Bundesliga

  • Креатор на темата Креатор на темата aleksandar09
  • Време на започнување Време на започнување
Таман раб дека е намерно. Не ни го постирав во смисла дали е намерно или не е.

DKAbhoGXUAASNzu.jpg

Инаку поранешниот асистент на Ван Гал, Јонкер кој беше до денеска тренер на Волфзбург заедно со неговиот асистент Љунгберг се избркани и како нов тренер го назначија Мартин Шмид кој минатите две сезони беше тренер на Мајнц и со послаби играчи играше многу добар офанзивен фудбал и ги задржа Мајнц во Бундеслигата. Додека пак Јонкер со играчи како Дидави, Мали, Нтеп, Гомез, Ориги, Димата, Камачо, Гилавоги, Арнолд, Базур не може да игра добар атрактивен фудбал и губи поени од послаби противници. Би требало да ги стегне новиот тренер Шмид. Имаат супер играчи и не може никој да ми каже дека немаат квалитет со тие играчи да се борат за позицииите кои водат во Европа и да играат добар офанзивен фудбал со тие офанзивни играчи што ги набројав. Досега со Јонкер во 4-те одиграни кола само 2 гола имаат постигнато така да очекувано е што ги избркаа Јонкер и Љунгберг.

И поранешен менаџер на акедемијата на Арсенал како и поранешен тренер на у15 Арсенал . :D
 
Последно уредено:
Инаку еве видео од минатата сезона при крајот кога се бореа Мајнц за опстанок. Последниот тренинг пред натпреварот со Херта, како навивачите даваат поддршка на тимот. а тој натпревар победија 3:1 мислам со Херта, изгазија. Колку е битна и поддршка и мотивација од навивачите таква како шо може да видите на видеото не сме свесни. Да се наежи човек кога го гледа видеото, не пак да си играч на Мајнц и да ти дојдат на тренинг навивачи и да ти дадат поддршка пред битен натпревар. Го има и Шмид на видеото како се обраќа кон навивачите. Беа ептен блиски и со тренерот Шмид и голем дел беа изненадени што не се продолжи соработката со Шмид бидејќи со слаби играчи добар атрактивен фудбал играше. Баш денеска читам по социјалните мрежи коментари од фанови на Мајнц како се пишуваат дека за управата на Мајнц веќе не бил добар тренер, но затоа сега ќе ги тренира Волфзбург кои имаат подобар тим.
 
Не беше и на Леверкузен овој Шмид или за различни Шмидови збориме? :D
 
Не беше и на Леверкузен овој Шмид или за различни Шмидови збориме? :D

Различни. Роџер Шмид, поранешниот на Салцбург и Леверкузен е сега тренер во Кина.

Новиот на Волфзбург е Швајцарец, Роџер е Германец. :D
 
Различни. Роџер Шмид, поранешниот на Салцбург и Леверкузен е сега тренер во Кина.

Новиот на Волфзбург е Швајцарец, Роџер е Германец. :D
Аха,не е истиот значи и не се од два брата деца...Кој е моментално нов тренер иначе?
 
Аха,не е истиот значи и не се од два брата деца...Кој е моментално нов тренер иначе?

Швајцарецот Мартин Шмид , изминатите две сезони беше тренер на Мајнц, но од јуни беше слободен откако се раздели со Мајнц.
 
Швајцарецот Мартин Шмид , изминатите две сезони беше тренер на Мајнц, но од јуни беше слободен откако се раздели со Мајнц.
Да,да сфатив..кој е нов тренер на Неверкузен ме интересираше :D
 
Игорче тимската игра си го прави своето. Баерн слабо играа претходните наптревари што е и логично да имале противнциите шанси кое што не значи дека Дортмунд има подобри централни дефанзивци од Баерн затоа што не примиле гол досега. Еве против Мајнц конечно одиграа многу добро, сите расположени, супер акции, расположени беа играчите. Нешто кое што се очекува од тој тим. Еве утре гостуваат на Шалке, после два дена дома, во петок со Волфзбург па следува гостувањето со ПСЖ па да видиме дали ќе продолжат така Баерн како што започнаа со Мајнц.
Од бековите ваши Писчек е ок играч, стабилен. Во Толјан има потенцијал, Рафаел исто добро се покажа, но централните дефанзивци воопшто не ми се допаѓаат. Овие скаути и управата на Дортмунд многу повеќе можеа да направат во одбраната изминатите години. Многу повеќе обрнаа внимание на офанзивата и со тоа како да подзаборавија на одбраната па се глеаше на поевтини варијанти и играчи кои не можат повеќе да дадат и направат од тоа што досега направиле и покажале.

Не знаев дека одбраната не е дел од тимот или тимска игра. Сократис мислам не треба да зборуваме колку е добар. Топрак ако си го гледал годинава остави одличен печаток. Не е светска класа но интернационална класа има, искусен е плус. Бартра лани во првиот дел на годината имаше проблеми што е нормално со оглед дека нема играно константно. Но во вториот дел направи голем скок и на исто ниво беше со Сократис. Верувај ја ги гледам секоја партија и многу напредна Бартра.

Писчек го изеде лебот, ок е сеуште ама младиот Толљан кој има голем потенцијал ќе го замени најдоцна следната сезона. За Шмелцер мислам не треба да зборуваме, одличен е. А Гуереро лани со повреди имаше проблеми ама од сите има најголем потенцијал. Тој беше важен дел во Португалскиот тим кој ја освои титулата. Плус го имаш Загаду кој исто така остави одличен печаток до сега. Ја тврдам дека одбраната на Дортмунд е многу солидна. Е Баерн можеби има малце посилна одбрана но не си во право да тврдиш дека одбраната на Дортмунд е слаба или просек, оти не е.[DOUBLEPOST=1505799862][/DOUBLEPOST]
Таман раб дека е намерно. Не ни го постирав во смисла дали е намерно или не е.

DKAbhoGXUAASNzu.jpg

Инаку поранешниот асистент на Ван Гал, Јонкер кој беше до денеска тренер на Волфзбург заедно со неговиот асистент Љунгберг се избркани и како нов тренер го назначија Мартин Шмид кој минатите две сезони беше тренер на Мајнц и со послаби играчи играше многу добар офанзивен фудбал и ги задржа Мајнц во Бундеслигата. Додека пак Јонкер со играчи како Дидави, Мали, Нтеп, Гомез, Ориги, Димата, Камачо, Гилавоги, Арнолд, Базур не може да игра добар атрактивен фудбал и губи поени од послаби противници. Би требало да ги стегне новиот тренер Шмид. Имаат супер играчи и не може никој да ми каже дека немаат квалитет со тие играчи да се борат за позицииите кои водат во Европа и да играат добар офанзивен фудбал со тие офанзивни играчи што ги набројав. Досега со Јонкер во 4-те одиграни кола само 2 гола имаат постигнато така да очекувано е што ги избркаа Јонкер и Љунгберг.

Значи за џабе Волфсбург има пари ко не знаат тренер да земат. И овој нема да ја преживее сезоната.
 
Добро коло. Хофенхајм изненадува иако изгубија двете најдобри играчи се одлични. Тоа е дело на Нагелсман. Сепак во тек на сезоната треба да видиме како ќе се снајдат со поголемиот напор со ЛЕ. Дортмунд одличен, нов клубски рекорд: Првите пет партии при старт на сезона без примен гол. Ми се допаѓа како Бош внесе стабилност во одбраната пошто тоа беше еден од големите проблеми кај Тухел. А напред стандард артилерија си пука. Баерн исто така јак како што беше очекувано. Тоа што се слизна со Хофенхајм не треба да го прецениме, се дешава. Али фалењето на Нојер можеби ќе ги кошта по некој бод, ќе видиме. Келн за жал ја снајде судбината на многу клубови кои непланирано влегле во Европа и потоа се бореа за опстанок.
 
Келн за жал ја снајде судбината на многу клубови кои непланирано влегле во Европа и потоа се бореа за опстанок.

Келн од 5 бундеслигашки натпревари сите ги изгубија и само еден гол постигнале така да не може да е проблемот до Европа и до тој еден натпревар одигран со Арсенал. Едноставно си има лоши периоди одреден тим и секоја сезона одреден тим стартува лошо без разлика дали во Бундеслигата или во некоја друга лига. И Гладбах пред две сезони првите 5 кола сите ги изгубија па на крајот завршија 4-то место шо не значи дека Келн пак ќе се бори за позициите за Европа бидејќи Гладбах сепак подобар тим имаа. Само сакам да ти кажам дека тие 5 натпревари изгубени во Бундес на Келн немаат никаква поврзаност со тој еден натпревар одигран во Лига Европа против Арсенал.

DKMIfGjXoAAqpkn.jpg
 
Лани го имаа Модесте, колку бодиви им донесе само.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom