deXterche
тадаммм
Јас еден период имав проблеми со притисокот, ми се погоди стресна цела година, бев потежок 14-15кг од нормалното и неправилно се хранев. Бев и на лекар ми дадоа само апчиња за смирување ама не ги примав, нејќам да се навлекувам на такви лања од сега па решив драстично да сменам живот. Средив исхрана, почнав со кардио прво, строго пешачење по саат ипол, па почнав тежински тренинзи и да не се урочам ми се среди притисокот и целата физичка состојба.Дали некој може да ми одговори, но само ако имал искуство со ова, да има висок крвен притисок и притоа да може да вежба во теретана, да џогира да прави напорни тренинзи и слично.
Прашувам затоа што сум во заблуда, налетувам цело време на поделени мислења и незнам во што да верувам.
Незнам каква ти е состојбата, но ако немаш проблеми со срцето, ти препорачувам да средиш исхрана и да почнеш со лесни кардио тренинзи

