KoNtEjNeR
повеќе повторувања, за дефиниција,
поголема килажа за да се шири мускулот, нормално е дека кога зголемуваш килажа не правиш повеќе повторувања
Факт е дека, поголем интензитет, кој е тесно поврзан со прогресивно зголемување на оптеретувањето со кое вежбаме, доведува до зголмеување на мускулните клетки, на тој начин, што после извесен период на таков начин на нивно оптеретување, исхрана и одмор, тие сепр инудени да се привикнат, на тој начин што стануваат поголеми.
Основата на изгледот,дали мускулест или залиен со количина на вода и масно ткиво, е во начинот на исхраната и пр имената на аеробниот тренинг. Нормално, кога поскуваме да го намалиме процентото на масното ткиво, со цел да бидеме што е можно подефинирани, се редуцира и калоријскиот внес и изборот на хранливи материи.Тоа доведува до полесно изнемоштување и резултат на тоа е пад во силата и немоќ да се вежба со истите оптеретувања како во периодот на маса, кога исхраната е побогата во калории и изборот на намирниците е послободен.
Крејзи Појол
Еве вака, имам 73 кг, висок 184-5, ако земам протеини, дали ке ставам многу на килажа? И дали треба ептен да внимавам на исхрана, дека тоа никогаш нема да се случи.
Ако земам еден месец протеини и после да продолжам да тренирам без протеини, дали мускулите ке паднат?
Протеините преставуваат додатоци во исхраната. Кај професионалните спортисти и оние кои имаат намера да бидат дел од натпреварувачките спортови се нешто што секојдневно се конзумира од неколку причини.
Некои од нив, зглмеување на силата, издржливоста, опоравувањето, збогатување на исхраната,излез од монотонијата во хранењето и неможност да се јаде толкава количина на тврда храна во текот на денот на подолг периос, и др.
Кај оние кои се занимаваат со спорт рекреативно, нив ги употребуваат од неможност правилно да се хранат во текот на целиот ден, и во текот на годината, а имаат цел да го изменат својот изглед и да ги подобрат своите перформанси. Воколку сте во можност правилно да се храните, внесување на сите потребни хранливи материи во текот на денот, неколку пати дневно ( а сето тоа да не ви стане монотоно и тешко) тогаш овие додатоци воопшто не ви се потребни.