Бургер Kинг доаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
In-N-Out Burgers ги има само во Лос Анџелес и околината, ова е Animal Style бургер.
in-n-out_animal_style.jpg


Мекдоналц и Бургер Кинг може вода да им носат на некои франшизи што ги има во УСА.
 
Напиши на името на темата Бургер Кинг доаѓа во Скопје..а на во Македонија
 
Го гледам и ми се повраќа, па нашите сендвичари имаат подобра хигиена од овие, ништо нема да направат како и Мек доналдс, само ќе биде ин кај тинејџерите да се јаде тука ништо повеќе, на толку ефтина храна кај нас овие ќе ми продаваат скапи сендвичи

Стварно ме интересира од што на сликата ја процени хигиената на сендвичарата?
1. СИТЕ наши сендвичари примаат пари/се фаќаат за испотените мишки/се чешаат по испотените глави/.... и ти прават сендвич без да ги измијат,
2. Овој тип на ресторани (бургеркинг, мекдоналдс, кфц...) има посебни луѓе задолжени за нарачки и за работа со пари и друг тип на нечисти средства и посебни луѓе задолжени да ги прават и пакуваат сендвичите кои што немаат пристап до пари кои што носат ракавици и капи на главата и се нон стоп под мониторинг (во странските држави).

Нешто подобро од лесковачка или гурманска од „Вили“ - нема у државата. Вистинско месо, направено на вистинска скара со јаглен, тазе и зачинето со превкусни сосови. Не може да се споредува со америчките срања...

Пробај вистинска скара па после да те видам што ќе кажеш за отпадокот од Вили : ))) Порано имаа ок скара, сега освен кога сум камен пијан не ми текнува да јадам од таму (немам јадено околу 9 месеци).
 
Напиши на името на темата Бургер Кинг доаѓа во Скопје..а на во Македонија
Најава за отварањето за рестораните даде и Канер Дикичи, генералниот менаџер на „ТАБ Фудс“.

„Ќе го отвориме нашиот прв ресторан на скопскиот аеродром на 30-ти август, а уште три нови „Бургер Кинг“ ресторани ќе се отворат во Македонија до крајот на годината“, изјави Дики.

Менаџеров вика дека ќе се отворат во Македонија, јас мислам дека би отвориле во секој поголем град, пример Тетово,Штип,Битола.
 
In-N-Out Burgers ги има само во Лос Анџелес и околината, ова е Animal Style бургер.
in-n-out_animal_style.jpg


Мекдоналц и Бургер Кинг може вода да им носат на некои франшизи што ги има во УСА.

Меѓу наши луѓе ич не се познати Ин н Аут, а се многу добри сендвичи. Јадев кога бев Сан Диего - Лос Анџелес, многу се добри и + секогаш има повеќе луѓе во овие локали него во другите. Секогаш кога некој ќе кажува за Мекдоналдс или Бургеркинг ги ставам:
1. Ин н Аут
2. Бургеркинг
3. Мекдоналдс (зошто нема некое место подоле да ги ставам)
 
Бургер Кинг не е нишо воодушевувачки али па во секое време би му дал предност пред Вили,7ца,мц и слични проливи...
ние сме многу назад со овие франшизи, затоа се почнува со најистакнатите, мц,бургер кинг, следни се кфц,сабвеј,пица хат...
 
Не споредувајте Мекдоналдс со Бургер Кинг. Бургер Кинг се каде каде подобри во понуда и квалитет на јадењето. Некој горе остави обичен хамбургер од Бургер Кинг

x-tra_long_chili_cheese.jpg


X-tra long chilly cheese, божество.
 
Толку ми е сеедно што ќе отворат Бургер Кинг, ама барем дојде времето кога почнаа да ја разгледуваат Македонија на таа инвестициона мапа. Единствено нешто што би ми го разубавило животот е ако отворат Старбакс :cuc:
 
Не гледаш? Глеј колкав е сокот, хамбургерот е сепак поголем и глеј го помфритот. Како два помфрита од мц.

Па во McDonalds во Америка сокот е два пати поголем од кај нас, хамбургерот и помфритот исто. Во Белград не ни има обично мало хамбургерче ко кај нас и таму сокот е исто поголем. Така да ни останува да почекаме па да видиме.
 
Толку ми е сеедно што ќе отворат Бургер Кинг, ама барем дојде времето кога почнаа да ја разгледуваат Македонија на таа инвестициона мапа. Единствено нешто што би ми го разубавило животот е ако отворат Старбакс :cuc:

Шо толку па Старбакс? Кафиња од по 1 литар, кои имаат вкус на све, само на кафе не.
 
Па во McDonalds во Америка сокот е два пати поголем од кај нас, хамбургерот и помфритот исто. Во Белград не ни има обично мало хамбургерче ко кај нас и таму сокот е исто поголем. Така да ни останува да почекаме па да видиме.

Низ цела Бугарија (пошто таму не се јаде баш бугарска храна), Чешка, Австрија и Србија кога сум јадел исти ми биле ко тука и сендвичите и соковите (мекфреш само мислам дека немаше во Чешка)... Баш летово јадев во Белград исто беше ко кај нас и си ги имаше сите сендвичи (хамбургер, чизбургер...) и менија нормално, не знам зошто немало кога си била ти. И тука да не нарачуваш мали/средни мениа, а таму големи зошто сендвичот е ист во сите менија само големината на помфритот и сокот е различна.
 
Шо толку па Старбакс? Кафиња од по 1 литар, кои имаат вкус на све, само на кафе не.

Знам многу луѓе што имаат исто мислење како тебе, ама Старбакс има ОГРОМЕН избор на кафиња, значи ако сакаш кафе без додатоци, со вкус на најквалитетно кафе, ќе го добиеш. Ако сакаш нешто како летно десертче со само пола шоља кафе ќе си земеш од тие ти што ги викаш кафиња од литар. Очигледно не си пробал Старбакс повеќе пати да знаеш всушност каков е вкусот на нивното кафе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom