Објасни ми ги фитнес сесиите во сала, ако сакаш.
Предноста на бодибилдингот и тежинските тренинзи е во тоа што имаш лепеза на различен избор на вежби и можност на дозирање на тежина и интензитет.
Не се сеќавам многу сега, не би можела да ти ги кажам точно ама отприлика вака одеше:
- еден километар трчање околу сала за загревање;
- легнување на сунѓер и истегнување на целото тело, екстремитети, врат, вежби за белите дробови со вдишување и издишување на интервали;
- 50 склекови, 50 грбни, 50 стомачни;
- пиење смеса од витамини, протеини и некои билки, на нане имаше вкус;
- заврзување на зглобовите со нозете со ластици кои се долги 50 метри отприлика а треба да ги оптегнеш до некаде 70-от метар - најпрво одење до 70от метар, потоа затрчување додека не успееш без прекин да го оптегнеш, без да те поврати наназад;
- после тоа легнував пак на сунѓер и тренерот ми ги масираше зглобовите на нозете и листовите, нешто им правеше и на колената и ми ги тегнеше нозете накај него, па скроз накај мене, така нешто;
- јадење едно чоколадо;
- повторно вежби за белите дробови ама овојпат од половина час;
- заврзување за половината и пак истото од погоре;
- па идеше после посебна масажа некоја ама не можам да објаснам каква зошто ме тераше да ги движам рацете и гледаше тој како се понашаат мускулите, какво движење имаат на грбот, тоа не можев да видам;

(тие што беа со мене во кампот и имаа 17-8-9 години го правеа истово и за рамењата ама јас не го правев пошто имав 13 години и ми рекоа не смеам)
- после ме тераа да испијам еден литар вода ама минерална;
- повторно трчање еден километар околу сала;
-па во еден ко помошен базен посебни движења на нозете и рацете и тоа беше се
Се менуваше ова секој ден, не беше баш вака секој ден, не се сеќавам ни точно дали беше по ваков редослед, ама воглавно ова беше.
Мислам, не да беше ова ефективно, рокаше, кога дојдов во Македонија се што беше од државен рекорд го пратив во историјата, само штета што кај нас нема вакви стручни лица и објекти за да те насочат вака. Може да се каже дека бев една од среќниците што тогаш отидоа во кампот

, еден од тие тренери сега е дел на тренерскиот тим на американската репрезентација (читај Фелпс).