Ако не па ај нека не искачаат против Дортмунд да играат, се службено да добиваат по 3-0, за да освои некој друг, а не Баерн, пошто лигата така ќе им стане конкурентна. Прво, секоја чест што си искочија и професионално си ја одработија утакмицата Мајнц. Второ, лузерскиот менталитет на Дортмунд и нивната мувла политика и мувла управа кои вчера требаше после утакмица сами да одјебат, а нема, се единствени кривци, што не искористија да освојат титула во најслабата сезона на Баерн во последниве 15 години, каде им ја сервираа тирулата во неколку наврати. И да освоеја титула ќе купуваат умреници од Бундес за 5 милиони, плус некои таленти по 20-30 милиони, кои нема никако да ги подобрат драстично следна сезона, да можат да бидат колку толку конкурентни во ЛШ и да отидат ниво погоре, да се држат со Баерн кој нема да повтори ваква сезона во наредни 10 години.
Дортмунд дур не смени управа и политика на клубот, се дур финансиите им се пред спортскиот успех ќе биде клубче. Не може замена за Санчо кој им беше заедно со Халанд најдобар играч, да ти биде Адејеми, кој е тален, но кој треба да го чекаш 2-3 сезони да дојде до нивото на кое ти бил Санчо кога си го продал, ако дојде до тоа ниво. Таков начин на фунционирање ти покажува колку немаат никакви амбиции тие што го водат клубот. Ако сакаш успех, секој трансфер, бар на клучните играчи, треба да ти е апгрејт на тоа што го имаш или си го имал, а не да се враќаш две нивоа назад, за да стигнеш за две години таму каде што си сега. А не е дека немаат пари па да мора така да работат за да опстанат.