Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Не бројам, барем уште не сум почнал.
Да не си го поарчил гликогенот и затоа да си слаб со енергија. Пробај јаглехидратите зголеми ги ден, два и види дали ќе си исто омалаксан.
 
Здраво здраво.

Предлог за теретана во Скопје, блиску до Црниче/Водно/Клиника, со боксерска вреќа?

Благодарам
 
Здраво

Да ми предложите инструктор/ка за изработка на план за исхрана?

Божидар Пецаковски од Битола - City Gym.
Aко сакаш контакт пиши ми ПП. Дечкото е еден од најспремните инструктори во МК.
 
Божидар Пецаковски од Битола - City Gym.
Aко сакаш контакт пиши ми ПП. Дечкото е еден од најспремните инструктори во МК.
Точно, Божо е супер бате и е доста упатен и вљубен во фитнесот, нема да погрешиш.
 
Абе пишувањето на планот е лесниот дел, да се придржува до истиот е проблем.
 
Ајмо да пуштиме некоја прогноза за Олимпија. Две недели до натпреварот. Малце зезнато е зашто уште може некое изненадување да се случи, Фил да се убаци во последен момент или Каи, иако мислам дека тешко до ова ќе дојде, али ако дојде, во вода сите прогнози паѓаат. Ај да видиме со моменталнава ситуација кој што мисли.
Јас идам пристрасно за Роли, навивам за него последниве неколку години и ептен сакам да земе Олимпија. Мислам дека е најстрашниот на сцена, пострашен и од Рами. Само да извади кондиција, да се изделка и мислам добива. Слаба точка му е долниот дел од грбот според мене, многу е рамен, друга маана не гледам освен константноста. Да е паметен да вложи се на чистење ќе заврши работа, не му треба волумен веќе има доволно.
Брендон Кари е во подем, се подобро изгледа и најтазе победник на Арнолд Класик е, има пофина градба и форма од Роли, така да нареден него го ставам второ место или Роли ако заебе со кондиција, Кари прв.
За трето не знам, Седрик Мекмилан е во игра, ако извади најдобра негова форма до сега можно е да се замеша тука, во спротивно Бонак или Декстер можеби.
Лук Сендоу е бодибилдерот кој ќе ми стане меѓу омилените периодов, интересен карактер англиски и голем работник, очекувам да е во топ 6, зошто да не и пред Декстер или Бонак. Иако мистерија е што ќе донесе Седрик на сцена.

Нормално, ако Каи или поверојатно Фил се убацат во последен момент се од ова погоре паѓа во вода. Го среди ли стомакот Фил добива, не го среди ли, нема ни во топ 3 да е.
Шон Роден има најмала шанса да се појави, зашто нели веќе е баниран ради обвиненијата што му ги товарат.
 
Ај прво нека му е лесна земја на Франко Колумбо, една од најголемите легенди на бодибилдингот.

@AceCaleb знам дека сеуште немаше официјално потврдено Фил за оваа година, али единствена причина поради која не би се такмичел е тоа што сопругата му е во болница и периодов најверојатно е под доста стрес и отежнати припреми. Во поглед на формата пред 2 недели имаше ставено слика од задната ложа, типот е ненормален, без да излези на бина нека му дадат титула :)

Моја прогноза е дека ако излегува Фил на сцена ќе излези во најдобра можна форма, стомакот му е јасно и не верувам дека ќе го остави така. Ако не излези тогаш тесно ќе биде помеѓу Роли, Кари, Бонак(малиот е најкомплетен буквално во сите мускулни групи), а исто имаше и пост од Декстер дека со советите на Чарлс Глас и Џорџ Фарах ги вратил нозете во формa (последна слика од целот тело имаше објавено пред 2 недели и изгледаше прилично добро).

Кај кусите Флекс Луис оваа година нема да се натпреварува, а за догодина мислам ќе излегува со големите батки :) Не знам дали среди Хади со визата за САД за оваа година.

Мислам дека ова ќе биде една од најнеквалитетните мр олимпии во последните години.
 
Брендон Кари ми е мене фаворит и најверојатно и Мр. Олимпија.

Роли исто добар, големи шанси 2 да е ако ја погоди кондицијата.

Бонак страшна пропорција и тој исто да погоди кондиција.

Декстер 4то место според мене.

Сендоу 5то.
 
Кари е добар и елегантен во горниот дел, али му фалат комплет листовите, задната ложа на овогодинашниот Арнолд Класик му беше дури и послаба од таа на Бонак.
 
Кај кусите Флекс Луис оваа година нема да се натпреварува, а за догодина мислам ќе излегува со големите батки :) Не знам дали среди Хади со визата за САД за оваа година.
Мислам дека ова ќе биде една од најнеквалитетните мр олимпии во последните години.
Нема ништо со визата средено Хади и веројатно нема ни да среди, глупо е ама тоа е. Ненормален натпреварувач, добие ли виза ќе го избрише подот со сите во 212, па понатака веројатно ќе иде и во отворената класа со големите. Мислам дека би можел да го добие и Флекс во 212. Ама... да добие виза само.
Флекс за наредна година се спрема за во отворената и мислам дека ќе биде страшен, ќе почекаме ќе видиме.
 
Хаха тазе од фурна. Добил виза денес. Ауу ако се натпреварува во 212 очекувам да згази, ама можно е и во отворената да настапи зашто е квалификуван и таму. Доби натпревар со големите во Канада пред неколку недели. Ќе видиме.

https://www.youtube.com/watch?v=agcAWrbUfE8
 
@Кеплер
Хади со големите ќе настапи. Хмм, мислам дека требаше прво 212ката да ја сефтоса, али очекувам и овде да биде добар, мислам дека ќе влезе во топ 6. Да победи е премногу амбициозно во овој момент, али ај да видиме што ќе биде.
Според мене и нема да биде така слаба оваа Олимпија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom