Вака, да искажам мое мислење, кое се надевам ќе го разберете. Но, на овој начин нема да се подобри угледот на спортот, од причина што самото воведување на лекарски преглед дава до знаење дека нешто не е во ред со спортот. Покрај тоа, присилување на одредено лице да изврши лекарски преглед, иако тоа е во негова полза, во никој случај не го оправдувам. Самиот човек како индивидуа си одговара сам за себе, тој самиот си донесува одлуки, и не е во ред никој да се меша во негови лични интереси, одлуки, желби и сл. Самиот факт што одредено лице ќе се одлучи да вежба во теретана, укажува на тоа дека сака да го подобри неговиот изглед, а воедно и неговото здравје, како што е и логично. Исто така, самата теретана како објект не влијае директно врз здравјето на индивидуата. Она што влијае се суплементите, и се разбира злоупотребувањето на лекови. Сметам дека треба да се воведат лиценци за продавниците за суплементи или да се води евиденција за лицата кои купуваат „појаки“ суплементи. За лековите нема да зборам, бидејќи тука нема начин како да се дејствува бар засега, и едноставно ако некој посака или има преголема желба за истото, ќе го стори тоа и самите сте свесни како одат работите. Инаку, се останато со кое планирате да го унапредите овој спорт, тотално го поддржувам. Да се навратам, исто така, се ствараат дополнителни обврски кон теретаните и самите лица кои сакаат да вежбаат со тоа што на некој начин се принудени да извршат лекарски преглед, и на тој начин веројатно од мое гледиште, само може да дојде до минимална загуба за самите теретани. Значи, самите теретани како објект не причинуваат лошо влијание врз здравјето, не е во ред директно само да ги унапредите теретаните, знам дека и самите имате продавница за суплементи, па повеќе би се ангажирал околу тоа, бидејќи тоа е причината што се случуваат такви немили настани како што погоре спомнувате, без разлика колку и да негирате, тоа е факт. Се ова е добронамерно, разберете ја критикава, не сум тип да идам контра, но сакам да се изјаснам бидејќи во последно време постојано сакате да влијаете директно само врз теретаните. Се останато уште еднаш ќе кажам дефинитивно го поддржувам.
Да одам по ред,
Угледот на спортот и воведување на лекарски преглед.
- Незнам колку си запознаен, ама очигледно дека не си, но во сите спортови се практикува лекарски преглед, пред да се започне бавење со некој од нив. Нешто што во минатото постоеше и во бодибилдингот, но исчезна со тек на време. Дали тоа ги доведе сите оние спортови кои не ја напуштија праксата во положба дека нешто не е во ред со нив, или тоа се случи само со бодибилдингот?! Реков, сега ќе повторам, сите оние теретани кои ќе станат членки на ББФФМ ќе бидат задолжени да склучат договор со секој член бо клубот, без разлика дали тоа ќе биде рекреативец или натпреварувач. Во тој договор ќе стои дека членот пред да започне да се бави со било која програма е должен да изврши лекарски преглед. Значи ќе биде запознаен со тоа дека пожелно е да изврши лекарски преглед, за негово добро, без разлика кој колку здраво се осеќа. Натпреварувачите ќе бидат должни да имаат лекарски документ за извршен лекарски преглед. ББФФМ е институција која се грижи за популаризација на овие спортови како спортски гранки во државата и сите учесници во тие спортови на натпреварите кои таа ќе ги организира ќе мораат да имаат извршено лекарски преглед. Впрочем, како што кажав погоре тоа е нормален начин по кој функционираат сите спортови во светот.
Што влијае врз здравјето на индивидуата
- За да тврдиш дека суплементите влијаат врз здравјето на индивидуата, убаво ќе биде да ги посочиш кои, не да ги генерализираш. На овој начин создаваш забуна, непотребна. Зашто си сигурен дека теретаната не влијае на здравјето на индивидуата, а од друга страна велиш дека со самата нејзина примена го подобруваш здравјето? Секој плус има и свој минус, па така и овде. Ако нешто кое можеш да го дозираш влијае позитивно на вашето здравје, значи дека погрешното негово дозирање, примена може и негативно да влијае на истото. Секоја индивидуа на своја одговорност пристапува кон се, па и кон зачленување во теретана, но таа индивидуа мора да биде запозната и информирана дека за практикување на било каква физичка програма потребно е да изврши лекарски преглед со цел да види дали е способна за бил о што и во која мера. Неможеме да дозволиме лица кои имаат здравствени проблеми да дојдат во допир со тежински тренинг и да се подлежат на неконтролирана примена на истиот, создавајки си мечкина услуга. Се сложувам дека теретаната како објект не влија врз здравјето на индивидуата. Ама, погрешна примена на тоа што е во неа, и тоа како може лошо да влијае.
Лекот, само по себе истотака како што напишав погоре, ако се применува погрешно влијае лошо, па и кај не здрави особи кои го користат за лекување. Кај здравите не постои правилен начин на употреба на лек. Секаков начин на негова примена е злоупотреба.
Лиценци за продавници

- Смајлито не е со лош предзнак ставено, но е од причина, позитивна. Очигледно дека недоволната информираност кај луѓето доведува до заблуди, па и во овој случај. Во МК постојат закони, со еден од нив, сите кои увезуваат додатоци во исхраната се регистрирано како оператори со храна. Секој производ кој се увезува, се увезува на основа на соодветно решение за увоз. Појаките суплементи, како што ти ги нарекуваш, се регистрираат како лекови, хербални или помошни лековити средства (во минатото) во зависност од составот.
За крај, да го разбиеме митот, фактот, те поканувам да дојдеш кај мене во некоја од продавниците, да одбереш додаток кој се продава, јас целото пакување ќе го испијам на своја одговорност, да видиме што ќе ми се случи. Повеќе би се уплашил од ред бул и водка комбинација, отколку од млеко во прав, кој секојдневно го користам дома за правење протеински торти.[DOUBLEPOST=1419070112][/DOUBLEPOST]
Не, сега видов и гледам дека исто размислувал, само многу грубо го кажал , се надевам нема да добијам сличен одговор, ако е така, тогаш залудно трошиме време да споделуваме мислења и со тоа фактички имаме уште еден "Груевски", но во бодибилдингот. Ме фрапираше одговарањето кое падна на толку ниско ниво како и прашањето.
Ни тревата не расте природно. Дури ина оние места, каде се мисли дека човекот не допрел, инфиректно сепак влијаел. Е, сега кога веќе ме споредуваш, рака на срце немам ништо против Господинот Премиер, напротив, ама, повеќе би сакал кога би ме споредил со Мијалков, на пример.[DOUBLEPOST=1419078557][/DOUBLEPOST]
Супер што се размислува и на таа тема.Инаку сакаш да кажиш дека и тие теретани што не се членки на федерацијата ќе можат легално да работат?
За жал во мометов огромен процент на постоечките теретани во Македонија не работат согласно законските регулативи кои постојат.