- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.790
- Поени од реакции
- 33.595
Ветив, морам да исполнам!
Bodyguard е британска ТВ серија креирана и напишана од Џералд (Џед) Меркурио (Line of Duty) и продуцирана од World Productions, дел од ITV Studios за BBC. Истата надвор од Велика Британија (па и кај нас) е дистрибуирана преку Netflix. Првата сезона (и за сега единствена) е прикажана на BBC One во август 2018 и достигнала огромни бројки на гледаност, какви што се незапамтени во multi-channel ерата на BBC. Или поточно - најгледаната програма на BBC од 2008 до сега. Само колку надополнување на тој факт - финалето на серијата го гледале (и тоа само за време на неговата премиера на телевизија) 17 100 000 луѓе! Тоа е рекорд на гледаност на BBC програма во историјата на телевизијата (или барем, откако почнале да ја мерат гледаноста).
Во серијата главните улоги се на Ричард Маден (Роб Старк од Game of Thrones) и Кили Хоус (барем за мене - непозната актерка). Првата сезона има само 6 епизоди, сите полни со тензија и со некој набој каков одамна немам почувствувано во ТВ серија.
Дејството е центрирано околу фиктивниот полицаец Дејвид Бад (Маден), британски воен ветеран од Авганистан кој по враќањето дома страда од Post traumatic stress disorder, болеста која му го растура семејството. Во Британија работи во одделот за физичко обезбедување (???) во лондонската Метрополитен полиција. Подоцна е ангажиран како лично обезбедување (bodyguard) на амбициозната Џулија Монагју (Хоус), амбициозна политичарка која работи како Home Secretary на Велика Британија. Сѐ ќе е во ред, доколку тој не е еден од оние кои ги мразат политиките на личноста која треба да ја штити. А и не е баш единствен, очигледно многумина сакаат да ја тргнат од политичката сцена. Серијата е полна со политички интриги, коментари за инволвираноста на британската влада во незаконски активности како следење на комуникациите и незаконски увид во личните информации, борбите и валканите игри за политичка превласт и добивање моќ, па се до коментари за PTSD и семејството.
Серијата освои и беше номинирана за купишта награди, меѓу кои номинации за ЕМИ за најдобра драмска серија и најдобро сценарио (за првата епизода), потоа номинација за Златен глобус за најдобра драмска серија, а Ричард Маден освои Златен глобус за најдобар актер во драмска серија.
Втората сезона сѐ уште не е официјално потврдена. Меркурио сѐ уште е во разговори со BBC, но во неговите изјави кажува дека ја замислил како серија со 3 или 4 сезони, а BBC не верувам дека ќе се откаже од серија која ги срушила сите рекорди на гледаност. Така, очекуваме наскоро потврда дека е обновена.
Лично, јас бев фрапиран од секоја една епизода. Толку моќна серија, со толку набој кој те држи закован за екранот, и со комплетно изгризани нокти од старт, до финиш, јас одамна не сум гледал. Едвај чекам нова сезона, а до тогаш, најискрена препорака до сите кои не ја ѕирнале, да ја изгледаат. Не мора фала, отпосле.