, најлесно е да земеш и да нацрташ на лист, за некој пример и гледај како треба да ти работи циклусот. Ќе претпоставам дека ова C[N] ти е низа.Дечки имам проблем со една задачка во C
Значи имам матрица А[N][N] која има интервал на вредности -1000 до 1000. Значи од int тип.
Треба да се образува нова матрица C[N] чиишто елементи ќе бидат сумата од соодветната колона од А.
Кој е кодот кој треба да се внесе во for циклусот, дали треба да се дефинираат други вариабли освен sum?
Би ви бил многу благодарен ако ме упатите кон решението.![]()
Значи имаш една матрица А[N][N]. Креираш нова низа од C[N]. И сега гледаш според примерот, првиот елемент во Ц треба да биде сума од елементите во првата колона од матрицата. Вториот елемент во Ц треба да ти биде сума од втората колона на матрицата. Тоа значи дека наместо како што стандардно ја изминуваш матрицата, ред по ред, сега ќе ја изминуваш колона по колона.Значи циклусите ќе ти бидат малку поразлични. Инаку воопшто не ти се потребни дополнителни променливи, па ни sum
