Божино
4815162342
- Член од
- 27 јуни 2007
- Мислења
- 8.606
- Поени од реакции
- 13.304
Настрана тоа што серијава влезе во аналите (го обожавам зборов) на ТВ индустријата како една од најдобрите, најивентивните и најоригиналните серии на сите времиња со најдобрата карактерна трансформација на сите времиња и се останато што веќе кажавте, нешто што мене лично ме импресионира е скокањето од оној амерички шаблон на молзење на потенцијалот на серијата до максимална можна точка. Така, само споредете гледаноста на рандом епизода од 1 сезона и рандом епизода од 5 сезона, невиден скок човече, се до финалето каде достигнува МАКСИМАЛНА гледаност од 10 милиони гледачи, што било незамисливо во првите 3, па и 4 сезони. Само отворете листа на епизоди со гледаност и ќе видите за што зборувам. На најјакото заминуваат, со стил, ала британски. А можеа уште. Комотно. Затоа ќе бидат запамтени како one of the best ever.