Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
1374298_162166510648738_1218702612_n.jpg

Фотошоп
 
Претпоставувам дека една од причините зошто не ни прикажаа ништо повеќе за судбината на Џеси освен дека излета со автомобилот од нацистичкиот камп е самите да си створиме приказна за неговиот иден живот.

Што мислите како ќе живее Џеси понатаму? Со оглед дека целиот случај е разоткриен и веројатно и тој е баран од полицијата како и Волт, паметно би било да го напушти Њу Мексико, но ако не се лажам Џеси ги нема повеќе парите, кои му беа запленети кога беше уапсен последниот пат. Што значи малце потешко ќе му биде да си обезбеди нов идентитет. Она што сметам дека е малку веројатно е да се врати на стариот начин на живот, не верувам дека повторно би пробал било каква дрога или би сакал да има било што со дрогата. Малото бесно џанкерче замина во историјата, од целиот пекол излезе како зрела, хумана и многу подобра личност.

Моја прогноза е дека ќе се обиде да почне нов обичен мирен живот некаде на истиочниот брег, пробувајќи да најде љубов, фамилија, спокојство и мир, односно се што му недостасуваше досега.
 
Џеси ќе си резба работи од дрво. Ваљда таа сцена беше sneak peak од неговиот иден живот.

А истово важи и за сите останати ликови, сами треба да претпоставиме што се случило со нив.
 

Значи оваа кога ја гледа серијата... Уствари ја гледа во куќата на Волт...Во својата куќаYO DAWG..
--- надополнето: 3 октомври 2013 во 01:06 ---
Џеси ќе си резба работи од дрво. Ваљда таа сцена беше sneak peak од неговиот иден живот.

А истово важи и за сите останати ликови, сами треба да претпоставиме што се случило со нив.

Јас другачие ја толкувам таа сцена. Сцената не потсети како Џеси правел кутии од дрво кога бил помлад и тоа му претставувало голема сатисфакција иако на крајот ги продавал за да купи марихуана. Причината што е вметната таа сцена баш таму е најверојатно поради тоа што продуцентите сакаа да покажат дека дури и во сите срања во кои се наоѓа ради Џек и сите психички и физички малтретирања што ги претрпе, он пак наоѓа барем мала сатисфакција дека го прави она што го сака (готви метамфетамин).
 

Значи оваа кога ја гледа серијата... Уствари ја гледа во куќата на Волт...Во својата куќаYO DAWG..
--- надополнето: 3 октомври 2013 во 01:06 ---


Јас другачие ја толкувам таа сцена. Сцената не потсети како Џеси правел кутии од дрво кога бил помлад и тоа му претставувало голема сатисфакција иако на крајот ги продавал за да купи марихуана. Причината што е вметната таа сцена баш таму е најверојатно поради тоа што продуцентите сакаа да покажат дека дури и во сите срања во кои се наоѓа ради Џек и сите психички и физички малтретирања што ги претрпе, он пак наоѓа барем мала сатисфакција дека го прави она што го сака (готви метамфетамин).

Сцената со резбањето било daydream на amc има квиз за епизодава и имаше прашање "За што daydreams Џеси". Ништо, јас бев убеден дека е тоа дел од иднината негова.
Во секој случај убава сцена беше.
 
Брајан Кренстон ги отфрли шпекулациите дека ќе биде Лекс Лутор и дека планирал да се повлече некој период и да глуми само во театар некое време.

(n) ако е ова точно.

Тоа е „проблемот“ со актериве од серии, ретко се одлучуваат да продолжат со големи проекти и натаму, иако Брајан еве имаше улоги во Argo, Drive, The Lincoln Lawyer итн...

Не знам како овој актер ми беше релативно анонимен до пред Breaking Bad, и на повеќето верувам, на стари (добро 57 има) години дознавме за него. :unsure:

Ќе симнам сеа пак една сезона од Malcolm in the Middle, ви препорачувам и Вам да ја гледате. Не е smart хумор нормално, всушност напротив ретардирано е, но Брајан е уренебесен во улогата сум се превртувал од смеење!


Цар, го обожавам човекот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom