Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
:D

Прашав, учтиво, не ми е за чет. Знам неколку вежби за рамо, но не би било на одмет и ако научам уште некоја од форум :), нели?
Нели постои опција да си пишеш на гугл shoulder exercises и фино лепо да си бираш од листа како оваа наместо тука да чекаш да ти пишат некоја магична вежба за поголеми рамења? Зошто второво го нема.

Едино ако ти беше целта да покренеш дискусија иако воопшто не изгледаше така. Енивеј, кога веќе сме таму, мислење за behind-the-neck вертикални пресови од членови? Искуства, болки, проблеми со рамото после екстензивно користење на вежбата?
 
На smith машина ја играм у задње време 3x5 со релативно големки килажи, и морам да кажам дека е многу подбро него ли само потрпен со барбел да ја правиш. Знам дека порано на вториов начин ми правеше проблеми и болки во ротаторите (?), на smith е многу боље.
 
@garthok како што кажаа не мора да си потпрен ама со потешки тегови станува неудобно. Ако сакаш без да си потпрен оваа е подобра: Barbell Military Press
Јас оваа вежба ја правам од време на време во теретаната кај што одам само си чиста шипка, првин доле, па на гради, па горе, па на гради... финтата е 3x10 така нешто, на сред серија ќинат рамењата (вака личи едноставно но..) фала на сите.
 
Нели постои опција да си пишеш на гугл shoulder exercises и фино лепо да си бираш од листа како оваа наместо тука да чекаш да ти пишат некоја магична вежба за поголеми рамења? Зошто второво го нема.

Едино ако ти беше целта да покренеш дискусија иако воопшто не изгледаше така. Енивеј, кога веќе сме таму, мислење за behind-the-neck вертикални пресови од членови? Искуства, болки, проблеми со рамото после екстензивно користење на вежбата?

Ова е исто ко да ме захејта некој на школо и дури ако си купам кифла од форна, да дојди да ме ишлака коа демек сум му ја купил последната кифла и нема што да јаде тој. :(

Али од друга страна, ми чини ќе пишам и престани веќе да тераш офтопик, ако сакаш занимација пиши ми во ПП.
 
скар
 
Енивеј, кога веќе сме таму, мислење за behind-the-neck вертикални пресови од членови? Искуства, болки, проблеми со рамото после екстензивно користење на вежбата?

Има ли некој позначаен бенефит во потисок за рамо позади глава наспроти варијантата од напред?
 
Има ли некој позначаен бенефит во потисок за рамо позади глава наспроти варијантата од напред?

Геналното мислење што е застапено низ фитнес комјунитито е дека се става премногу напор на стабилизаторите и на (лигамент) што е лоциран на горниот дел од рамото. Конкретно лигаментот се "гребе" меѓу коските и по некое време може да дојде до кинење, што нели како што знаеме е лоша работа. Бонусот на вежбата е поголема активација на рамото, слично како кај бенчање со лактите поставени на 90 степени од торсото. Иако има подобра активација на градите рамото и тука ич не го сака движењето.

Лично еднаш имам само пробано на загревање и воопшто не ми се допадна болката што ми се јави во рамото па си продолжив по старо ама имам гледано типци кај мене во теретана што со многу поголеми тежини навидум безболно го прават (for the record, користат стероиди иако незнам колку менува тоа).
 
Има ли некој позначаен бенефит во потисок за рамо позади глава наспроти варијантата од напред?
Нема значаен бенефит, некој можат да ја изведуваат а некој не. Така да генерално е ствар на преференца, јас ја правам со шипка позади глава.
Мускулната активација при двете вежби е скоро идентична, со тоа што држењето на шипката пред главата ти ги става лактите пред шипката и ти овозможува поефективно користење на антериорниот (преден) делтоид а стабилизацијата при ексцентричниот дел од движењето претежно ја врши латисимус дорси, десцедентен дел од трапезот и има мала активација на задното рамо.
Држењето на шипката позади главата ти ги става лактите во линија со/малку зад рамењата и поради тоа може кај некој луѓе да се јави проблем во зглобот поради поставеноста на коските во истиот.
И претерана ротација на плешки е ист тип на проблем кои се јавува баш од истата поставеност, со што плешките при спуштање на шипката се доближуваат премногу а тоа не е воопшто пријатно.
Што се однесува до мускулите, делот на стабилизација минимално се разликува со тоа што повертикалната положба на грбот условува поголема активација на средишниот и долниот дел на грбот отколку латовите. Задниот дел од рамото е за нијанса поактивен во ексцентричниот дел но не доволно за да се замараш да ја правиш ако не ти е удобна.
 
Има ли некој што има порачано Pull Up Bar од Ebay и како е задоволен ?
 
Има ли некој што има порачано Pull Up Bar од Ebay и како е задоволен ?

Имаш на BidiFit такво за 1000 денари, јас го имам негде 3 години и топ е. Само тие сунѓерите од страна се подискинаа ама ги обмотав со селотејп, можда и јас сум крив за тоа зашто на предебел ѕид го закачував.
 
А стабилно е на врата кога ќе го ставиш за згибови ? јас се мислев од ибеј да порачам ама сум немал искуство до сега и незнам дали ќе стои стабилно на врата
 
А стабилно е на врата кога ќе го ставиш за згибови ? јас се мислев од ибеј да порачам ама сум немал искуство до сега и незнам дали ќе стои стабилно на врата

Многу е стабилно, притиска од едната страна на ѕидот од другата страна на рамката од вратата. Што потежок си тоа повеќе притиска. Да се разбереме збориме за вакво нешто, a ако сакаш вакво да нарачаш тогаш не си ги троши парите зашто тоа е тешко ѓубре.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom