Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
да прашам,иако многупати сте одговориле

повеќе повторувања-помала килажа=?
помалку повторувања-повеќе килажа=?

Воопшто не е важна комбинацијата, најважно е да се погоди интензитетот, а тоа се постигнува на многу различни начини и е различно кај сите индивидуи. По некоја логика иде вака како што имаш напишано, но тоа не е мерило.
 
аха...ок... зашто читав дека повеќе повторувања-помала килажа,била за облкување/дефиниција, а обратното било за сила на мускулот... така нешто...:vozbud:
 
повеќе повторувања, за дефиниција,
поголема килажа за да се шири мускулот, нормално е дека кога зголемуваш килажа не правиш повеќе повторувања :)
 
Ако ова
600калории
81г јаглехидрати
60г протеини
5г креатин матрих
2г глутамин
БЦЦ
итн....
го пиете 4 пати на ден, немате потреба од јадење. Размислете малку.
ова се четирити дози заедно...не бев јасен ! :salut:
 
Aj edno noobsko prasanje, sto e celta na zemanje proteini?
Дали можеш да изградиш куќа без цигли, ако ги имаш само мајсторите?

На местото на циглите стави ги протеините, а на местото на мајсторите стави го тренингот и ќе го добиеш одговорот.
Протеините ти се градежниот материјал...
 
или што би се рекло, куќа само со цигли не бива, мора малтерче измеѓу, па изолација, па фасада.... :) со ајвар и леб тело не правиш...
 
Еве вака, имам 73 кг, висок 184-5, ако земам протеини, дали ке ставам многу на килажа? И дали треба ептен да внимавам на исхрана, дека тоа никогаш нема да се случи. :)
Ако земам еден месец протеини и после да продолжам да тренирам без протеини, дали мускулите ке паднат?
 
KoNtEjNeR
повеќе повторувања, за дефиниција,
поголема килажа за да се шири мускулот, нормално е дека кога зголемуваш килажа не правиш повеќе повторувања

Факт е дека, поголем интензитет, кој е тесно поврзан со прогресивно зголемување на оптеретувањето со кое вежбаме, доведува до зголмеување на мускулните клетки, на тој начин, што после извесен период на таков начин на нивно оптеретување, исхрана и одмор, тие сепр инудени да се привикнат, на тој начин што стануваат поголеми.
Основата на изгледот,дали мускулест или залиен со количина на вода и масно ткиво, е во начинот на исхраната и пр имената на аеробниот тренинг. Нормално, кога поскуваме да го намалиме процентото на масното ткиво, со цел да бидеме што е можно подефинирани, се редуцира и калоријскиот внес и изборот на хранливи материи.Тоа доведува до полесно изнемоштување и резултат на тоа е пад во силата и немоќ да се вежба со истите оптеретувања како во периодот на маса, кога исхраната е побогата во калории и изборот на намирниците е послободен.

Крејзи Појол
Еве вака, имам 73 кг, висок 184-5, ако земам протеини, дали ке ставам многу на килажа? И дали треба ептен да внимавам на исхрана, дека тоа никогаш нема да се случи.
Ако земам еден месец протеини и после да продолжам да тренирам без протеини, дали мускулите ке паднат?

Протеините преставуваат додатоци во исхраната. Кај професионалните спортисти и оние кои имаат намера да бидат дел од натпреварувачките спортови се нешто што секојдневно се конзумира од неколку причини.
Некои од нив, зглмеување на силата, издржливоста, опоравувањето, збогатување на исхраната,излез од монотонијата во хранењето и неможност да се јаде толкава количина на тврда храна во текот на денот на подолг периос, и др.
Кај оние кои се занимаваат со спорт рекреативно, нив ги употребуваат од неможност правилно да се хранат во текот на целиот ден, и во текот на годината, а имаат цел да го изменат својот изглед и да ги подобрат своите перформанси. Воколку сте во можност правилно да се храните, внесување на сите потребни хранливи материи во текот на денот, неколку пати дневно ( а сето тоа да не ви стане монотоно и тешко) тогаш овие додатоци воопшто не ви се потребни.
 
Каде можат да се купат оние тегови што се во вид на ленти за да се лепат на нозете и колку пари се ?
 
Каде можат да се купат оние тегови што се во вид на ленти за да се лепат на нозете и колку пари се ?

Друже такви тегови се користат обично на кошаркарите и да кажам маратонци бидејки се ставаат на нозете за поенергично и побрзо трчање.Инаце тие ги имаш во Емилијано и во Рамстор во маркетот иам глеано а се да кажам грубо околу 600 ден.
:salut:
 
Каде можат да се купат оние тегови што се во вид на ленти за да се лепат на нозете и колку пари се ?

http://www.gladijatori.com/спортски-аксесоари/

Друже такви тегови се користат обично на кошаркарите и да кажам маратонци бидејки се ставаат на нозете за поенергично и побрзо трчање.Инаце тие ги имаш во Емилијано и во Рамстор во маркетот иам глеано а се да кажам грубо околу 600 ден.
:salut:

Исто и ватерполисти ги користат.
 
Друже такви тегови се користат обично на кошаркарите и да кажам маратонци бидејки се ставаат на нозете за поенергично и побрзо трчање.Инаце тие ги имаш во Емилијано и во Рамстор во маркетот иам глеано а се да кажам грубо околу 600 ден.
:salut:
Јас вежбам на згиб, па ми треба додатна тежина бидејќи мојата тежина веќе не ми е доволна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom