Претпоставувам дека една од причините зошто не ни прикажаа ништо повеќе за судбината на Џеси освен дека излета со автомобилот од нацистичкиот камп е самите да си створиме приказна за неговиот иден живот.
Што мислите како ќе живее Џеси понатаму? Со оглед дека целиот случај е разоткриен и веројатно и тој е баран од полицијата како и Волт, паметно би било да го напушти Њу Мексико, но ако не се лажам Џеси ги нема повеќе парите, кои му беа запленети кога беше уапсен последниот пат. Што значи малце потешко ќе му биде да си обезбеди нов идентитет. Она што сметам дека е малку веројатно е да се врати на стариот начин на живот, не верувам дека повторно би пробал било каква дрога или би сакал да има било што со дрогата. Малото бесно џанкерче замина во историјата, од целиот пекол излезе како зрела, хумана и многу подобра личност.
Моја прогноза е дека ќе се обиде да почне нов обичен мирен живот некаде на истиочниот брег, пробувајќи да најде љубов, фамилија, спокојство и мир, односно се што му недостасуваше досега.