Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Другарчина, имам 15 години, одам на теретана веке 2 месеца и се е ок ( без протеини, креатини и остало.. само си држам диета и пазам што јадам ) . Немам проблеми со вежбање, издржлив сум ( 5 години карате еба го.. ојача човек :sneaky: ). Си вежбам 1 ден гради, друг грб, трет рамо, четврт нози, петти раци итн..
Е сега, бидејки сум низок ( ~160см / 62kg) некои ми викаат да престанам со теретана бидејки ке сум останал низок. Дали скроз да престанам или само да избегнувам некои вежби ( и кои ) ?

Вежбај што сакаш. Можеш само да пораснеш од теретана.

За избегнување на вежби кои се прават стоејки нејкам ни да коментирам....
 
Ќе ви го кажам мојот пример, но не значи дека треба да се водите по него и да го присвоите како ваш.

Почнав во теретана со висина од 168 цм и 65 кила.
До ден ден, користејќи ги сите вежби за кои викаа дека ќе останам мал ако ги користам со големи килажи достигнав висина до 180 цм и 83 кила.

Се е до генот. Читав статии како некои научници тврдат дека баш токму тие вежби (мртво кревање, чучњеви, преса за нозе, смит машина, итн...) го потикнуваат хормонот за раст да лачи повеќе.
Не сум многу стучен на тоа поле, но дека остануваш низок со користење на вежбите во теретана, е само мит.

Единствено, вежбите кои се прават стоејќи (кај мене) ме дотуркале да си ја повредам кичмата и да морам да одмарам месец дена.
 
избегнувај да бежбаш стоејки со тегови поголеми од 10кг
океј си со висината за 15 год!
--- надополнето: Jul 26, 2011 11:12 PM ---

ако нека вежбаат,подобро отколку да акаат по улици

Не е до вежбање туку стадиумот на развивање на коските и мускулите, како и другите органи е поинаков кај деца а поинаков кај повозрасни.

Од 5 години тренирам пливање а со теретана почнав на 17-8 и тоа пак не правев вежби со тежина и времетраење како постарите. Пет лекари и тренери ми го кажаа ова, не е работата до растење успорување ова она, повеќе фактори се во прашање. Ни кога бев во Америка не ми дозволија на 13 години во теретана туку имав посебни фитнес сесии во сала. Не знаат Американциве, стварно. Чисто сумљам сега дека децава со 13 години знаат што се вежба и по кој редослед за нивни години, ама тие знаат, нека ги.
 
Објасни ми ги фитнес сесиите во сала, ако сакаш.
Предноста на бодибилдингот и тежинските тренинзи е во тоа што имаш лепеза на различен избор на вежби и можност на дозирање на тежина и интензитет.
 
Ќе ви го кажам мојот пример, но не значи дека треба да се водите по него и да го присвоите како ваш.

Почнав во теретана со висина од 168 цм и 65 кила.
До ден ден, користејќи ги сите вежби за кои викаа дека ќе останам мал ако ги користам со големи килажи достигнав висина до 180 цм и 83 кила.

Се е до генот. Читав статии како некои научници тврдат дека баш токму тие вежби (мртво кревање, чучњеви, преса за нозе, смит машина, итн...) го потикнуваат хормонот за раст да лачи повеќе.
Не сум многу стучен на тоа поле, но дека остануваш низок со користење на вежбите во теретана, е само мит.

Единствено, вежбите кои се прават стоејќи (кај мене) ме дотуркале да си ја повредам кичмата и да морам да одмарам месец дена.

Мајсторе ако вежбаш правилно нема да ја повредиш кичмата,тоа е најбитниот дел ,грбот мора да ти биде во правилна положба кога вежбаш со поголеми тежини,ако малце те боли не прави.
 
Објасни ми ги фитнес сесиите во сала, ако сакаш.
Предноста на бодибилдингот и тежинските тренинзи е во тоа што имаш лепеза на различен избор на вежби и можност на дозирање на тежина и интензитет.

Не се сеќавам многу сега, не би можела да ти ги кажам точно ама отприлика вака одеше:

- еден километар трчање околу сала за загревање;
- легнување на сунѓер и истегнување на целото тело, екстремитети, врат, вежби за белите дробови со вдишување и издишување на интервали;
- 50 склекови, 50 грбни, 50 стомачни;
- пиење смеса од витамини, протеини и некои билки, на нане имаше вкус;
- заврзување на зглобовите со нозете со ластици кои се долги 50 метри отприлика а треба да ги оптегнеш до некаде 70-от метар - најпрво одење до 70от метар, потоа затрчување додека не успееш без прекин да го оптегнеш, без да те поврати наназад;
- после тоа легнував пак на сунѓер и тренерот ми ги масираше зглобовите на нозете и листовите, нешто им правеше и на колената и ми ги тегнеше нозете накај него, па скроз накај мене, така нешто;
- јадење едно чоколадо;
- повторно вежби за белите дробови ама овојпат од половина час;
- заврзување за половината и пак истото од погоре;
- па идеше после посебна масажа некоја ама не можам да објаснам каква зошто ме тераше да ги движам рацете и гледаше тој како се понашаат мускулите, какво движење имаат на грбот, тоа не можев да видам; :)
(тие што беа со мене во кампот и имаа 17-8-9 години го правеа истово и за рамењата ама јас не го правев пошто имав 13 години и ми рекоа не смеам)
- после ме тераа да испијам еден литар вода ама минерална;
- повторно трчање еден километар околу сала;
-па во еден ко помошен базен посебни движења на нозете и рацете и тоа беше се :)

Се менуваше ова секој ден, не беше баш вака секој ден, не се сеќавам ни точно дали беше по ваков редослед, ама воглавно ова беше.

Мислам, не да беше ова ефективно, рокаше, кога дојдов во Македонија се што беше од државен рекорд го пратив во историјата, само штета што кај нас нема вакви стручни лица и објекти за да те насочат вака. Може да се каже дека бев една од среќниците што тогаш отидоа во кампот :), еден од тие тренери сега е дел на тренерскиот тим на американската репрезентација (читај Фелпс).
 
Одлично,браво,пливање за мене е најдобар спорт за оформување на правилно тело,пливање ми е нумбер 1
 
Џену Грл,
таму каде имаме стручњаци, имаме и успеси. Штета што е тоа премалку, а уште потрагично е тоа што никој не ги вреднува.
 
знам дека гејнерот е за качување на маса ама составот му е сличен со протеините т.е. се состои од протеини и колку што прочираф има подобри ефекти од whey протеините
тогаш дилемата ми е
зашто би користел гејнер а не протеини или обратно зашто протеини а не гејнер
 
Зошто освен ако не си коска слаб, гејнер не ти е потребен.
Истата мускулна маса можеш да ја качуваш со протеин, и тоа подобра и почиста.

Гејнерот (иако поевтин од протеин) неможе да ги ја овозможи дневната потребна количина на протеини.

Значи, накратко

Гејнер - Протеини, јаглехидрати, мала доза на креатин, Л-аргинин, ензими, витамини, и минерали.
Протеин - (во зависност од кој вид е, whey concetrate, whey isolate, casein, soy, milk, egg, beef, итн итн)
 
знам дека гејнерот е за качување на маса ама составот му е сличен со протеините т.е. се состои од протеини и колку што прочираф има подобри ефекти од whey протеините
тогаш дилемата ми е
зашто би користел гејнер а не протеини или обратно зашто протеини а не гејнер

Што ќе ми е гејнер ако внесувам доволно калории ?
 
Ќе ви го кажам мојот пример, но не значи дека треба да се водите по него и да го присвоите како ваш.

Почнав во теретана со висина од 168 цм и 65 кила.
До ден ден, користејќи ги сите вежби за кои викаа дека ќе останам мал ако ги користам со големи килажи достигнав висина до 180 цм и 83 кила.

Се е до генот. Читав статии како некои научници тврдат дека баш токму тие вежби (мртво кревање, чучњеви, преса за нозе, смит машина, итн...) го потикнуваат хормонот за раст да лачи повеќе.
Не сум многу стучен на тоа поле, но дека остануваш низок со користење на вежбите во теретана, е само мит.

Единствено, вежбите кои се прават стоејќи (кај мене) ме дотуркале да си ја повредам кичмата и да морам да одмарам месец дена.

Не е само до генот.

Со правилни вежби е можно да стимулираш раст кој без вежби не би бил можен што најверојатно и кај тебе се случило :).

Пс. Тоа и ти го кажа само сакав да појаснам :).
 
Кога би бирале помеѓу L-carnitine и Liquid Amino Acid што би одбрале?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom