Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Јади повеќе пати во денот по малце, тренирај интензивно и нема да се здебелиш, барем јади насабајле и два саати пред тренинг обавезно или ако ти е од сабајле тренингот стани порано јади. Пиј вода многу, за да те засити, да не јадеш многу, жедтта и гладтта во некои случаи се мешаат, па кога си жеден мислиш си гладен. Во секој случај пиј вода пред јадење и на тренинг.

додека вежбам многу вода пијам, ми се случува и 5 литри да испијам за време на тренинг.
 
Мое мислење е дека денес мултивитаминот како бодибилдинг суплемент е малку потценет и добар дел не го сфаќаат сериозно и целосно не ја согледуваат важноста и потребата токму на овој суплемент во арсеналот на секој билдер и сериозен вежбач, затоа ќе пишам еден краток текст за оние кои спаѓаат во горенаведената категорија.

Секој пат кога ќе се споменат суплементите секогаш на прво место ни се протеините, креатинот, топачи на масти или суплементите за зголемен перформанс. До некаде и разбирливо бидејќи сите компании кои ги произведуваат главно се фокусираат на нивна реклама и поголема промоција во однос на другите. Но, се поставува едно прашање и тоа дали сакате поголема виталност, дали сакате оптимално функционирање на вашиот метаболизам, епа тогаш сигурно тоа нема да го постигнете без витамини и минерали. Најпрво морам да спомнам дека кога говорам за овој суплемент, пред се мислам на оние мултивитамини наменети за вежбачи. Вие можете да земете и некој Мулти од Тинекс или Веро, ама тој едноставно не е доволен и ни од блиску ги нема потребните состојки во онаа количина која на вам ви е потребна. Тие се наменети за оние лица кои воопшто немаат зголемена физичка активност во текот на денот.

Прво малку поблиску да ги објасниме мултивитамините кои всушност се збир од витамини, минерали и антиоксиданти. Витамините се органски и послежени за разлика од минералите. Тие се состојки кои се есенцијални за организмот за неговото функционирање. Нам познати ни се Витамините Ц и Б (кои не мораме да ги внесеме во нашето тело преку исхраната) И витамините А, Д, Е и К кои нашето тело природно ги создава. Витаминот А е корисен за видот, коските, забите и го подобруваат имунитетот кај човекот. Витаминот Б е корисен за нервниот систем, кожата, како и за дигестивниот систем, витамините Ц, Д, Е и К се корисни од повеќе аспекти и тоа за зголемена апсорбција на цинкот (кој е пак чувар на имуниот систем кај човекот) и дејствуваат како моќни антиоксиданти.

За разлика од нив минералите се наоѓаат во попроста хемиска форма од витамините. Најчесто во суплементите можеме да ги најдеме Боронот, Калциум (за силни и здрави коски), Хром, Јод (за зголемена синтеза на Тириодниот хормон), Железо, Лутеин (за подобра функција на сетилото за вид), Мгнезиум, Манган, Никел, Потасиум, Селениум, Ванадиум и други. Освен за наведените користи кои ги имаме од нив, тука се и подршката на здравиот холестерол, активатори на разни ензими, здрава кожа и коскена структура, подобрена работа на срцето и мозочните функции.

Доколку се решите да го надополните вашиот арсенал со Мuлтивитамин, најчесто ќе го најдете во форма на таблети. Јас лично препорачувам да се набави Мулти каде витамините и минералите ни се поделени во различни таблети, нешто како кај Animal Pak-от и иако таму имате 11 големи пилули кои некогаш е навистина тешко да ги проголтате, сепак нивната апсорбција ќе биде поголема и вашето тело ќе искористи повеќе од нив отколку кај оној суплемент каде треба да конзумирате само две пилули, каде всушност имате микс од сите состојки кои се наоѓаат внатре.

Како време кога треба да се конзумираат е веднаш наутро, бидејќи тогаш му најпотребни на организмот или веднаш после првиот оброк. Некои препорачуваат тие да се конзумираат после интензивен тренинг, сепак мое мислење е дека поголема ефективност ќе имаат доколку се земат како што пишав претходно.
 
Одлична статија за Мултивитамините, јас практикувам да ги земам преку овошје.Поточно користам Power Juicer и со добар избор на Витамини , поточно овошја кој ги содржат потребните витамини ги внесувам во мојот организам. Сепак има и алтернативни решенија како Animal Pak но ке ве кошта многу повеке од природната варијанта.
 
^ Во истите, има доста количини на шекери. За време на диета, воопшто не се препорачливи, затоа е и таа замена, преку таблети.
 
Прашање во врска со протеин веј или амино киселини.
Во план сум да ставам мускулна маса, имам вежбано подолго со неколку прекини. Веќе вежбам шест месеци и пред месец и пол земав протеин веј на калифорниа фитнес и Xpand на Dymatize. Во план сум да продолжам да го земам Xpand на Dymatize и дали да земам повторно протеин или пак да земем амино киселини.
Што мислите, според вас што би било подобро, и зошто? Која би била разликата?
 
Моја препорака ти е да продолжиш со вејот и да земеш Xtend, тоа ти е комбинација од Левцин, Изолевцин и Валин, Глутамин, витамин Б6 и Цитрулин Малат, нив можеш да ги пиеш за време на тренингот, вејот после тренинг, а Експандот пред, со оваа комбинација и со редовни тренинзи и средена исхрана ќе имаш одлични резултати.
 
Не гледам разлика помеѓу протеин од сурутка и аминокиселини. Освен во цена :)
 
Dali nekoj ima pieno Mammut protein i dali e zadovolen od istiot?
I koj protein vie bi go preporacale ? (:
Fala odnapred :]
 
Постојат вежби кои би го помогнале/подобриле кревањето на вратило?
 
^ Во истите, има доста количини на шекери. За време на диета, воопшто не се препорачливи, затоа е и таа замена, преку таблети.

Е да тука си во право, истотака многу битна улога е внесувањето на Магнезиум и Калциум во организмот и тие се битен фактор во овој спорт.

--- надополнето ---

Постојат вежби кои би го помогнале/подобриле кревањето на вратило?

Нормално дека постојат, мислам дека поголем ефект ке достигнеш на справа него ли на вратило ипак различниот тип на справи опфакаат разни делови на мускулатурата додека вратилото се фокусира само на одреден дел. Прашањето е дали си ти спремен да идеш во теретана :)
 
Е да тука си во право, истотака многу битна улога е внесувањето на Магнезиум и Калциум во организмот и тие се битен фактор во овој спорт.

--- надополнето ---



Нормално дека постојат, мислам дека поголем ефект ке достигнеш на справа него ли на вратило ипак различниот тип на справи опфакаат разни делови на мускулатурата додека вратилото се фокусира само на одреден дел. Прашањето е дали си ти спремен да идеш во теретана :)
Идам од септемви ... имам 180 цм и 92 кг ... но вратилото ми е енигма :)
 
[video]http://mesto.com.mk/video/O8KMHHBSNHH3/%D0%98%D0%B4%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B5%D1%81[/video]
 
Ми нудат вакви
amino_2700_450_white.jpeg
.

Ај малце објаснете ми, вие поискусните ?
 
Ми нудат вакви
amino_2700_450_white.jpeg
.

Ај малце објаснете ми, вие поискусните ?

http://forum.kajgana.com/showthread...ни-прашања-одговори-заблуди-совети.../page304
читај го постот за аминото, да не се повторуваме...
ова сто ти го нудат се 350 таблети а секоја таблета ти е 2.7 грама амино..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom