Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Кај може да се најдат ластици за вежбање во Скопје,колку чинат и дали имаат ефекти кај почетници?
 
Има тема ама тука ќе прашам во врска со стомачните,знам дека не треба секој ден да се прават,секој втор ден најубаво..е сега правам 15-20 минути дневно..Може ли на пример да правам 2-3 пати дневно по 15 мин,дали е добро или не..а послем да одмарам 48 саати..?
 
Види, ова е мое искуство и не го земај за правило. Јас правам 4 серии по 20 за долен дел на абдомен и 4 серии по 30-35 за горен дел, секој втор ден. Ова збориме за тренинг и за одржавање на сила. Инаку, мислам дека 3-4 серии од двата дела, горен и долен дел на абдомен, до отказ треба да правиш ако целта ти е дефиниција итн.
А кога правам серии за горен дел на стомак, ги правам право, лево и десно за да ги опфатам сите абдоминални делови.

Пак ќе повторам, ова е моја пракса и не ја земај за репер, но сметам дека нема да погрешиш ако ја правиш. Истотака практикувам и planks (не знам точен назив на македонски) од време на време, за издржливост.
 
Има тема ама тука ќе прашам во врска со стомачните,знам дека не треба секој ден да се прават,секој втор ден најубаво..е сега правам 15-20 минути дневно..Може ли на пример да правам 2-3 пати дневно по 15 мин,дали е добро или не..а послем да одмарам 48 саати..?

Изгурај ја еднаш на 2 дена целата програма (или колку имаш сила) од п90х за стомачни "Ab ripper X" мислам дека се викаше доста е ефикасна за домашни услови. Исто имај на ум дека додека не го симнеш салото врз стомачните нема да се познава никаков ефект од вежбањето.
 
Пробувам по п90х,али многу тешко ми иде,едвај до пола држам..али постепено ја зголемувам кондицијата.. а добро ли би било да се користи и тежина,тег 10 кг на пример.?
 
Не би те советувал уште сега да користиш тег во правењето стомачни,може да дојде до ширење на половината поради растот на стомачните мускули и да се изгуби на пропорција(естетски изглед),а ти претпоставувам си почетник по твоите постови на подфорумов и поради тоа имаш доста време додека да треба да почнеш да користиш тежина при правење на истите
 
За стомачни, прво скини сало да видиш во каква состојба ти се и не треба секој тренинг да се вежбаат, и тие се мускул како и сите останати зато и треба да се третираат исто, доволно е 2-3 вежби еднаш сила два пати неделно.
 
Пробувам по п90х,али многу тешко ми иде,едвај до пола држам..али постепено ја зголемувам кондицијата.. а добро ли би било да се користи и тежина,тег 10 кг на пример.?

Како што сеќавам они прават по 25повторувања од секоја вежба. Ако ти е премногу тешко, прави по 10, па 15, па 20 зголемувај постепено додека не стекнеш кондиција. И јас на почетокот не можев целосно да ја истерам но за месец дена ја совладав програмата. Инаку не ти треба тежини за почеток, јас со тежини ги вежбам само обликвусите и тоа пред се затоа што сакам да го засилам јадрото на телото.
 
Колку серии правите вкупно во еден тренинг и колку мислите дека е оптимално?
 
Мали мускулни групи од 8 до 12,големи од 14 до 18, по потреба грб некогаш и 20 затоа што му треба работа од повеќе агли,секако овие бројки важат само ако зборуваме за волуменски тренинг со одмор од 1мин и 15 сек помеѓу серии и 1мин и 30-45сек помеѓу вежби
 
Вака нешто правев и јас, но мислам дека е премногу волумен за еден тренинг, сега почнав со програма 12 серии за големи групи и 6-8 за мали затоа прашувам вие како вежбате.
 
Вчера почина Sergio. RIP
images
 
Вака нешто правев и јас, но мислам дека е премногу волумен за еден тренинг, сега почнав со програма 12 серии за големи групи и 6-8 за мали затоа прашувам вие како вежбате.

Имаш право,но ако ги распоредиш мускулните групи на одреден начин испаѓа многу полесно.Пример во ист ден вежбам(понеделник) гради,предно рамо и трицепс,е сега пошто сите тие 3 мускулни групи си помагаат една со друга правам околу 16-17 серии за гради,3-4 предно рамо и 8-9 за трицепс,вака распоредени се на се ќе ти требаат околу 50-55мин преку сила за да го завршиш тренингот,и секако овој начин ми е подесен за мои способности,потреби и цели
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom