Баш пред таков период сум, пред стапување во брак ама на дете никој не помислува. Мислам не е се во децата, вмро и субвенциите. Сакам тоа дете или тие деца да имаат се, а покрај се мислам буквално на се. Не мислам да го трпи тоа што јас или мајка му сме го трпеле, но ајде тоа си е веќе моја работа и не дискутирам околу тоа повеќе.
Не ни можам да ги осудам овие од моја генерација па и постариве што прават деца на 25-6 години а уште од дома не излегле нити пак се осамостоиле. Барем јас така гледам на ова, прво осамостој се, работи, живеј сам, пери, пеглај, еби си мајката, немај за леб некој период кога ќе заглавиш со сметки, па троши ко будала на облека, опрема, скап точак, излегувања итн...значи опфати се пред да почнеш да живееш со девојка ти, па и кога ќе почнеш некое време да уживате наместо да ве будат бебешки крици во 3 сабајле и сл.
Не знаат да уживаат бе уствари, се им се брза, мислат дека го фатиле горниот за муда и ај, нека гледаат другиве кој успех сум го постигнал. Мислам, на тоа се базира нашево размислување овде, а не на долгорочен план и дејствување да се подобри истиот.
Супер ми е, моите ми купија кола, нејзините стан, имаме нешо на страна, кредитче ова она, со малото ќе шетаме и еден ден ќе си речам чекај бе шо кур праам ја уствари?!
И после развод, епа развод бато, шо мислеше? Дека само тебе коцките ќе ти се наместат.
Деликатна тема, и ретко кој размислува пред да направи дете за последиците. Ајде брат, ајде идемо рекордс, а после за после ќе му ја мислиме, битно ние да се начукаме и свадбата на фејсбук да ја објавиме - типично размислување на глупото Македонче.
А гледам се повеќе и повеќе свадби се прават поради оваа причина (иако посоодветно е да напишам глупост), секоја чест.