Бог може

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
Лорд Драгон, кај ојде твоето „..огромно познавање...„ на историјата? Се претвори во мајтап или го снема преку ноќ!?
А ти, Мики, што викаш ти за овој поход од 33 метри на ден? Или имаш некакво поинакво видување за пред-голготата на израелитите?
 
Состојбата е ваква:

2. Фактите кои ти (можеби!) ќе ги изнесеш, се саде нечии туѓи сознанија, кои тебе лично ти се недостапни и искуствено-личносно непроверливи-во тоа сум итоа како убеден!

И сега, кој овде нејќе нешто да прифати?

По твојата „логика’’ и твоите факти што ти ќе ги изнесеш за сите други се туѓи сознанија, непроверени, дискутабилни и недостапни, со посебен акцент на недостапни, бидејки не секој е како тебе привелигиран со директен линк до „горе’’:vozbud::pos2:
 
Дали може Бог на овој земен свет на некого да му врати ампутиран дел од телото пример нога или рака?
 
Дали може Бог на овој земен свет на некого да му врати ампутиран дел од телото пример нога или рака?

Како бе да му го врати.....
..па нели тој му го зел....:helou:
 
Како бе да му го врати.....
..па нели тој му го зел....:helou:

мала корекција..во рајот ќе има 72 девици,вино доволно...абе ко на филм-ова ја ги бирам и двата раја и исламскио и христијанскио бидејќи логично ниту едниот ниту другиот постојат ирелевантно е што за момент би ги посакал и двата...ама ова 72 девици по ме мава...сеа кип ит риал:vozbud:
 
дефиниција:
Факт е прагматична вистина или изјава која може објективно да се провери и потврди.
Најчести проблеми:
Фактите многу често се мешаат со ставовите, и верувањата, кои се субјективни доживувања на некој феномен. Ставовите и мислењата не подлежат на докажување, од проста причина што не се во објективниот, туку во субјективниот свет на мислителот.

Значи: Ако не може да се провери и потврди надвор од твојата глава - тогаш тоа не е факт - тоа ти е став иили мислење. И не мора да го докажуваш - пошто си е твое. Можеш што сакаш да правиш со него. Ама ако кажеш факт, е тогаш мора да си во состојба да дадеш објективно (описно, практично, докаживо) толкување кое може да се провери.„Фактите“ кои ти ги нудиш се непроверливи, непотврдливи и бараат верување, а не нудат објективно толкување. Затоа не ти се факти. Верувања ти се, ама ти тоа и не пропушташ да го напоменеш. Е, сега, уште зборот факти да си го отстраниш од постовите и све ќе биде ОК и јас нема да ти добацувам ич.

Дали може Бог на овој земен свет на некого да му врати ампутиран дел од телото пример нога или рака?
Секако дека може. ...ама не сака... :)

...некаде по форумов религија прочитав отприлика вака (парафраза):

Ако господ правеше чуда насекаде, луѓето немаше да веруваат во господ пошто ќе беше многу очигледно. Вака, кога не прави чуда ние многу повеќе веруваме во него.

go figure...

мала корекција..во рајот ќе има 72 девици,вино доволно...абе ко на филм-ова ја ги бирам и двата раја и исламскио и христијанскио бидејќи логично ниту едниот ниту другиот постојат ирелевантно е што за момент би ги посакал и двата...ама ова 72 девици по ме мава...сеа кип ит риал:vozbud:
Тоа со девиците е за друг форум, ама сепак, ептен интересно... што ќе прави со 72 девици еден заслужник?!?
Ќе може ли што сака или има некаков ред и кодекс?
Дали тие остануваат девици вечно?
Дали за секој ОК верник има по 72 девици?
Што е ќе стане со душите на сопругите на овие, ако они сеа добијат по 72 девици?
Дали верните и понизни сопруги добиваат некаква слична награда?
Нема ли едните со другите да си имаат проблем?
Од каде 72 пати повеќе девици од верници?
Дали верничките добиваат 72 мушки девици? и зошто не?
Дали девичанството е некоја посебна награда, а ако е, дали е таа поврзана со раздевичувањето на девиците?

Ако се ова прашања за Исламот, ги пишувам тука, пошто за животот во христијанскиот рај и нема некои ветувања, освен „све ќе биде ОК“ (овие биле многу по матрапази и знаеле дека колку помалку знаат луѓето - толку помалку ќе прашуваат - сте приметиле?)
 
А ти, Мики, што викаш ти за овој поход од 33 метри на ден? Или имаш некакво поинакво видување за пред-голготата на израелитите?

Секако дека Црквата има свое видување за тоа долготрајно патување на јудеите од Египет до Ханаанската земја. Но, тоа објаснување не е наменето за рационалисти и статистичари, кои, „..ето видите...„, пресметале дека Израилот дневно поминувал дури 33 метри од синајската пустина...
 
Па нормално дека за нив не е наменето, тоа објаснување е само за наивни и лаковерни....:helou:
 
Дали може Бог на овој земен свет на некого да му врати ампутиран дел од телото пример нога или рака?

Може! За оние кои веруваат, се е можно! Таков е случајот со Св. Јован Дамаскин од 8-от век, кој по молитвите и милоста од Мајката Божја ја бодил „назад„ отсечената рака! А тоа, за тебе, нормално, е саде обична прикаска, така?

Па нормално дека за нив не е наменето, тоа објаснување е само за наивни и лаковерни....:helou:

Не постојат понаивни и полековерни и посклони на манипулации и мајтап, од оние кои не веруваат во Бога , кои веруваат во самите себе. „Модерново„ време и „модерните„ луѓе самите по себе се очигледен доказ за претходно кажаното.
 
Може! За оние кои веруваат, се е можно! Таков е случајот со Св. Јован Дамаскин од 8-от век, кој по молитвите и милоста од Мајката Божја ја бодил „назад„ отсечената рака! А тоа, за тебе, нормално, е саде обична прикаска, така?

Не постојат понаивни и полековерни и посклони на манипулации и мајтап, од оние кои не веруваат во Бога , кои веруваат во самите себе. „Модерново„ време и „модерните„ луѓе самите по себе се очигледен доказ за претходно кажаното.

- Добро бе мики......од толку милиони луге што останале без раце, нозе низ вековите оној твојот горен нашол за сходно само еден да го опраи:pos2:

-тие што неверуваат во самите себе патат од недостаток на личен идентитет, да не речам лабилни личности.
 
Секако дека Црквата има свое видување за тоа долготрајно патување на јудеите од Египет до Ханаанската земја. Но, тоа објаснување не е наменето за рационалисти и статистичари, кои, „..ето видите...„, пресметале дека Израилот дневно поминувал дури 33 метри од синајската пустина...

Јас затоа и се обратив на експерт.

Мене, како лаик во сферата на христијанството, ми е чудна динамиката на ова патување. Затоа побарав од некој кој ја владее рационалата и фактите во врска со овој настан да елаборира како се тоа се случило, зошто толку траело и како е логистички поддржано.

Дел од ова беше нафрлено во воведот на авторката, но, ете, наместо да затвори, тоа отвори многу загадочни прашања на кои, се надевам, ти или Маркус ќе можете да ги одговорите експертски.

3 милиони луѓе, пустина, 40 години, 400 километри и едно море отворено во ширина од 50км во текот на една единствена вечер. Ова се податоците презентирани од колешката.

Држи ли ова вода или нешто не е пренесено како што треба?
 
Лично, немам токму таков податок дека се работи токму за 3 мил. луѓе. Досега таков нешто немам сретнато ни по литетатура, ни по разговори ни на предавања.

Точно е дека се работи за 40 г, неспорно.

Може да се работи за 400 км растојание од Египет до Ханаан (Палестина), тоа не го порекнувам.

Не ми е познато дека Јудеите поминале токму 50 км низ Мртвото Море, но секаке дека Морето го поминале на морски теснец.

А што се однесува до 40-те години, објаснувањето е крајно едноставно:

- Бог му вети на Израилот, преку Мојсеја, дека Израилот/јудеите ќе бидат избавени од Египет. што и се случило, и дека Јудеите треба да се упатат кон Ханаан (Палестина) и таму да стигнат за 40 дена.
- Арно ама, Јудеите набрзо после излегувањето од Египет, ги запоставиле Мојсеевите упатства и го заборавиле Божјото ветување, па повторно се впуштиле во секојдневен живот, заборавајќи од каде излегле и како доскоро живееле. Тоа луксузирање запаѓа дури до идолопоклонство, со познатото лиење на златното теле, кое Јудеите го претворија во свој бог-идол.
- За ова брзо заборавање на Бога и за запаѓањето во идолопоклонство, следува и казаната Божја-јудеите наместо да стигнат во Ханаан за 40 дена, тие запаѓаат во измачувачки бавно движење низ синајската пустина, полна со непосредни опасности од пустински животни а пред се, од гладта која Бог им ја допуштил. Во таква состојба на огревовеност, јудите почесто мирувале отколу што се движеле, така да добар дел од нив и испоумрел што од природна смрт, што од околни опасности.
- Преминот на јудеите преку/низ Мртвото Море, се случува по чудо Божјо, со Мојсеевото посредство. Не е познато колку навистина траело раздвојувањето на Морето, но траело доволно за да можат јудеите да се спасат и да прејдат на Синај.

Постојат снимени видео-материјали, на кои се очигледно остатоци од војнички кочии и оружје од египетските воини, на дното од местото каде јудеите прешле преку Морето.
 
Постојат снимени видео-материјали, на кои се очигледно остатоци од војнички кочии и оружје од египетските воини, на дното од местото каде јудеите прешле преку Морето.

Пуштај тоа видео-материјалите да учам. Озбилно.
 
Постојат снимени видео-материјали, на кои се очигледно остатоци од војнички кочии и оружје од египетските воини, на дното од местото каде јудеите прешле преку Морето.

Па што ако има..не е тоа никаков доказ за наводното преминување.
Можеби се остатоци од некоја потоната египетска воена галија.
Местото на „преминот’’ некој точно го картографирал?
Нели бе тие лутале изгубени во просторот?
 
Абе види, за 1 година минале 10 км, или сосе паузи (од месец-два годишно) минувале по километар месечно, или 33 метри дневно.

Епа за 33 метри дневно, стварно било пекол... ама и многу одмарање, очигледно.

Мислам дека според овие бројки (понудени не од мене, туку од авторката на темава) израелитите имале еден дооолг спооор марш... по некои 50 чекори во просек дневно. Ето. Не е немогуче.

Ако не можеш да го сфатиш, тогаш е божји план. Пошто он живеел многу подолго од нас, а ние не можеме ни со родителите да се разбереме, а камо ли да го разбереме господ. Зато он не тера да правиме такви несфатливи работи, за да се увериме дека он постои и дека има план. Нема везе што не го контаме. Важно е дека он постои.
Затоа нема врска што потфатов на Мојсие е бесмислен, што маките на егзодусот биле неподносливи (40 години по 50 чекори дневно низ пустина, без храна, вода и WC) и што не можеме да ја сфатиме намерата на господ (да не ги телепортира, туку, напротив, да ги измрцвари на 400км пат за 40 години + да ги откачи со едно маестрално отварање на морето, кое, според авторката, било во должина од 5-60 милометри.)

Чекај сакаш да ми каеш дека пошо е постар смее да мрцвари луѓе и да не им каже зошто?
Епа добро ке те земам јас тебе и ќе те влечкам како куче со ланец околу врат, ќе ти речам дека пошо сум постар и не ти кажувам зашо, здраво е да си ја пиеш мочката и да си го јадеш изметот, и ке ти забранам се друго да внесуваш освен тоа, и ке те носам до охрид на одмор, кај шо на плажа ке ти купам еден хамбургер.
Тоа ќе ме направи господ?

@ болд. Зашо да верувам во некој што не би требало според него да се уверувам дека постои. Која е логиката?
Имал план? после 2009 години неговиот план пропаѓа катастрофално, зашто да верувам? Да имаше промени кон подобро, тоаш би верувал, ама пошо нема, си се држам до физиката логиката и психологијата. Со тоа си се држам до реалноста, светот на материја, односно нешто што ПОСТОИ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom