Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Едно другарче ми го пофали оптимумот од гладијатори.

Сега за сега се двоумам меѓу оптимумот од гладијатори и дајматајзот од калифорнија фитнес....
 
1000мг е онака горна граница, 500 е доволно.
Пиј многу вода, може да ти страдаат бубрезите од толку витамин ц.

И повеќе од 1грам да се внесува не е штетно, како ќе страдаат бубрезите? Се што е повеќе и што неможе да се искористи се исфрла преку урина.
 
1000мг е онака горна граница, 500 е доволно.
Пиј многу вода, може да ти страдаат бубрезите од толку витамин ц.

За тоа знам се ок,јас секако внесувам 2000мг и се чистам низ урина од витамин Ц,само ме интересираше пошто се вртат муабети дека од шумливи таблети ако се користат на долг период се таложеле на желудникот и што таму се добивало..чиста глупост и невистина ама ме интересираше да не има некој друг проблем со нив,во секој случај фала :)
 
И повеќе од 1грам да се внесува не е штетно, како ќе страдаат бубрезите? Се што е повеќе и што неможе да се искористи се исфрла преку урина.
А урината од кај е? Од бубрезите. Над 2000мг (и 2000) може да креира камен во бубрег.
 
Едно другарче ми го пофали оптимумот од гладијатори.

Сега за сега се двоумам меѓу оптимумот од гладијатори и дајматајзот од калифорнија фитнес....

Ги имам пробано двата, вкусот на дајматајзот е многу подобар. Не се двоуми, се` иде во твоја корист. Ист протеин, подобар вкус, помалце пари. Оптимумот е околу 4000, Дајматајзот 3300.
 
Незнам дали е само кај мене или и на други им се има десено...Вежбам стомачни веќе 7 месеци и десната половина од стомачните ми е послаба т.е. стомачните од десна страна помалце ми се познаваат отколку тие на левата страна...Во што е проблемот???
 
Генетски едната страна ти е појака. Обично кај 90% од нормалните вежбачи е така, кај некого рацете, градите, стомачните... Продолжни нормално да вежбаш, ќе си дојде се` на свое место после подолг период. Немој да ја форсираш само едната страна.
 
Незнам дали е само кај мене или и на други им се има десено...Вежбам стомачни веќе 7 месеци и десната половина од стомачните ми е послаба т.е. стомачните од десна страна помалце ми се познаваат отколку тие на левата страна...Во што е проблемот???

Да не имаш ти некое искривување коа седиш? Ај запримети дали се навалуваш на лева страна?
 
Баниран е за увоз во Македонија, но сепак доколку веќе го имаш во раце ти препорачувам да не го користиш ако си под 20 години.
Ова е само совет.

Инаку, делува, и тоа многу добро.
Како, зошто е баниран пофторно да не е поради егзотичните растенија :D ? Па го донесоа вчера во мојата теретана.
--- надополнето: 10 април 2012 во 16:40 ---
Инаку го порачав, треба да ми стигне кај и да е.
Во разговор со доктор, ми кажа дека не би требало да ми предизвикува никакви проблеми ако земам доза од 2-5 грама, ама да пазам бидејќи го камуфлирало уморот и лесно можеш да се премориш до таа точка што ќе се оштетиш..
Ако често пиеш кафе, ред бул, енергетски пијалоци или други ствари кои имаат кофеин најверојатно нема да видиш големо фајде од Jack3d барем така велат затоа што ефектот воглавно му се базира на кофеин. Дури и кога би почнал да го земаш набрзо ќе развиеш толеранција после 2-3 недели.
--- надополнето: 10 април 2012 во 16:55 ---
Ј

1000мг е онака горна граница, 500 е доволно.
Пиј многу вода, може да ти страдаат бубрезите од толку витамин ц.
Повеќе би рекол дека 2-3000мг е граница,а во поедини случаи се препорачува и до 10-15000мг витамин Ц за здрави особи. Со 1000 мг нема никакви проблеми да има гарантирано. Особено е важно дека не сите луѓе имаат иста потреба од витамин Ц. Оние кои се физички активни имаат доста повисока потреба од витамин Ц за поправка на колагеноти и користење на цитамин Ц како антиоксиданс.
--- надополнето: 10 април 2012 во 17:03 ---
А урината од кај е? Од бубрезите. Над 2000мг (и 2000) може да креира камен во бубрег.
Ова е точно во случај организмот да нема потреба од витамин Ц и да го исфрла од организмот преку урина, може да формира каменчиња.
 
Да не имаш ти некое искривување коа седиш? Ај запримети дали се навалуваш на лева страна?

Па да кога седам на компјутер...бирото не ми е правоаголно туку таму кај што седам е заоблено и секогаш сум навален на левата страна си се потпирам со раката..Викаш дека е до тоа???
 
Момци , пошо никогаш немам пиено , дај кажете добар рецепт за пејк со живи јајца :)

Само со јајца или може да се додаде млеко мед или слично ?

Земи 1 банана, 2 белки од јајца и млеко додади си и мед ако сакаш и све тоа измиксај/изблендирај, ем протеинско ем вкусно
 
Па да кога седам на компјутер...бирото не ми е правоаголно туку таму кај што седам е заоблено и секогаш сум навален на левата страна си се потпирам со раката..Викаш дека е до тоа???

Да, до тоа е. Од лично искуство ти зборам. Коа седиш навален на една страна мускулите на таа страна се постојано згрчени, а другите се олабавени.
Потруди се да седиш со исправена кичма. Коа вежбаш, од коа ќе завршиш со стомачни, направи уште една серија само на десна страна, т.е со десниот лакт допирај го левото колено. Со тек на време би требало да ги изедначиш, ама мораш да прекинеш да се навалуваш на лево коа седиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom