Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување

--- надополнето ---

Грешка во чекори. Секундарна работа на креатинот е тоа што има својство да врзува вода во клетката, не примарна. Ако спортистите го користат поради фактот што врзувајки вода стануваат поголеми (не гледам како и помускулести) тогаш не им треба. За да врзеш вода можеш и сол да јаде, големи количини на ЈХ....и ред други работи.
Примарна цел на креатинот е да ослободи една своја фосфатна група, која во даден момент кога за време на тренинг доаѓа до опаѓање на енергијата ја врзе( од АДФ=АТФ) и овозможи обновување на енергијата, завршување на серијата и вежбата. Монохидратот е тежок на желудник и за полесно да се абсорбира и осолободи во системот потребно е да се испие со доволна количина на вода. Ако пиете Креалкалин, тогаш при самото пиење толкава количина на вода не ви е потребно. Но, во текот на денот, како основен фактор хидтратацијата ви е неопходна, па и 3-4 литри вода на ден без разлика пиеле или не креатин.

--- надополнето ---

Пиши за каков Тестостерон суплемент станува збор.

Овој :)
 
Од она што можам да видам се работи за Трибулус терестис. Нема проблем со 20 год да го користи. Само не ка не претерува со доза и нека прави циклуси (период на употреба и период на пауза).
 
Океј,фала многу.
 
Грешка во чекори. Секундарна работа на креатинот е тоа што има својство да врзува вода во клетката, не примарна. Ако спортистите го користат поради фактот што врзувајки вода стануваат поголеми (не гледам како и помускулести) тогаш не им треба. За да врзеш вода можеш и сол да јаде, големи количини на ЈХ....и ред други работи.
Примарна цел на креатинот е да ослободи една своја фосфатна група, која во даден момент кога за време на тренинг доаѓа до опаѓање на енергијата ја врзе( од АДФ=АТФ) и овозможи обновување на енергијата, завршување на серијата и вежбата. Монохидратот е тежок на желудник и за полесно да се абсорбира и осолободи во системот потребно е да се испие со доволна количина на вода. Ако пиете Креалкалин, тогаш при самото пиење толкава количина на вода не ви е потребно. Но, во текот на денот, како основен фактор хидтратацијата ви е неопходна, па и 3-4 литри вода на ден без разлика пиеле или не креатин.

Сепак се работи за искуство, а ти го имаш далеку повеќе од мене. Јас само ги кажав најосновните работи, за кои мислев дека сум во право. Е сеа, што не беа правилно подредени, да сме здрави и живи. Затоа си ти тука да не поправиш :)
 
Воедно ја имам и честа на форумов прв да го најавам и купот кој наскоро ќе се одржи во градот Скопје, под покровителство на GetReady.
Секако ова се неофицијални информации, за време место и ангажман.

Државно првенство во Македонија за бодибилдинг, фитнес и бодифитнес.

Атлета на Македонија 2011
atleta_2011-20110516.jpg

Повеќе информации на www.herkules.com.mk и www.napumpajse.com
 
Attachments

  • atleta_2011-20110516.jpg
    atleta_2011-20110516.jpg
    62,2 KB · Прегледи: 3
сакам да ве прашам што мислите за следниот систем на вежбање :

понеделник гради трицепс
вторник грб бицепс
среда одмор
четврток рамо нозе
петок комбинирам ( бицепс-трицепс , груди-бицепс,грб-трицепс) една недела пример бицепс-трицепс , следната наредното..
сабота одмор
недела одмор
 
не ти е добра програмава, ни за маса ни за дефиниција иако незнам што ти е цел, ако одиш на маса, најдобро ти е да вежбаш ден па пауза да правиш , мускулите растат при одмор, а ти не им даваш доволно одмор со оваа програма.. јас моментално вежбам за маса програма. еве ја следната
Понеделник: Гради ,бицепс
Среда:Нозе и абдомен
Петок : Грб и трицепс
Сабота: рамо и абдомен
 
Да прашам некој од поискусните :
Дали е правилно да оставам посебни денови за бицепс и трицепс - прибидејќи прочитав на друг форум за бодибилдинг дека најубаво растат раце кога посебно се оддава тренинг на нив така што програмата ми е поделена :
-Гради и стомачни
-Бицепс
-Грб и нозе
-Трицепс и кардио
-Рамо и стомачни
 
Имаш различни програми ... мене лично ми одговара бицепс да правам со гради во ист ден , на други им одговара да прават бицепс со антагонисти т.е трицепсот , трети го прават бицепсот го грб пошто за грб бицепс најповеќе користиш , четврти прават само бицепс итн ... Пробај повеќе начини види кој ти има најголем ефект на телото и држи се до тоа .
 
Jas gi vezbam posebno site grupi sekoj den,osven gradi forsiram dva pati nedelno,vaka ke mu dojde:
Gradi/stomacni i kardio
Grb
Ramo/stomacni i kardio
Noze
Race/stomacni i kardio
Gradi
Odmor

sto mislite ? cel mi e poveke definicija,pomalku masa
 
Имаш различни програми ... мене лично ми одговара бицепс да правам со гради во ист ден , на други им одговара да прават бицепс со антагонисти т.е трицепсот , трети го прават бицепсот го грб пошто за грб бицепс најповеќе користиш , четврти прават само бицепс итн ... Пробај повеќе начини види кој ти има најголем ефект на телото и држи се до тоа .

Доколку не ја менуваш програмата за вежбање на одреден временски периоид, никогаш нема да го извлечеш максимумот од себе.
 
Всушност точно , ќе стагнираш , ќе се навикне телото на таа одредена рутина . :)
 
не ти е добра програмава, ни за маса ни за дефиниција иако незнам што ти е цел, ако одиш на маса, најдобро ти е да вежбаш ден па пауза да правиш , мускулите растат при одмор, а ти не им даваш доволно одмор со оваа програма.. јас моментално вежбам за маса програма. еве ја следната
Понеделник: Гради ,бицепс
Среда:Нозе и абдомен
Петок : Грб и трицепс
Сабота: рамо и абдомен

Но мислам дека ако вежбам гради и трицепс па утгредента грб бицепс , мускилите ке ми се одморени т.е. со вежбање гради и трицепс не заморувам ни грб ни бицепс , па така утре вежбам грб и бицепс кои се потполно одморени...
 
Ај ако може некој да ми каже или да ми даде да прочитам за млечните производи(сирење,урда,кашкавал итн.).Дали е добро да се зимаат во текот на главниот оброг,какво и нивното дејство во текот на слабеењето.Зшто ја на пример во секој оброк зимам по 50 грама сирење,урда или кашкавал.Дали треба да намалам или да ја зголемам грамажата.
 
Не сум сигурен колку е корисно да јадеш кашкавал, но за немасно сирење и немасна урда е океј.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom