BJJ - Brazilian jiu jitsu

Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
abe me sobori na zemja I so vratot pravo vo guilotine go fativ I go sweepnav pravo vo maunt I se predade toj
posle mi rekoja deka bilo zabraneto

Све зависи од тоа како си ја правел гилотината.
Ако ти си бил горе во mount, си држел гилотина зафат и си се исправил тогаш гилотината преминува во neck crank и тоа е забрането.

Како точно било најубаво е да го прашаш противникот. Ако зафатот го гушел тогаш е ОК, ако го мавал на врат, тогаш не е.

Еве ти список на техники што се дозволени/забранети по појас.

 
Член од
27 март 2006
Мислења
138
Поени од реакции
5
Нема оспорување дека и двата клуба имаат постигнато успеси, е сега не дека споредувам или било што али моето мислење е ова...

Roots - имаат квантитет и ги имаат освојувано регионалните турнири, што да бидеме реални не се толку тешки или предизвикувачки како некој турнир што е на европско ниво. Исто така ако отидеш на турнир и немаш никој во твоја категорија и автоматски земаш медал, па тоа баш и не е некој успех, извинете тие што сте од овој клуб не сакам никој да навредам, али таа е реалноста. Сепак не оспорувам дека сепак имате успех во турнири (пак ќе речам ова е мое мислење).

Carlos Maia - имаат повеќе на квалитет а малку на квантитет, но сепак прв медал на европско такмичење не е мала работа воопшто. Поготово кога ќе споредите, колкава е природната селекција на БЏЏ натпреварувачи кај нас, услови за работа итн. Искалкулирано тоа е огромен успех.


Се на се, највеќе мрзам да не почне некоја си омраза помеѓу клубовите што е македонска работа кој е подобар бла бла бла. Нормално добро е да се има ривалство али не во тој размер. Секој нека си го почитува клубот свој и другарите што се во тимот и тоа е тоа.
 
Член од
19 август 2013
Мислења
16
Поени од реакции
2
се мислам дали да се запишам на бјј па ..од семптеври почнуваат ссо уписи или ? како иде редот ???
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
на 15ти декември државно првенство во скопје :)
се гледаме таму :)
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Македонската БЏЏ Федерација, во соработка со Клубот Д Стронгест- Карпош и Општина Карпош го организира Првото Национално Првенство за Бразилска Џиу Џица во Република Македонија.
Се работи за спорт кој е релативно нов во Р. Македонија но во последните 2 години носи исклучителни резултати на меѓународно ниво. Бројните медали освоени од страна на македонските борци ја претставуваат Македонија во најдобро можно светло на меѓународната сцена.
На 15.12.2013 спортските љубители на Македонија ќе имаат шанса да сезапознаат со спортот во кој Македонија доминира на последните меѓународни турнири, особено во Источна Европа.
Турнирот ќе се одржи во О.У. Братство во општина Карпош, Скопје.
- Ќе се одржат натпревари во следните дисциплини:
1. БЏЏ борби со кимоно
2. Борби без кимоно

1. Во борбите со кимоно натпреварувачите ќе бидат класифицирани по нивниот ранг (бојата на нивниот појас) и нивната тежина. Тежинските категории се :
- 57кг, - 64кг, - 70кг, - 76кг, - 82кг, -88 кг, - 94 кг, - 100кг и +100 кг.

2. Во борбите без кимоно класифицирањето ќе биде само врз основа на тежинските категории.
Правилата и тежинските категории се по стандардите на IBJJF (International Brasilian Jiu Jitsu Federation).

Котизацијата изнесува 300 денари доколку се одбере само една дисциплина (со или без кимоно), а за натпреварувачите во двете дисциплини изнесува 400 денари.
Право на учество имаат само клубовите кои се дел од Македонската БЏЏ Федерација.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
^Карлос Маја не се дел од федерацијата ??
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Колку што сум запознат, не се.
реално кажано, најголемиот талент е во Рутс скопје и Карлос Маја македонија, другиве се нови школи од другиве градови и сметам дека ако беа двата тима на исто натпреварување спремен сум и да купам карта за да ги гледам :)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Зарем не е логично и нормално сите БЏЏ клубови да се во иста федерација?
 
Член од
3 април 2013
Мислења
175
Поени од реакции
75
Логично и нормално.
Ама Македонија е ова :)

Федерација не може и не смее да ја води клуб - Федерација мора да биде тело надвор од сите клубови и да го штити интересот на спортот.

Иначе појма немав дека Карлос Маја не се дел од Федерација - тоа е глупост за сите и од сите.

Катастрогфа сме.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
Има некој искуство со БЏЏ во Македонија? Дали Карлос Маја или Стронгест, кој и да е. Ме интересира какви се тренинзите и дали има манијаци што покрај тоа што е тренинг тие мислат дека се борат за медал па ќе ти откорнат рака. Малце сум скептик поради повредите, имам поранешно искуство со БЏЏ ама приватно, така да не сум тотален почетник.

И многу ми викаат абе кај ќе се тркалаш со неизбањати таму, има некој нешто да додаде на ова? o_O
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Стриктна полиса имаат клубовите за хигиена, и кој да ги одбериш нема да згрешиш.
Искрено јас тренирав во рутс и задоволен сум, имаш секакви луѓе таму и можиш лесно да научиш, највисок појас е виолетов, има 3-4 ца такви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom