Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Дали ќе менува нешто
јадам 3 јајца цели + 200мл млеко пред спиење во 11 саатот да ги заменам со 100гр соја шницли од виталија има околу 52 грама протеин во тие така пишува во составот.
поздрав

можда ќе ми сметаат жолчките и млекото во чистење... но ако не чини сојата да си јадам ко што си јадев

многу ми е чудно зошто сојата толку е евтина, дали е убав протеин или нешто безвезе ме интересира и за колку време се абсорбира. поздрав
 
ај едно прашање...дали занете некој нутриционист односно фитнес тренер со познавање и консултации за исхраната... и отприлика која е цената поздрав
Мој совет не ги давај за џабе парите на нутриционист, со малце повеќе истражување и барање на интернет ќе ги најдеш потребните податоци и целта која си ја имаш поставено ќе биде на чекор поблиску.
 
имам и прочитано доста и барано нет и се тоа и пробано..ама иам еден проблем кој не можам да го решам никако=држам многу вода поткожна вода и целата форма за 2 год вежбање ми ја уништува...а ми остануваат некаде околу 5-6 недели од чистење така да морам да најдам нешто такво :D
 
Дали ќе менува нешто
јадам 3 јајца цели + 200мл млеко пред спиење во 11 саатот да ги заменам со 100гр соја шницли од виталија има околу 52 грама протеин во тие така пишува во составот.
поздрав

можда ќе ми сметаат жолчките и млекото во чистење... но ако не чини сојата да си јадам ко што си јадев

многу ми е чудно зошто сојата толку е евтина, дали е убав протеин или нешто безвезе ме интересира и за колку време се абсорбира. поздрав
Сојата не е добра за мажите пошто помага со лачењето на естроген...just saying.
 
имам и прочитано доста и барано нет и се тоа и пробано..ама иам еден проблем кој не можам да го решам никако=држам многу вода поткожна вода и целата форма за 2 год вежбање ми ја уништува...а ми остануваат некаде околу 5-6 недели од чистење така да морам да најдам нешто такво :D

Не знам колку си мотивиран, но ако се заинатиш да прекинеш да јадеш сол и да пиеш повеќе вода, проблемот ќе го снема.

И да, под сол не се подразбира само бела сол да ставаш во храната туку да избегнуваш и други продукти кои содржат содиум (на пример конзервиран зеленчук, преработено месо, чипсови, сирења, дресинзи за салати и сл.)

Од кога ќе го направиш сето ова, можеш да пробаш и со сауна. Ќе земеш со тебе поголема количина вода, и на секои 5-10 минути ќе пиеш. На почеток потта ќе ти биде солена, потоа ќе ти стане блага, тогаш можеш да излезеш. Пробај и вака неколку пати, секако ако ти се даваат пари. Ако не, само скини ја солта, гарантирано ќе си отиде поткожната вода.
 
Дали ќе менува нешто
јадам 3 јајца цели + 200мл млеко пред спиење во 11 саатот да ги заменам со 100гр соја шницли од виталија има околу 52 грама протеин во тие така пишува во составот.
поздрав
можда ќе ми сметаат жолчките и млекото во чистење... но ако не чини сојата да си јадам ко што си јадев
многу ми е чудно зошто сојата толку е евтина, дали е убав протеин или нешто безвезе ме интересира и за колку време се абсорбира. поздрав

Ниеден извор на протеин не е толку богат со протеин како што се месото, рибата, јајцата и обезмастеното младо сирење - изварка.
Белки навечер е топ, меѓутоа цели јајца не баш, во едно јајце цело има 5гр масти, 3 јајца се 15гр масти + млеко што пиеш мислам дека се премногу масти за пред спиење.
Сојата содржи многу јаглени хидрати покрај протеинот, така што не е баш најпогодна за пред спиење.
Моја препорака за пред спиење: во еден длабок тањир ќе исецкаш 4 белки, 1 цело јајце, марула или зелка ситно исецкана, малку кромид, лажица сенф и малку лимон ќе исцедиш. - супер оброк.

Пред спиење час-два треба да се избегнуваат оброци со големо ниво на јаглени хидрати или масти.
Максимум 30гр јаглени хидрати и тоа да доаѓаат од здрави извори, како што е зеленчукот.
--- надополнето: 20 април 2012 во 12:51 ---
имам и прочитано доста и барано нет и се тоа и пробано..ама иам еден проблем кој не можам да го решам никако=држам многу вода поткожна вода и целата форма за 2 год вежбање ми ја уништува...а ми остануваат некаде околу 5-6 недели од чистење така да морам да најдам нешто такво :D

Како што ти напиша adWARE* избегнувај храна богата со соли т.е. избегнувај сол целосно.
Прави кардио тренинзи, пиј повеќе вода, јади повеќе протеинска храна и намали ги јаглените хидрати.
 
Најлош избор е да се советува некого да се избегне солта (натриумот) целосно од секојдневната исхрана.
5-6 недели од завршување на чистењето е огормен период без натриум. И лесно моше да се предизвика контра ефект.
 
Со сета почит кон Вас и вашето залагање за македонската боди билдинг сцена.

Знам дека вашите знаења во оваа област всушност ви ја носат заработувачката за живот, но доколку сте се одлучиле да реплицирате на одредена тема, ве молам бидете малку по темелен во одговорите, вака обичен вежбач (како и јас самиот) само ќе се збуни уште повеќе.

Конкретно на темата, нели содиумот се содржи и во сите храни, никој тука не спомна негово комплетно исклучување од редовната исхрана. Ако добро сум запознаен, дневниот внес треба да биде околу 2000-2500 милиграми, зависи од индивиудата нормално. Секако нели, овде зборуваме за избалансирана храна со доволно јаглехидрати, протеини и масти за човек кој е физички активен. Конкретно прашање до вас: Кои се најдобри извори на содиум?

Нормално нели, во правилната исхрана се вклучени многу фактори и не е така лесно да се симплифицира на одредени бројки, но сепак кога ќе се соберат сите сознанија, секој човек сам би можел да си состави една комплетна исхрана која пред се`, ќе му гарантира долг и здрав живот. Затоа одиме дел по дел :)

Поздрав до Вас
 
солта обично на 1 недела се исфрла и тоа се заменува натриум се пие ради грчеви..рано ти е само намали сол ама не ја исфрлај комплетно додека 1 недела пред крајната цел исфрли ја комплетно
 
Како до поголема тежина, има ли некоја диета за дебелеење која за краток период ке ми помогне да фрлам некое кило поке????
Дали бидејки сум слаб да зеам да трчам или не со оглед дека сакам да се здебелам?
Теретана на кој начин и колку серии на вежби да правам и дали да се прават побрзо или побавно вежбите?
 
Compound exercises
http://skinnybulkup.com/compound-exercises/
Секако добра исхрана.
 
Да не има нешто контра ефект ако правиш премногу стомачни во повеќе серии а сеуште имаш вишок сало на стомакот, помагаат ли стомачните во топење на салото од тој дел или само ги зајакнуваат мускулите ? И да млеко таман ли е да се пие 1.5% масти или ако сакам да се дефинирам треба да најдам безмасни млеко, ако уопште такво се наоѓа низ маркетиве незнам ..
 
0,9% е најниско маслено млеко кое имам сретнато кај нас. Инаку нема никаква поврзаност со правење стомачни и топење масти околу стомакот. Диетата и кардиото се клучни за стомачни дури потоа до израз доаѓаат вежбите кои ги имаш правено. Инаку како и секоја друга група мускули не треба да се вежбаат секојдневно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom