Бог може

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
Според Библијата од Египет излегле..
Беа избројани сите Израелци, по татковските домови, од дваесет години и повеќе, сите способни за војна во Израел.
И така, сите избројани беа шест стотини и три илјади пет стотини и педесет.
Броеви1-45,46
Ако се земе в предвид дека се работи само за луѓе способни за војна..бројката би била и нешто повќе од 3 милиони..

Воне..израелците патувал низ пустината 40 години со одредена цел..
 
Ме убеди, признавам....:tapp:

1. Тоа се ФАКТИ и твое НЕВЕРУВАЊЕ.
2. Поопширно? Таман работа-нема ништо да разбереш.

1. Тоа е твојата верба во господ (дека постои).
Мојата верба е дека не постои (или дека постои но не на ваш начин)

Значи и двајцата веруваме.

2. Неможеш да објасниш прашања кои сме ти поставувале во другите теми така да ни овде неможеш.
 
1. Јас верувам во невидливи категории, што е согласно мојата вера-верувам без да видам.

2. Ти веруваш во (наводно) видливи категории, кои тебе лично најчесто не ти се достапни како физички доказ, па апсурд на здравиот разум е да верувам во она кое можам да го видам! Очигледните докази не се докажуваат со „поглед„!

Кога би можел да одговорам на секое поставено прашање, тогаш би бил бог.

Дај, кажи што е тоа што досега е поставено како прашање а не сум го забележал па ќе видиме дали имам одговор за истото.

Пуштај тоа видео-материјалите да учам. Озбилно.

Материјалот се наоѓа снимен на ДВД формат па баш и не ми е познат начинот за тоа како може со софтвер да се „извади“ тој дел од ДВД-то и да се постави на форумов. Ако некој од форумџиите го има то ДВД а може и знае, нека го стори тоа.
 
1. Јас верувам во невидливи категории, што е согласно мојата вера-верувам без да видам.

2. Ти веруваш во (наводно) видливи категории,

Дај, кажи што е тоа што досега е поставено како прашање а не сум го забележал па ќе видиме дали имам одговор за истото.

1. Верувај си ти ако ти е убаво. Никој нема и несака да те спречи.

2. Грешка си многу. Кажав на друг начин верувам и не ми треба религија или да сум длабоко навлезен во неа.

Тоа што не си ми одговорил твоја работа.

Се ќе биде убаво се додека не престанеш да го форсираш Христос.
Не ми пречи тоа но има и луѓе од други религии и со други погледи кон господ.
 
Според Библијата од Египет излегле..
Броеви1-45,46
Ако се земе в предвид дека се работи само за луѓе способни за војна..бројката би била и нешто повќе од 3 милиони..

Воне..израелците патувал низ пустината 40 години со одредена цел..

мислиш истовремено и се спремале нели со помош на нивниот бог и да си ја вратат светата и ветена земја.поточно да ги победат племињата дојденци таму.
 
Воне..израелците патувал низ пустината 40 години со одредена цел..

Можда и имале одредена цел, ама не знаеле кај се наоѓа па затоа лутале и се вртеле во круг:toe:
И кој вика дека израел им бил цел, можда само таму решиле да се скрасат после 40 години па тоа „ветена земја’’ само си го додале во митот.

Оваа бројкава 40 нешто многу е застапена во христијанството за се нешто 40....
 
Целта не била нивна туку на Бог..пошто нон стоп мрмкале и негодувале откако чудесно излегле до Египет и откако секој ден добивале мана и вода во пустината..Бог решил сите до еден(добро освен двајца) од овие да не влезат во ветената земја(Ханаан)..туку да загинат во пустината..а нивните поколенија да го наследат ветеното..овие не биле спремни како што многу од нас не се спремни за ветената земја, па животот си го живееме во духовна пустина..талкаме во круг до самиот крај..ова има и реална и симболичка вредност..
 
Одлично толкување. Рационално и логично. Особено се сложувам со болдот. Нешто немерно не е болдирано. Со тоа не се сложувам.

Приказната е супер. Жестоко е симболична. Поентата, поуката или како сакаш, е од непроценлива важност за секого. За да се запамти таа постои приказната. Приказната не е реална. Тоа го зборуам постојано. Не зборувам за господ или христијанството и неговите принципи. Викам само дека не треба да се чита буквално.

Инаку, Мојсие и онака не е првиот со оваа приказна. Има постари прототипи.
 
А прототипите се реални така?
Претпоставувам дека претходниците се, исто така, мотиви од некој пра-настан кој очигледно бил толку трауматичен за човештвото (или за некој поран вид од нас) што мотивот останал толку длабоко кај луѓето, па сега е присутен насекаде по земјината топка.

А дека бил точно Мојсије, синот на Амрам, носителот на законите, оставен како бебе во кошница на милост на Нил, кој 40 години водел 3 милиони луѓе низ пустина, гладни, жедни и боси, само дека господ им бил љут за златниот бик - у тоа никако не верувам. Не верувам дека е историски. Ни под разно.

Не би бил спремен да тврдам дека потопот или преминување на море во некои извонредни околности се сосем измислени настани, ама рака давам дека приказната е многу редактирана и китена при прераскажувањето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom