Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување

1385546_1413849002177080_1912877054_n.jpg



:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Малколм беше првата серија која почнав да ја гледам на Фокс Лајв откако ставивме кабловска. И беше ептен јака, одамна ја немам гледано, знам дека кога ја гледав беше циркуси, се газев од смеење, урнебес е серијата. Гледам деновиве сестра ми почнала да ја гледа, и седнав со неа завчера да ја гледам, изгледав 3 епизоди, и кога гледма каква трансформација има Брајан од Малколм во ББ, уште повеќе го респектирам и ценам како глумец. Најак!(y)
 
го видовте ли ова Walter Blanco или Metastasis е латино верзијата на BB, моментално се снима од страна на Univision :eek:

 
Прва сезона- изгледана повторно.

Прекрасно е чуството, прекрасно да се гледа оваа серија, дури и репризно. Уживам максимално и се потсетувам на многу ситници и детали кои сум ги заборавил. Од утре на втора продолжувам.

Офтопик, ми препорачувате да ја почнам во скоро време GOT? Оти првично таа ми беше планирана, BB почнав да ја гледам заради неверојатно добрите критики токму на оваа тема.
 
Само јас мислам дека монологот на Волт со Скајлер не беше искрен ? Сите некако се во фазон "А ! Конечно призна копилето дека за себе го направи ! ", а јас мислам дека Волт го кажа тоа што Скајлер сакаше да го слушне со цел полесно да му прости т.е. колку толку барем да не се обвинува себе си и да може да продолжи понатаму и после Волт.

Дали Волт го правеше тоа ради што се осеќаше повторно жив или заради фамилијата?

Шала на страна со дегенсково видео од секвенца од шпанска реклама или филм, Волт оправдувањето за своите постапки (кои го направија повторо да се осеќа жив) го наоѓаше во тоа што ги направи тие постапки за "доброто" на фамилијата, без разлика што сакала Скајлер да слушне во тој момент, тој не ја излажа ни кога и рече дека го прави за фамилијата ни кога и рече затоа што се осеќал жив.

Иначе веќе 4-ти ден по финалето на серијава, се осеќам како во некој транс, информацијата дека заврши серијава мозоков потсвесно не ми ја процесират и цело време си мислам дека понеделник сабајле ќе требит да си спуштам нова епизода... како да сум изгубил близок пријател кого го чекам на некое место а тој нема да се појави...
 
Да не се заборави (за мене) најдобриот лик во серијава и покрај тоа што драгиот ни админ го носи на аватар.

xmIMOS6.jpg

Да дефинитивно најдобар лик е Гас, штета што заврши така како што заврши, а од друга страна од Волт направија супер херој,настрана нелогичностите.
Подлост на кило кај главниот лик, од подли убиства до непочитување на хиерархија итн.

14 епизода од 5 сезона која е и најдобрата во серијата кога Волт ќе го достигне дното со снименото видео во кој го мести Хенк помислив дека ликов ќе го погребаат и морално и физички, но не типов се враќа и во стил на суперхерој ги ликвидира сите. Ајде да не барам нелогичности, сепак филм е но кога веќе толку морално го деградираа Волт недопустливо е да заврши вака.

Како лик ми се допадна и Мајк, кој што подло од грб беше убиен од страна на Волт. А првично Мајк ја одби соработката, не се сеќавам што точно тогаш му рече на Волт, нешто околу неговата подлост и дека не верува дека може добро да заврши таквата соработка, дека е тоа пат во еден правец, за потоа сепак се предомисли затоа што му требале пари за фамилиите на оние што се во затвор да не прозборат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom