Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.158
- Возраст
- 40
Во последно време неверојатно многу бракови се склучуваат поради свесна-планирана бременост од страна на еден од партнерите. Во доста случаи оние кои се во врска решението за партнерот да се одлучи на брак го гледаат во едностраната планирана бременост. Не ретко доколку врската е во криза, а партнерите се подолг период заедно еден од нив ја користи "картата бременост" за да ја окончаат разнишаната врска со брак. Некогаш девојката ја користи таа "карта" за партнерот побрзо да ја ожени и да живеат заедно, но понекогаш и машкото свесно се заборава при однос само за да ја задржи саканата. Има и случаи каде што партнерите не се одлучуваат на брак и заеднички живот се додека девојката не остане бремена, па откако ќе се потврди бременоста тогаш започнува целата процедура (свршенички прстен, свадба, брак).
Што мислите за тоа? Би ја искористиле ли бременоста за да го убрзате процесот на заеднички живот? Дали можеби веќе сте постапиле така? Може ли бременоста да ги подобри разнишаните односи помеѓу партнерите во понатамошниот "присилен" заеднички живот? Колку смислената бременост од еден од партнерите може да влијае на понатамошната доверба на другиот партнер и општо на довербата во заедничкиот живот?

Овој мутавиов ја зема за жена, а прашање е дали детето е негово.Ете и ова е можно.