Дискусија за анаболици е забранета на подфорумов, затоа не очекувај да ти каже некој (освен по приватна порака) како да го користиш и дали ќе ти помогне.
Мое мислење е дека не вреди да си го ставаш здравјето во потенцијална опасност за 2-3 згиба плус.
Тоа што веќе неможеш да правиш колку што си правел во минатото индицира на замор на централниот нервен систем.
Значи одмори два - три (без никаков тренинг) и дозволи му на телото комплетно да се регенерира и јас ти гарантирам дека по тој одмор ќе се осеќаш физички многу поспремен одколку да продожиш со исто темпо и да ја влошиш сегашната ситуација.
Патем, среди си ја и исхраната. Внесувај доволно макронутрентни (јаглехидрати, масти, протеини) за телото да биде константно снабдено со енергија.
Ви благодарам за одговорот ке пробам да се одморам неколку дена па повторно ќе почнам со тренинг, но ме загрижува тоа што временски сум ограничен.