Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Да прашам нешто во врска на дигање килажа во домашни услови нешто како природен протеински шејк без протеин во прав . Ако знае некој да ми каже иначе вежбам дома со тегчиња и склекови така некој основни вежби.

слично како одговорот на давор, само подетално:
- 4-5 белки
- 1/2 л млеко
- 1 банана (помека и позрела)
- мед (1-2 супени лажици)
блендер или миксер и имаш напиток ипол кој мене ми донел подобри резултати од протеин во прав од сурутка.....во многу наврати со спортски лекари и нутриционисти сум разговарал за ова и сум дошол до заклучок оти не кај секого можат додатоците исто влијание и исти ефект да постигнат....едноставно овој вториов начин (белки, банани...) повеќе му одговара на мојов организам, и секако со јака протеинска исхрана..

Имам еден период вежбано во теретана и сега пак може ќе почнам да одам, така што ги знам вежбите и дека се комбинираат најчесто гради/бицепс, трицепс/грб и нозе/рамо.

Ме интересира што е поефективно, дали да се работат така одвоено, еден ден една комбинација, друг пат другата или секој тренинг од се по нешто?

- имам пробано и одделно и овој начин на вежбање, ама најдобри резултати лично имам постигнато со 6 тренинга неделно гради - трицепс; грб - бицепс ; рамо - нозе: одмор; и уште 3 тренинга истото....
ќе додадам дека начинот кој го споделив е потежок и дека захтева повеќе енергија за тренинг, но затоа мускулот има повеќе време да се одмори, односно зголеми во таа одмарачка фаза....на пример ако понеделник вежбам гради - трицепс, дури во среда повторно ќе го користам трицепсот во вежбите за рамо, додека на начин гради - бицепс, не се осеќам мускулите доволно спремни за другиот ден кога ќе треба да работам вежби за грб (пример лат машина и сл)

- можеби на многумина од вас ова ќе му биде чудно, но ова е мој заклучок стекнат во тек на вежбањето...и исто како и погоре за додатоците ќе додадам дека не се исти ефектите од програмата и начин на вежбање кај секого...но далеку од тоа дека и со програма гради - бицепс / грб-трицепс се постигнуваат исто така врвни резултати (да не сфати некој погрешно)

- исто од време на време практикувам и менување на програмата на одреден период, или менување на одредени вежби и нивно ротирање за време на тренинзите се со цел да не му стане монотон тренингот на мускулот, рутина навика и едноличност....со други зборови го изненадувам со нова вежба и начин на вежбање....а со тоа и на себе си, си го правам поинтересно и разнолико вежбањето.
 
Фала за одговорот,за повеќе ќе го чекаме следниот број на Херкулес :]

Иначе што викате за овој рецепт:Пилешко месо со лимета

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 4 парчиња пилешки гради
• ½ мала шолја сок од зелен лимон
• ¼ мала шолја свеж магданос, исечкан
• 2 големи лажици маслиново масло
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Во плиток сад промешајте ги сокот од лимета, магданосот и маслото. Пилешките гради зачинете ги со сол и бибер.
Пилешкото месо ставете го во маринада и оставете го да отстои во фрижидер околу 4 часа. По можност, месото свртете го во маринадата еднаш до двапати.
Загрејте ја рерната или вклучете скара како подобра опција и печете го месото помеѓу 10 и 12 минути.

Ако имате вие од вашите тајни рецепти за повеќе мускули би биле благодарни да ги споделите со нас :)

За ова да се искоментира, ќе треба прво да се проба :)
http://herkules.com.mk/index.php?option=com_kunena&Itemid=56&func=view&catid=36&id=1241
овде има по некој рецепт.

--- надополнето ---

Можи некој да ми кажи ако знај имам еден проблем ... Сакам да одам втеретана и имам пробано неколку пати .. ама ми течи крв од носо од кревањето тежини .. на доктор немам појдено па некој ако знај да ми кажи некое решение ?

Консултирај се со лекар.
 
Што мислите за сојата како извор на протеин. 500 грами соја е околу 60-70 денари, а во неа се 190 грами протеин, така да доаѓа како доста ефтин извор на протеини во исхрана. Од друга страна велат дека протеинот од соја има ниска искористлива вредност и дека го супресира нивото на тестостерон?
 
Одличен избор доколку одиш на вегетаријанска храна и билдање. За хормонот пишува по нетов, има вистина изгледа.
 
Што мислите за сојата како извор на протеин. 500 грами соја е околу 60-70 денари, а во неа се 190 грами протеин, така да доаѓа како доста ефтин извор на протеини во исхрана. Од друга страна велат дека протеинот од соја има ниска искористлива вредност и дека го супресира нивото на тестостерон?

http://www.gladijatori.com/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D1%82/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_a196.html

--- надополнето ---

Живо јајце во шолја млеко со лајче мед :D

Избегнувај да конзумираш живи јајца заради ризик од салмонела. Варени се најдобра опција
 
Глупо-неглупо, ми треба информацијава/Мислам дека не е нешто за у религија, повеќе ќе имате информација у оваа тема (гледам го има и на херкулес.цом.мк).

Дали Elite Whey Protein Isolate содржи животински состојки, дали може да се користи при постење? Сурутка е претпоставувам од млекото (со што автоматски не е за пости), но пак да прашам за сигурно. Имам некои протеински табли ама тие се "мрсни" па ако некој знае за Елит изолатот...
 
Многу поставени прашања, одлицни одговори, и совети од професионалци мозете да најдете на најдобриот форум за оваа намена во македонија..Секогас тимот од Get ready ви сто на располаганје
www.napumpajse.com/forum
 
Постојат и растителни протеински додатоци. Ова горе што го имаш поставено е млечен протеин.

--- надополнето ---

Некој да не знае кога излегува следниот број на Херкулес?

Се надевам до крајот на месец Јануари ќе го имате во продажба. Ги чекаме батките од напумпајсе и гет реди да ги средат своите реклами :D

--- надополнето ---

Многу поставени прашања, одлицни одговори, и совети од професионалци мозете да најдете на најдобриот форум за оваа намена во македонија..Секогас тимот од Get ready ви сто на располаганје
www.napumpajse.com/forum

Поздрав до професионалците :)
 
добро комбинација е одење во теретана и кардио ( трчање, орбитрек...) ??? дали кардио вежбите ја намалуваат мускулната маса ???
 
Dolga tema e ova za dali kardioto ja namaluva muskulnata masa,sepak so jak rezim na ishrana i suplementacija so zdrav zivot sekako i dobar trening mali se sansite za gubenje na steknatata muskulna masa,tuka kluc golem ima i kardioto kako ke go pravis i koga .....
 
да прашам некој ако знај .. како ке имам поголеми резултати .. да прам склекој секој ден .. или да прам со 1 ден одмор (преку еден ден) за да се одмора мускулите .. не дека има којзнај какви рез. со склекој ама така да знам да не лупам за џабе :)
 
добро комбинација е одење во теретана и кардио ( трчање, орбитрек...) ??? дали кардио вежбите ја намалуваат мускулната маса ???
Да кардио вежбите ја намалуваат мускулната маса
 
добро комбинација е одење во теретана и кардио ( трчање, орбитрек...) ??? дали кардио вежбите ја намалуваат мускулната маса ???

Ако работиш маса, тогаш гледај кардиото да не биде повеќе од 10-15 минути или имај еден ден каде ќе правиш само кардио.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom