Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Абе машко,стероидите во Македонија се забранети со закон и спаѓаат во делот заедно со дроги и други опојни супстанции, не поттикнувај некој кривично да биде гонет.

Spam bot бе брат, не е човек тоа.
 
Еј, тоа е голем безбедносен пропуст на форумот, спам бот да креира и да има профил на форум ?

Ништо ново, отсекогаш ги имало :toe:
 
Абе машко,стероидите во Македонија се забранети со закон и спаѓаат во делот заедно со дроги и други опојни супстанции, не поттикнувај некој кривично да биде гонет.
Исто така може да биде гонет и од голем број на женски :ROFLMAO:
 
Здраво на сите,
Ми треба мал совет од вас тука поискусните....
Од викендов почнувам со теретана.Цел ми да ослабнам малце(затоа што има на мене 15/20 кила вишок) а потоа малце да поработам на мускулна маса..али има време за тоа.
Околу исхраната знам што треба да исфрлам,препрочитав на претходните страни што е пишувано само ми треба совет што од суплементи да земам..знам дека само Л-карнитинот би ми завршил некоја работа но искрено појма немам дали да пијам цинк, омега3, калциум и други витамини и други суплементи протеини,креатин,гејнери итн...
Знам дека по deffault витамините не се штетни но дали се проблематични некои во комбинација со Л-карнитинот...
Ако може инфо кој Л-карнитин е најквалитетен(без обзир на цената),кои витамини да пијам и дали некои се штетни во комбинација со Л-карнитинот.
Сите други сугестии за да набавам сумплменти(whey itn..) се добредојдени,мало познавање имам на оваа тематика па затоа барам совет..
 
Посвети се најпрво на средување на исхраната.Не ти треба за почеток суплементација него КЦАЛ дефицит (250-500кцал). Израчунај кцал (сооднос протеини, хидрати и масти) според калкулатори на интернет, состави план за исхрана и почни. Со 15/20кг вишок на почетокот брзо ке одат надоле, па постепено додади и кардио тренинг.
 
Епа вака сега,чим си прочитал на перетходните страни за тренинг и исхрана ти останува суплементацијата. Витамините цинк, магнезиум , калциум, омега 3 , Витамин ц се многу битни при процесот на тренинг и воедно чувари на имунитетот, бидиејки со самиот тренинг предизвикуваш стрес на организмот, и потребни се повеке витамини за побрза и полесна регенерација. Значи витамините се суплемент број 1 во листата која треба да ја имаш. Понатака со оглед дека сакаш да слабееш бројот на протеини нема да можеш да го внесиш преку храна бидејќи си ограничен на калории, па така број 2 суплемент кој ти е потребен е Whey протеин. Процесот на топење на мастите се вика липолиза, и л-карнитинот помага во тој процес со тоа што ги носи мастите за да бидат претворени во енергија, но за да се случи тој процес многу е битно исхраната да биде правилна(има разлика правилна и здрава,односно да биде во правилно време). Суплемент 3 е креатинот, можеш да го земеш но ако си ептен почетник немаш потреба да се изложуваш на додатни трошоци, ќе го земеш понатака(иначе е стварно добар суплемент).Друго битно е јади здрави масти и намали на јаглехидрати за да немаш постојан скок на инсулинот, бидејќи пречи во процесот на липазата и нивото на хормонот за раст и тестостеронот.Генерално тоа би било тоа.
 
Фала многу за одговорите,ќе се водам по препораките ваши(без креатин за почеток,другото ќе го набавам whey,витамини,Л-Карнитин)доколку се двоумам за нешто ќе ви пишам тука за совет.
 
@AceCaleb може уште погоре да отиде Хади од прогнозите на старт според сликиве.
FB_IMG_1568454601067.jpgFB_IMG_1568454576501.jpgFB_IMG_1568454564101.jpg
 
@Кеплер
Прееска баш сакав да пишам. Ако судиме од оваа вечер мислам дека борбата ќе биде меѓу Кари и Бонак. Роли, мислам дека ја пропушта шансата. Хади одличен! Тотално ја оправда одлуката да иде со овие момци. Најизделкан од сите е, нозете партали, стомак коска. Мислам дека ќе се бори со Роли за трето место, зашто да не заврши и втор... Бонак и Кари многу детални грбни мускули и кондиционо солиден особено Бонак, Кари може уште поизделкан да е. Лук и Декстер, очекував повеќе. Многу интересно е зашто не се знае кој би победил, не знам колку може некој да направи многу повеќе за овие 24 часа, али ќе видиме.
Во 212 сосема заслужено зема Камал, кондиција партали, со Хиде најизделкани. Фаворитот Линдсворт големина да, али кондиционо потфрли, не требаше ни втор да е.
 
Милош, еден од најголемите умови во овој спорт. (y)
На инста го гледав кога се поздрави со Хади, огромен е сеуште Милош, во грбот и рамената е поширок од Хади
 
Кари е новиот Олимпија. Хади трет позади Бонак, комотно можеше и втор да биде.
Сеуште естетиката не ја гледам на ниво, Кари беше некоја нијанса подобар од другиве али во стомакот подуеност, само Хади имаше рамен стомак. Али тоа е јасно дека од прва нема да му ја дадат, али ко за деби настап растури, ја доби и наградата од публика така да, иранецот е заебан момак и треба да се пазат во иднина. Пропуштена шанса беше оваа за неколку луѓе, за Роли највеќе. Мислам ако се појавеше во ланската форма, ќе добиеше, али тоа е. Интересна олимпија како и да е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom