Бизнис со сирење од магарешко млеко

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
магарициве :) врв на нашето земјоделие. Не знае Европа што да прај од нашето говедско, свинско месо и македонско висококвалитетно кравјо млеко, ги удавивме у млеко...
Нека пробаат со камили. Со катарците сме вака...
 
Луки ми се допаѓа твоето мислење,поради тоа што сите во земјава гледаат нешто преквалитетно да произведат,а затоа и губат.
Искрено добра ти е идејава за ефтин алкохол,правилно размислуваш.
Нај Нај Нај идеологијата ни е остаток од едно друго време. Ние сме и правеме се Нај Нај Нај, само шо другите секојпат не заебуват. Не сме нија криви. :)
И за тоа треба знаење. :)

Ајде малку е оффтопик ама ќе ти објаснам, как одат работите. Моментално имам околу 3 хектара под овоштарници, и скоро 3 хектара под жито (Не ме држи за збор не сам ги сметал до квадрат).
Јас економис/бизнисмен со школо не сам. Ама со мојто скромно искуство сам разбрал горе доле как требе да се собира знаење. Прво и основно има книги, малко са скапи, ама наваѓат се, со слики за кроејне, болести, инсекти, и други работи околу овоштарниците. После, секојпат се пазе коа има дождове, и како се запрашува, ора, средува после дожд, у зависност колко е паднало, и какво е времето одма после врнејнето. Има тука интересни моменти, и човек требе да знаа ного убаво да прецене ситуација, и да не трча како прле пред магаре, и да не е скокотлив со дејствијата, да ора, да прска како улав за погрешните работи у погрешното време.
Од друга страна, јас годинешно праам промет на земјоделска аптека околу 90 000 денара (1500 евра). Јас коа прскам, или сеам жито јас не викам дај ми кутиичка од 200 денара и чао пријатно. Сигурно е 10ина вреќи ѓубре, нешто семенска стока, пестициди, хербициди, потхранувачи на лист, есенско/зимско/ранопролетно си е друга приказна. Јас имам малку земја под овоштарник, ама планираме да се ширеме. Ако со толку малку овоштарници и насади праам промет од толку пари, стави му оште 2 пати повеќе препарати (ако нараснам оште со 4 хектара) и се стига до магичната бројка од околу 5 000 евра. И сега секој земјоделски инжинер шо има земјоделска аптека би сакал да има муштерија како мен, оти ем плаќам редовно, а и 5 000 евра годинашно од мен за него и не е така мала бројка за Македонија. И не за џабе, оште сега секој од овија инжинери сака да седнеме да се напииме, да продискутираме нештата.. А сме енос Декември. Имам пријатели инжнери шо имат земјоделски аптеки, познавам инжинери шо секојпат са биле добредојдени да си наберат, да си апнат, или да ги частам вечера некаде додека дискутираме за какви мерки требе да се превземат.. Бизнисо тука шо го праате и претставувате пишете го ного на хартија, ногу теоретски и сувопарно го објаснувате. Тава е жива материја, требе нон стоп контакт со човеци, идеи, излеват нови препарати, како поарно е да се орат самите овоштарници, дали тревата штете, или користе, системите за наводнувајне дали помагат за поголем род, дали тај род е поквалитетен, итн. итн. итн. Требе си човечки ресурси, требе си Know-How, ентузијазам, и ного мислејне... Изјавите оти секој може да го праа тава, са у најмала рака детски и наивни.
 
Не ми се верува дека некои прави и озбилни калкулации за ваков бизнис....
--- надополнето: 12 декември 2012 во 11:45 ---
А за оние хумористичните :)
 
Не прашав за млеко од кобила дали може да се употреби за сирење, ете и ние да бидеме интересни на пазарот на Ѓоковиќ.
 
Не прашав за млеко од кобила дали може да се употреби за сирење, ете и ние да бидеме интересни на пазарот на Ѓоковиќ.
Којната имат само 2 боски на вимето, не дават ного млеко. У Азија е ного распространено низ номадите (Особено Кавказ, и Задкавказјето), прават кисело млеко, кефир, и други продукти од него.. Ного похранливо е од кравјото, ама исто како магарешкото, нема го у големи количини.
 
Којната имат само 2 боски на вимето, не дават ного млеко. У Азија е ного распространено низ номадите (Особено Кавказ, и Задкавказјето), прават кисело млеко, кефир, и други продукти од него.. Ного похранливо е од кравјото, ама исто како магарешкото, нема го у големи количини.
Лајк за тоа којната. :) Вчера не додржав да ти го прочитам ферманот, си легнав.Сабајле кога се разбудив (прва работа компјутер палам, па кафе пијам ), ти го прочитав ферманчето и останатите постови. .Арно си напишал, ти благодарам за трудот, стварно ме интересираше магарици како се одгледуваат. Николче е музел и јавал магарици по Скопјето ехеее, ама не е одгледувал.:LOL: Не ни планирам да се занимавам со овој бизнис, прво затоа што во град живеам немам ни педа земја, а второ нит знаење нит искуство имам, ниту пак познавам некој што има. Само чисто онака ме интересираше и ја отворив темата да продискутираме. :)

BTW гледам јак мајтап, сте се отвориле на темата. :D Од сабајле сте ме изнасмеале сте ми го отвориле позитивно денот, алал ви вера.:cuc: Ко ненормален се смеев во 7 саат, закаснив на факултет се заборавив читајќи ве. Вчера кога си легнав темата ја оставив со 2 страници и со помислата дека воопшто нема да има интерес, а денес гледам 10 страни одма знаев дека нешто интересно се случувало а јас сум пропуштил. :)
 
Добро,ај вака рачунај..
Колку кошта едно магаре?
Песто евриќа нека е..
А ти треба да купиш минимум 150 магарци..
Значи тоа му искача 75.000 еври..
Треба да ги музеш магарците со софистицирана машинерија,треба обработка за тоа сирење,сигурно не е 600 долари за џабе..Сигурно има посебни методи..
И ај,100 дена по едно кило 600 долари 60.000 долари,60.000 долари у еври е негде 40.000..
Значи пола пари за 100 дена си ги вратил..
Ама може магарец да умре,може да се разболи,може свашта..
Кога ќе видиш есап на крај,па и се исплати бе ова мајку му ебам..
Ја отидов да барам магарци.
150 е една магарица, Има у мариово колку сакаш магарици и магариња.
 
150 е една магарица, Има у мариово колку сакаш магарици и магариња.
Најдобрите магариња и магарици за молзење се во парламент односно во политичките партии.Таму ги има на кило и за евтини пари можеш да ги купиш и да си ги молзеш цел живот.Затоа мислам дека тие би биле најпрофитабилни за водење бизнис со магарешко сирење.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom