Македонската БЏЏ Федерација, во соработка со Клубот Д Стронгест- Карпош и Општина Карпош го организира Првото Национално Првенство за Бразилска Џиу Џица во Република Македонија.
Се работи за спорт кој е релативно нов во Р. Македонија но во последните 2 години носи исклучителни резултати на меѓународно ниво. Бројните медали освоени од страна на македонските борци ја претставуваат Македонија во најдобро можно светло на меѓународната сцена.
На 15.12.2013 спортските љубители на Македонија ќе имаат шанса да сезапознаат со спортот во кој Македонија доминира на последните меѓународни турнири, особено во Источна Европа.
Турнирот ќе се одржи во О.У. Братство во општина Карпош, Скопје.
- Ќе се одржат натпревари во следните дисциплини:
1. БЏЏ борби со кимоно
2. Борби без кимоно
1. Во борбите со кимоно натпреварувачите ќе бидат класифицирани по нивниот ранг (бојата на нивниот појас) и нивната тежина. Тежинските категории се :
- 57кг, - 64кг, - 70кг, - 76кг, - 82кг, -88 кг, - 94 кг, - 100кг и +100 кг.
2. Во борбите без кимоно класифицирањето ќе биде само врз основа на тежинските категории.
Правилата и тежинските категории се по стандардите на IBJJF (International Brasilian Jiu Jitsu Federation).
Котизацијата изнесува 300 денари доколку се одбере само една дисциплина (со или без кимоно), а за натпреварувачите во двете дисциплини изнесува 400 денари.
Право на учество имаат само клубовите кои се дел од Македонската БЏЏ Федерација.