Не, прашањето не ми е зошто ми се деси, добро знам зошто, минимално загревање, преоптеретување и сл.
Прашањето ми е дали е една од тие зезанции што се дешава кај секој и поминува со тек на време, или е нешто посериозно
Ништо сериозно. Пред 6 години го повредив рамото во теретана, месец дена не можев ни бицепс да вежбам од болка а камо ли друго. Работев месец два со лесни килажи повеќе повторувања, само од себе помина, ама пак ако се оптоварев многу ќе почнеше да ме боли, на кикбокс тренинг крошето од таа страна не можев да го удрам од болка.
Кога фати короната 3-4 месеци дома одморив од теретана, вежбав чучњеви, шадоубокс и скокав јаже. Од тогаш како се вратив во теретана и на тренинг рамово е супер, ни болка ни ништо дури на многу поголеми килажи од претходно.
А тоа дека крцка охоо не да крцка, ама не му се замарам ич пошо не ми смета тоа, само нека не боли