Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Што мајка бараше да го споделиш сајтов као наркоман сум на вакви сајтови сеа цела кредитна ќе ја искурцам тука......

Без заебанција сеа фала стварно незнам како не сум слушнал за странава досеа а и цениве се ептен добри.
sto vi se tolku dobri cenive ? o_O:eek:
 
Остајте ги тие работи него некој што има пробано Serious Mass нешто да кажи за него вкус ефект и така натаму
Вкусот од чоколадо е мњам мњам, посебно ако го мешаш со млеко :)
За килажа, јас пиев по една доза (препорачани се две од ON), која има околу 650-700 калории, но јадев плус уште 5-6 пати во денот и качив неколку кила, од 86-91 за еден месец или така нешто...
 
Килажата не проблем битно е да се познава а иначе немам проблем јас со качење на маса но сепак се нема време па алтернатива е шејкот
 
Добро познавање на хемија,искористување на генетиката негова и секако давање добар совет за исхрана и вежбање.
Ова попросто кажа би било, Искуство и Наука, или на времето немаше гугул па од каде наукава :D
 
А може ли некој да ми каже дали би ми било премногу суплементи,следнава комбинација-креатин сабајле 5 гр,muscleprime доза пред тренинг,после тренинг 5 грама креатин+доза протеин,и од сабајле и пред тренинг л-карнитине ? Со средена исхрана,вежбам теретана 3 години,исто толку и џит кун до,суплементи имам пиено прилично многу,но никогаш повеќе од 2 вида...

muslce prime би го пиел пред теретана само(3 пати неделно) а останатово секој ден,како што напишав...
 
Ова попросто кажа би било, Искуство и Наука, или на времето немаше гугул па од каде наукава :D
Искуство,науката нема сеуште допрено до тој степен да се замара за дали генетски си предиспозиран за бодибилдер.
Може за некој спорт,но бодибилдингот е уникатен во смисла како што кажав во видеово бара да качуваш брзо мускулна маса и да намалуваш брзо масти без губиток на мускули.
 
Во квиз емисии, обично после погрешен одговор иде тон БИИИИИИП. Како во случајот. Какво искуство какви бакрачи кога се работи со лекови кои се применуваат во медицината??? Никому не посакувам ниту препорачувам да го следат твојот пример, на база на искуство на себе или на било кој друг да доаѓаат до решенија екпериментирајки.
 
Да а луѓето во 60-те што вежбале со цело тело и добивале феноменални градби и тие експериментирале?
http://www.iron-age-classic-bodybuilding.com/steve_reeves_workout.html
Steve_Reeves_Arms_Raised2.JPG
 
Стеф, ги имам изгледано вечиномта едукативни видеа кои ги имаш презентирано. Многу ми помогнаа да се осознаам себеси како бодибилдер, да се хранам правилно (а евтино) и да ги остварам посакуваните резултати. Пошто знам дека си многу зафатен, ме интересира кој друг освен тебе го сочинува тимот Атлетикс? Би сакал и со некој член од твојот тим да се консултирам околу оптимизирање на програма за аугментација на мускулна маса. Фала!
 
Сега сум моментално сам,планирам како што ми иде знаењето и прогресот така да го проширам и проспектот.
Во план ми е да земам цертификат од реномирана институција за личен тренер.
Ми фалат пари за тоа,но сепак не се давам.
Ако нешто те интересира конкретно пиши ми во инбокс.
 
Искуство,науката нема сеуште допрено до тој степен да се замара за дали генетски си предиспозиран за бодибилдер.
Може за некој спорт,но бодибилдингот е уникатен во смисла како што кажав во видеово бара да качуваш брзо мускулна маса и да намалуваш брзо масти без губиток на мускули.
Не се согласувам со тебе дека кога ќе престанеш со лековите се губат мускулите
 
Тоа е твое мислење.
Кога нема анаболици нема толку многу рецептори и протеинската синтеза е директирана од колку тестостерон имаш природно.
 
dali znaete nekoj bugarski sajt za suplementi sto vrsat isporaka ?
 
Да а луѓето во 60-те што вежбале со цело тело и добивале феноменални градби и тие експериментирале?
http://www.iron-age-classic-bodybuilding.com/steve_reeves_workout.html
Steve_Reeves_Arms_Raised2.JPG

Очигледно дека не знаеш во кој век живееш и која е разликата помеѓу баткава кој го постираш и денешните билдери. Експериметни се вршат со цел да се осознаат сите тие лекови кои се пласираат напзар како делуваат и што предизвикуваат. Тоа што спортистите ги употребуваат нема врска со експериметирање, него со примена на тоа што е веќе сработено, со доза на ризик предизвикан од остварување на целта која ја зацртале. Значи, нема ништо што не е на научна основа, само има луѓе кои така си мислат од причина што појма немаат, како тебе на пример, во таа област. Хормон за раст се користи уште од времето на Арнолд.

Тоа е твое мислење.
Кога нема анаболици нема толку многу рецептори и протеинската синтеза е директирана од колку тестостерон имаш природно.

Оној кој со помош на лекови стигнал до одредена степен на развој и форма, кога ќе престане со нивна употреба губи дел од стекнатото. Но, доколку и натаму продолжи со интензивни тренинзи, правилен начин на исхрана и суплементација, секојпат ќе биде чекор пред оние кои се цел живот на природна база и не пробале лекови. Формата на Кевин Леврон, стекната наводно без користење на лекови после долги години како еден од најдобрите светски про билдери, сто години да вежбаш нема да ја постигнеш на природен начин. Па и Баба Рада да ти е роднина. Слободно можеш да ја споредиш неговата форма со формата на Стив Ривс кој си го поставил истотака ( и кој истотака не е 100% натурал) па ќе видиш дека Стив е атлетичар за типов кој живее во друго време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom