Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Досега не сум правел супер сетови, а планирам да почнам некаде накај петок, па да ве прашам што мислите за комбинацијата на мускулните групи:

1. гради/грб
2. бицепс/трицепс
3. рамо/нозе

Јас би ги ставил нозете помеѓу 1 и 2, а рамото со бицепс и трицепс, гради и грб е моќна комбинација
 
Ako moze nekoj da pomogne :D trening za ramo kolku vezbi da praam neznam tocno mi rekoa nekoj po 2 za sekoj del od ramoto edni 3 nekoj od poiskusnive da pomogne fala odnapred

3-4 вежби за рамо се сосема доволни за рамо, без разлика дали си почетник или искусен кревач.
Повеќе ако правиш - ќе го прегориш рамото, а можеш и да си повредиш зглоб.
 
не се согласувам со ова колку и да ме убедува било кој. Најголем напредок осетив за рамо кога правев 6 вежби по 2 за секој дел од рамото вклучено во нив супер серии и дроп серии и по 4 серии од секоја вежба. Околу 80минути ме фаќаше цел тренинг за рамо али имав страшен напредок.
 
Во пракса, се е индивидуализирано во однос на вежбање, ама рамо кај просечен човек неможе да го поднесе теретот - што како мускул, што како зглоб, за повеќе од 3-4 активни вежби со отпор .
Со оглед на тоа што рамото е под стрес при голем број на вежби (скоро сите вежби за гради, мртво кревање, close grip bench press , итн ) дополнително оптоварување не му е во прилог.
Затоa школски си се препорачува по 3-4 , за превенирање на повреда, понатаму кога веќе ќе стане тој што прашува сериозен вежбач - сам ќе знае дали да го покачи волуменот или интензитетот на вежбањето .
 
Зошто толку многу ми пукаат зглобовите кога вежбам ? особено левата рака,има ли некакво чаре ? можеби ми фали некој витамин или за друго станува збор ?
 
Истиот проблем го имав, прочитај неколку страни поназад Orion. ми има дадено совет.
 
Дај линк ако сакаш или пак пиши тоа што ти пишале по што неможам да најдам
 
Почетник сум со теретана . Не ми е целта да правам големи мускули, туку да симнам 7-8 килограми и малце да се зацврстам . Што ми препорачувате:​
да одам 3 пати неделно да кревам тегови и после уште еден/два дена само за кардио вежби , или наместо посебни денови за кардио, да одвојувам по 20тина минути за кардио пред/после секој тренинг во деновите кога ќе идам да кревам тегови ?​
 
После тежински прај си 20-30 минути кардио,и пред се среди малце исхрана и ќе дојдат резултатите.Барем тој концепт мене ми помогна пред 3-4 години.
 
Почетник сум со теретана . Не ми е целта да правам големи мускули, туку да симнам 7-8 килограми и малце да се зацврстам . Што ми препорачувате:​
да одам 3 пати неделно да кревам тегови и после уште еден/два дена само за кардио вежби , или наместо посебни денови за кардио, да одвојувам по 20тина минути за кардио пред/после секој тренинг во деновите кога ќе идам да кревам тегови ?​

Првично , исхраната среди ја, ама фати си го тоа сериозно и расчитај се малце по форумов на таа тема за резултати да имаш во најбрз можен рок.
Кардиото - како ти одговара, има различни мислења од различни студии - некој викаат после тренинг побрзо се гореле масти - други велат во посебни денови, ама како и да е скоро идентични резултати ќе имаш и од едното и од другото.

Најдобар совет што некој може да ти го даде во моментов е само да не се откажуваш, резултатите ќе си дојдат.
 
Почетник сум со теретана . Не ми е целта да правам големи мускули, туку да симнам 7-8 килограми и малце да се зацврстам . Што ми препорачувате:​
да одам 3 пати неделно да кревам тегови и после уште еден/два дена само за кардио вежби , или наместо посебни денови за кардио, да одвојувам по 20тина минути за кардио пред/после секој тренинг во деновите кога ќе идам да кревам тегови ?​
Кардиото најдобро да се одели што подалеку од тежинскиот тренинг ако целта ти е да задржиш што повеќе мускулатура и сила. Но за почетник од толкава посветеност нема потреба така да стави го кога тебе најмногу ти се прави, битно е да го завршиш.
 
Здраво форумџии.Малце е оф топик прашањево но ме интересира дали дианаболот би ми помогнал во брзо покачување на силата, односно потребно ми е да можам да донаправам уште 2, 3 згиба на вратило+ но временски сум ограничен(имам само 6 дена време почнувајќи од денес)а можам само 7-8.Осеќам голем замор бидејќи сум изложен и на други физички ативности како напорно трчање,склекови,стомачни па така и бројот на згибови што можев да го постигнам драстично се намали.Исто ме интересира времето на детекција на дианаболот при пократко дозирање,знам дека при стандард шема од 4-6 недели е 5-6 недели.Во спротивно дали некој pre workout суплемент би ми помогнал во случајов?Ако знае некој што искусил динабол или некој др суплемент, стимуланс па му помогнал нека каже . :)
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 12:46 ---

Дискусија за анаболици е забранета на подфорумов, затоа не очекувај да ти каже некој (освен по приватна порака) како да го користиш и дали ќе ти помогне.

Мое мислење е дека не вреди да си го ставаш здравјето во потенцијална опасност за 2-3 згиба плус.

Тоа што веќе неможеш да правиш колку што си правел во минатото индицира на замор на централниот нервен систем.

Значи одмори два - три (без никаков тренинг) и дозволи му на телото комплетно да се регенерира и јас ти гарантирам дека по тој одмор ќе се осеќаш физички многу поспремен одколку да продожиш со исто темпо и да ја влошиш сегашната ситуација.

Патем, среди си ја и исхраната. Внесувај доволно макронутрентни (јаглехидрати, масти, протеини) за телото да биде константно снабдено со енергија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom