Bodyguard

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.805
Поени од реакции
39.389
Локација
Скопје
Ветив, морам да исполнам!

DrRPNUQWwAAEv1e-1024x416.jpg

Bodyguard е британска ТВ серија креирана и напишана од Џералд (Џед) Меркурио (Line of Duty) и продуцирана од World Productions, дел од ITV Studios за BBC. Истата надвор од Велика Британија (па и кај нас) е дистрибуирана преку Netflix. Првата сезона (и за сега единствена) е прикажана на BBC One во август 2018 и достигнала огромни бројки на гледаност, какви што се незапамтени во multi-channel ерата на BBC. Или поточно - најгледаната програма на BBC од 2008 до сега. Само колку надополнување на тој факт - финалето на серијата го гледале (и тоа само за време на неговата премиера на телевизија) 17 100 000 луѓе! Тоа е рекорд на гледаност на BBC програма во историјата на телевизијата (или барем, откако почнале да ја мерат гледаноста).

Во серијата главните улоги се на Ричард Маден (Роб Старк од Game of Thrones) и Кили Хоус (барем за мене - непозната актерка). Првата сезона има само 6 епизоди, сите полни со тензија и со некој набој каков одамна немам почувствувано во ТВ серија.

Дејството е центрирано околу фиктивниот полицаец Дејвид Бад (Маден), британски воен ветеран од Авганистан кој по враќањето дома страда од Post traumatic stress disorder, болеста која му го растура семејството. Во Британија работи во одделот за физичко обезбедување (???) во лондонската Метрополитен полиција. Подоцна е ангажиран како лично обезбедување (bodyguard) на амбициозната Џулија Монагју (Хоус), амбициозна политичарка која работи како Home Secretary на Велика Британија. Сѐ ќе е во ред, доколку тој не е еден од оние кои ги мразат политиките на личноста која треба да ја штити. А и не е баш единствен, очигледно многумина сакаат да ја тргнат од политичката сцена. Серијата е полна со политички интриги, коментари за инволвираноста на британската влада во незаконски активности како следење на комуникациите и незаконски увид во личните информации, борбите и валканите игри за политичка превласт и добивање моќ, па се до коментари за PTSD и семејството.

Серијата освои и беше номинирана за купишта награди, меѓу кои номинации за ЕМИ за најдобра драмска серија и најдобро сценарио (за првата епизода), потоа номинација за Златен глобус за најдобра драмска серија, а Ричард Маден освои Златен глобус за најдобар актер во драмска серија.

Втората сезона сѐ уште не е официјално потврдена. Меркурио сѐ уште е во разговори со BBC, но во неговите изјави кажува дека ја замислил како серија со 3 или 4 сезони, а BBC не верувам дека ќе се откаже од серија која ги срушила сите рекорди на гледаност. Така, очекуваме наскоро потврда дека е обновена. ;)

Лично, јас бев фрапиран од секоја една епизода. Толку моќна серија, со толку набој кој те држи закован за екранот, и со комплетно изгризани нокти од старт, до финиш, јас одамна не сум гледал. Едвај чекам нова сезона, а до тогаш, најискрена препорака до сите кои не ја ѕирнале, да ја изгледаат. Не мора фала, отпосле. ;)

5bd72ee89e1e116e1c4bbaf5.jpg
 
Предобра серија, очекува 2ра сезона и главната мистерија да се реши :D
 
Ја изгледав кога излезе, ќе ја гледам уште еднаш деновиве, стварно е одлична.
 
Супер е, топ за binge watching во карантинов. Штета што трае кратко само една сезона со 6 епизоди. Те држи во неизвесност од самиот почеток до крај, перфектно сработена. Ме потсети на Condor, доста слична серија, исто и таа има една сезона.

Штета што сеуште нема нова сезона, а од 2018 е веќе. Гледав некои објави низ нет дека можно е да останела само на едната сезона, реално има и таква опција со оглед на крајот кој го имаше сезоната. Сепак има доста шпекулации за втора сезона, иако нема официјална.

Ma'am. :cool:
 
Предобра серија, во еден здив ја изгледав. Сезона 2 мора да има, и ке има, само не се знае кога ке излезе. Одлична глума од Ричард Маден и совршено прикажано како функционира светот на политиката. Единствено ми падна жал за министерката, добра милфица беше :D
 
Ветив, морам да исполнам!

Прегледај го приврзокот 248955

Bodyguard е британска ТВ серија креирана и напишана од Џералд (Џед) Меркурио (Line of Duty) и продуцирана од World Productions, дел од ITV Studios за BBC. Истата надвор од Велика Британија (па и кај нас) е дистрибуирана преку Netflix. Првата сезона (и за сега единствена) е прикажана на BBC One во август 2018 и достигнала огромни бројки на гледаност, какви што се незапамтени во multi-channel ерата на BBC. Или поточно - најгледаната програма на BBC од 2008 до сега. Само колку надополнување на тој факт - финалето на серијата го гледале (и тоа само за време на неговата премиера на телевизија) 17 100 000 луѓе! Тоа е рекорд на гледаност на BBC програма во историјата на телевизијата (или барем, откако почнале да ја мерат гледаноста).

Во серијата главните улоги се на Ричард Маден (Роб Старк од Game of Thrones) и Кили Хоус (барем за мене - непозната актерка). Првата сезона има само 6 епизоди, сите полни со тензија и со некој набој каков одамна немам почувствувано во ТВ серија.

Дејството е центрирано околу фиктивниот полицаец Дејвид Бад (Маден), британски воен ветеран од Авганистан кој по враќањето дома страда од Post traumatic stress disorder, болеста која му го растура семејството. Во Британија работи во одделот за физичко обезбедување (???) во лондонската Метрополитен полиција. Подоцна е ангажиран како лично обезбедување (bodyguard) на амбициозната Џулија Монагју (Хоус), амбициозна политичарка која работи како Home Secretary на Велика Британија. Сѐ ќе е во ред, доколку тој не е еден од оние кои ги мразат политиките на личноста која треба да ја штити. А и не е баш единствен, очигледно многумина сакаат да ја тргнат од политичката сцена. Серијата е полна со политички интриги, коментари за инволвираноста на британската влада во незаконски активности како следење на комуникациите и незаконски увид во личните информации, борбите и валканите игри за политичка превласт и добивање моќ, па се до коментари за PTSD и семејството.

Серијата освои и беше номинирана за купишта награди, меѓу кои номинации за ЕМИ за најдобра драмска серија и најдобро сценарио (за првата епизода), потоа номинација за Златен глобус за најдобра драмска серија, а Ричард Маден освои Златен глобус за најдобар актер во драмска серија.

Втората сезона сѐ уште не е официјално потврдена. Меркурио сѐ уште е во разговори со BBC, но во неговите изјави кажува дека ја замислил како серија со 3 или 4 сезони, а BBC не верувам дека ќе се откаже од серија која ги срушила сите рекорди на гледаност. Така, очекуваме наскоро потврда дека е обновена. ;)

Лично, јас бев фрапиран од секоја една епизода. Толку моќна серија, со толку набој кој те држи закован за екранот, и со комплетно изгризани нокти од старт, до финиш, јас одамна не сум гледал. Едвај чекам нова сезона, а до тогаш, најискрена препорака до сите кои не ја ѕирнале, да ја изгледаат. Не мора фала, отпосле. ;)

Прегледај го приврзокот 248954
Кили Хоус ја знам од Line of Duty (Надлежност, ја имаше на МаксТВ во видеотеките), значи ликот што го игра ми беше впечатлив, одбивен, одвратен, што значи дека одлично си ја сработила работата, јас одаамна немав такво чуство кон лик во серија или филм.

Како што пиша овие две серии се креирани од Џед Меркјурио, и двете се одлични во поглед на продукција, приказна, глума, кастинг... мене баш ме изненадија и двете, посебно Line of Duty бидејќи има повеќе сезони а со самото тоа треба многу повеќе напор за да остане релевантна.

Line of Duty е серија за тоа како работи внатрешната полиција, значи единицата која им дише во врат на полицијата за да не го пречекоруваат/злоупотребуваат законот додека се на должност.
 
Ја гледав серијава пред некој ден, одлична е...
можеби не требаше да ја скинат толку брзо Ј(џ)улија, одлична глумица, штета да не ја гледаме во нова сезона.
По она што видов, серијава е обновена за втора сезона, но таа би излегла некаде 2023-2024.
 
Последно уредено:
@Zlatikevichius, вреди да се изгледа само едната сезона што е излезена? Како што гледам нема да има втора...
 
И тоа како вреди! Реално, на некој начин дејството е заокружено, иако оставија простор за маневрирање и понатаму, па така можеби и подобро да нема втора сезона.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom