Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Помош !!!
Левиот бицепс за нијанса помал од десниот.
Некакви сугестии. Вежби нешто ова она.
Фала многу однапред.

Ќе се израмнат со тек на време како зголемуваш тежина. А за да не ги упропастуваш, на изолација( пр. curls), ako воопшто правиш изолација, ќе креваш на послабата онолку колку што ќе креваш на посилната. Ако ти е десната посилна, никогаш немој да креваш со десна повеќе од лева, иако навистина ќе можеш да го правиш тоа.

"Do you really think your guns will be lagging once you're doing chin-ups with 45 kg hanging from your waist?"
guns=biceps+triceps
 
која храна е најпогодна за побрзо опоравање на мускулите и помала болка при воспаление ???
 
која храна е најпогодна за побрзо опоравање на мускулите и помала болка при воспаление ???
Глутамин, Ако имаш пари земи го како суплемент.
Инаку побогати извори на глутамин од храна се говедско, пилешко месо риба јајца, млечни производи, грав, пченица, зелка ...
 
Ме интересира за дефиниција кој вежби треба да се вежбаат или како за маса само помала килажа со по веќе повторувања
 
Ме интересира за дефиниција кој вежби треба да се вежбаат или како за маса само помала килажа со по веќе повторувања
Демек, мада според мене дефиниција нема толку врска со повторувања колку со % на масно ткиво во телото. Ако спуштиш под 10% на масно ткиво дефинитивно ќе си издефиниран, т.е. мускулите ќе се оцртуваат.
 
Ме интересира за дефиниција кој вежби треба да се вежбаат или како за маса само помала килажа со по веќе повторувања

Незнам кој ја прередил таа дефиницја да се намалува килажата.
Кога се дефинираат мускулите, тоа се прави во кујна, не во теретана.
Можеби се паѓа до 5-15 кила од постоечката максимална килажа поради замор, а не со 15 кила вкупно 200 повторувања.
 
Ме интересира за дефиниција кој вежби треба да се вежбаат или како за маса само помала килажа со по веќе повторувања

Во теретана се останува како што е. Можеш само да направиш додатни активности како кардио, спринтање, влечење санка и слично.

Баш денес на t-nation излезе статија што може да ти биде од корист.
http://www.t-nation.com/readArticle.do?id=4889028
 
ako znae nekoj da mi kaze kade ima dobra teretana u centar sk kade moze da ima privatni instruktori?
 
ako znae nekoj da mi kaze kade ima dobra teretana u centar sk kade moze da ima privatni instruktori?
Во близина на центар се наоѓа можеби и најдобрата теретана, Атлета, кај железничка станица во Аеродром.
 
Предложете ми некој додаток во исхраната за да побрзо го симнам салото
 
Предложете ми некој додаток во исхраната за да побрзо го симнам салото

Не ти треба додаток.. Појачај зеленчук кој има малку калории .. Протеини внесувај 2 пати од твојата килажа.. Продолжи со теретана..
--- надополнето: Nov 2, 2011 10:46 PM ---
Незнам кој ја прередил таа дефиницја да се намалува килажата.
Кога се дефинираат мускулите, тоа се прави во кујна, не во теретана.
Можеби се паѓа до 5-15 кила од постоечката максимална килажа поради замор, а не со 15 кила вкупно 200 повторувања.

Чудна работа колку луѓе ме убедуваа дека со повеќе повторувања ќе смалиш тежина.. Истите ги гледам по 2-3 месеци немаат нигде мрднато.. Иста тежина,исти вежби прават резултати никакви..
 
Предложете ми некој додаток во исхраната за да побрзо го симнам салото
многу е битно да јадеш зелка салата, содржи многу диетални влакна, и е најкорисен зеленчук за време на диета!
 
Не ти треба додаток.. Појачај зеленчук кој има малку калории .. Протеини внесувај 2 пати од твојата килажа.. Продолжи со теретана..
--- надополнето: Nov 2, 2011 10:46 PM ---

Чудна работа колку луѓе ме убедуваа дека со повеќе повторувања ќе смалиш тежина.. Истите ги гледам по 2-3 месеци немаат нигде мрднато.. Иста тежина,исти вежби прават резултати никакви..
Значи да си продолжам со диетата и вежбањето во теретана како до сега. Благодарам за советот
 
Кај повеќето рекреативци кои имаат за цел да го дотераат својот телесен изглед, стимуланси и додатоци во исхраната за постигнување на таа цел, не ви се потребни. Правилна исхрана, избалансиран внес на вкупен број на калории во текот на денот, убаво осмислен тежински тренинг пропратен со соодветна доза на аеробен тренинг, лесно ќе ве доведе до посакуваната цел.
Но, кај они кои имаат желба да бидат подобри од просечните, или кај оние кои навистина имаат проблем (хормонален, енормно голема телесна тежина и процент на масно ткиво), во тој случај, можеби не во самиот старт, но подоцна ќе ви е потреба и помош од некој додаток.

Натпреварувачите и оние кои професионално се бават со бодибилдингот како спорт не спаѓаат во ниту една од горе споменатите групи.
 
Момци,
се двоумам дали да земам креатин сега највеќе од причина што еднаш користев, на dymatize 300гр пакување и не го осетив воопшто иако со ред си го пиев т.е. фаза на полнење и одржување.
Дали можеби грешка правев кога го мешав со протеинот ми остануваше така повеќе од час до час и половина во водата со протеинот или? Некој совет, ако не dymatize кој друг? Знам дека е спомнато за креатинот препорачливо е да се зема со декстроза мислам, нешто друго во комбинација или?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom