Бизнис со сирење од магарешко млеко

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Треба голема пара, не е само храната и добитокот, треба да основаш фирма, а во фирмата ќе мораш да имаш машини, пастеризатори, стерилизатори, калапи, сечачи, и многу други машини од кои што ќе можеш да го правиш сирењето, голем процес е и доста стручност треба. :)
Еднаш се купува тоа (инаку ти прашај го за тој дел колку ќе чини опрема за едно 30 магариња капацитет да не искочи дека само јас прашувам :D) чекај да видиме со храната тука ќе лежи трошокот.
 
:pos:
Luki Junior сине забраи трњето да ги калкулиреш у есапо :pos:
Трјната са деликатес и са за десерт. Не са уклучени у стандардното мени.. :icon_mrgr:

Алал да ти е Луки, ламја си. Ја иам животинче 10 пати полесно од бико твој па не можам да го додржам.
Туку што правеш ти со бик од 700 кила дома? Тренираш ли за матадор?
Не е мој дома, туку на еден пријател, шо го имаше и ми ја чинуваше кравата на времето.. И така да му помогнам, потфанах го да не мрда и лудува додека докторо го бушеше со инекции... Не тренирам за матадор, не можам да и ги поднесувам тија педерските униформи... За Родео Кловн Да. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

Околу 2100 денари за двете магарици за храна ќе ми треба месечно ако добро израчунав ?
Тури вода, тури дека ќе спијат, тури барем 3 пати на ден да ги надгледуваш, тури фрижидер за чувајне на млекото да не се расипе, купи квалитетна маја, па пази да не го прегрееш млекото за да не може да се фате, тури јадејне да имаш резерва оти може некојден повеќе да се истрчат па да повеќе гладни, па место дека да спијат, тимарејне, чешајне, 3 пати на ден да музеш...
Колку ситни нешта има шо не вредат пари а можат да ти утнат бизнисо... Есапо дома и на пазаро не е ист.
--- надополнето: 12 декември 2012 во 03:00 ---
На мен сточарстовото не ми е специјалност.. Најногу сам гледал 2 крави дома, и одвреме навреме сам правил кисело млеко... Не знам ништо за млекара, и производство на млечни продукти.
 
За Млекото сметај 25 литра за килце кашкавал. Магарица дава просек пола литар на ден. 30 дена 15 литра преку сила. Барем 2 магарици. А ќе изедат 30 килца житце двете, и бала сено за 2 дена ќе оде...
--- надополнето: 12 декември 2012 во 02:49 ---

Еми овците се повеќе и повеќе се намалуват, никој нејќе да смрде на овчовина и козарина.
Маркетинг и менаџмент сакаат да учат лујџето. :)

Мислев на 100 хектари чист бришан простор надвор од цивилизација и да биде прикладен терен, а не уџум во планина, 10 хектари се доволни за 1000 магарици/магариња.
Е тоа веќе е бизнис. :)
 
Е да, ама Маркетинг и Менаџмент нема да туре сиренце, кисело млекце, урда, јогуртче на трпезата.... Дојде дено македонија леб и млеко да увезува и никој муа не го лазе... Убавина...
100 хектари бришан простор тешко да ги добиеш ако не подмитеш некој у власта.
 
Изумреа сите занаети, имаме добра почва за се и сешто ама ние се увезуваме а ништо не произведуваме тоа е проблемот, и после имаме невработеност, е ќе имаме.
 
Е да, ама Маркетинг и Менаџмент нема да туре сиренце, кисело млекце, урда, јогуртче на трпезата.... Дојде дено македонија леб и млеко да увезува и никој муа не го лазе... Убавина...
100 хектари бришан простор тешко да ги добиеш ако не подмитеш некој у власта.
Луки ја читам темава и некако умот не ми дозволува за ваква глупост да размислувам,може да сумираме?

Ти како искусен земјоделец,сточар да бидеш љубезен и да ни одговориш дали е ова изводливо или смешно?

Морав да побарам мислење од стручно лице како тебе,да видам дали тврдењата ми се точни.:D
 
Трјната са деликатес и са за десерт. Не са уклучени у стандардното мени.. :icon_mrgr:

Не е мој дома, туку на еден пријател, шо го имаше и ми ја чинуваше кравата на времето.. И така да му помогнам, потфанах го да не мрда и лудува додека докторо го бушеше со инекции... Не тренирам за матадор, не можам да и ги поднесувам тија педерските униформи... За Родео Кловн Да. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

Тури вода, тури дека ќе спијат, тури барем 3 пати на ден да ги надгледуваш, тури фрижидер за чувајне на млекото да не се расипе, купи квалитетна маја, па пази да не го прегрееш млекото за да не може да се фате, тури јадејне да имаш резерва оти може некојден повеќе да се истрчат па да повеќе гладни, па место дека да спијат, тимарејне, чешајне, 3 пати на ден да музеш...
Колку ситни нешта има шо не вредат пари а можат да ти утнат бизнисо... Есапо дома и на пазаро не е ист.
--- надополнето: 12 декември 2012 во 03:00 ---
На мен сточарстовото не ми е специјалност.. Најногу сам гледал 2 крави дома, и одвреме навреме сам правил кисело млеко... Не знам ништо за млекара, и производство на млечни продукти.
TAKA TAKA TAKAAAAAA НЕМОЈ НИ СЛУЧАЈНО ДА СИ ПОМИСЛИЛ ДА КАЖУВАШ
какво трјне се дава даа биде млекото појако .
 
Луки ја читам темава и некако умот не ми дозволува за ваква глупост да размислувам,може да сумираме?

Ти како искусен земјоделец,сточар да бидеш љубезен и да ни одговориш дали е ова изводливо или смешно?

Морав да побарам мислење од стручно лице како тебе,да видам дали тврдењата ми се точни.:D

На хартија е изводливо, дури лион веќе направи анализата оти е евтино.
Јас искусен не сам, оти сам ного млад да се ставам у таа графа, ама имам бегла идеја как се движат нештата.

Изводливо е, за продукто има пазар. Ама требе да имаш доста почетен капитал, еден куп стандарди, сертификати, дебели нерви, и други слични карактеристики потребни за бизнис у Македонија.
Практично, нема човек од Мајка роден шо моментално би се нафатил на тај пипав и несигурен бизнис у овај момент. Има премногу нешта шо требе да се земат у предвид, и премногу нешта можат да се згрешат од незнаејне, неискуство, државни пречки, итн. Говореме за големи животни шо дават малку млеко, и тава доста тенко и посно млеко. Јас не знам дали и регуларните методи на потсирувајне ќе работат всушност... Само погледни колку време и требе на Азијците да прават Кефир од Којнско Млеко.. Магарешкото е оште потенко, и послабо од којнското.. Не бива човек да се лаже оти цената на кашкавало е висока, и одма ќе жние милиони..

TAKA TAKA TAKAAAAAA НЕМОЈ НИ СЛУЧАЈНО ДА СИ ПОМИСЛИЛ ДА КАЖУВАШ
какво трјне се дава даа биде млекото појако .

Ааа тава е професионално/деловна тајна.
 
На хартија е изводливо, дури лион веќе направи анализата оти е евтино.
Јас искусен не сам, оти сам ного млад да се ставам у таа графа, ама имам бегла идеја как се движат нештата.

Изводливо е, за продукто има пазар. Ама требе да имаш доста почетен капитал, еден куп стандарди, сертификати, дебели нерви, и други слични карактеристики потребни за бизнис у Македонија.
Практично, нема човек од Мајка роден шо моментално би се нафатил на тај пипав и несигурен бизнис у овај момент. Има премногу нешта шо требе да се земат у предвид, и премногу нешта можат да се згрешат од незнаејне, неискуство, државни пречки, итн. Говореме за големи животни шо дават малку млеко, и тава доста тенко и посно млеко. Јас не знам дали и регуларните методи на потсирувајне ќе работат всушност... Само погледни колку време и требе на Азијците да прават Кефир од Којнско Млеко.. Магарешкото е оште потенко, и послабо од којнското.. Не бива човек да се лаже оти цената на кашкавало е висока, и одма ќе жние милиони..
Изводливо на хартија дома,а математиката дома и на пазар не е иста.

Искрено доколку имаш капитал од 150.000 евра и 7-8 хектари земјиште би се нафатил во ова да инвестираш или во нешто друго проверено?
 
Ќе те поебат ВМБЛОВЦИВЕ :pos: заеби нивни пресметки .Ај нема везе јас чалгии ќе викнам пред идризово, оваа ќе ти ја свирам и пејам заедно со чалгиите. Немој многу многу со лиони цитровци и остала ВМБЛО багра да се фаќаш.
Кореографија -Љандра ќе игра у позадина :icon_lol:
 
Изводливо на хартија дома,а математиката дома и на пазар не е иста.

Искрено доколку имаш капитал од 150.000 евра и 7-8 хектари земјиште би се нафатил во ова да инвестираш или во нешто друго проверено?
Ако имам 150 000 евра (Земјата имам 6 хектара некаде) би купил оште 2 хектара (10 000 евра), Направам разладни комори објектче до 120-150 тона со опција за погон на конзервирајне и сушејне овошје, и зеленчук, (евентуално за производство на евтин алкохол), Сејам сливи се под ред, и си настранувам капата. Кој сака нека му рикат магариина у главата.. Јас ќе одам стриктно на квантитет производство и извоз на храна со тони... Не би се замарал со магариина и кашкавал.. Ако се разболе магаре мора ветеринар.. А овоштарниците можам сам да видам каква е болката, и сам да го аплицирам леко за болестите.

Знам ного арно какви са пресметките... И знам оти млатат празна слама со бројки и цитати...
 
Луки ми се допаѓа твоето мислење,поради тоа што сите во земјава гледаат нешто преквалитетно да произведат,а затоа и губат.
Искрено добра ти е идејава за ефтин алкохол,правилно размислуваш.
 
Читам и неможам да се изначудам:eek:

Ќе купел 150 магарици по 500 евра и за пола година ќе си ги врати парите од продавање магарешки кашкавал/сирење...

Абе знаете колку чини една бала сено/лонџа? -200 денари/300 денари. На ден по едно магаре да ти јаде една бала(а ќе јаде) само за сено не ќе можеш на крај да излезеш. Па кај е штала, механизација, молзилки, вода системи - одвод/довод, јачмен/жито/пченка, ветеринар и милион ситници.

Ај сеа прерачунајте дали ќе ви се исплати! Запазете за две години од една магарица ќе имате кило сирење.

Или да ве пренасочам на нешто по разумно шо се вика КРАВА.

Дава 30 литри млеко на ден х 23 денари плус субвенција 2,5 ден по литар, 30 дена во месецот, 270 дена во годината. За останатите три месеци раѓа теле со пазарна вредност 500 јура;)

Е ај сеа соочете 150 магарици vs 150 крави!
 
Ако имам 150 000 евра (Земјата имам 6 хектара некаде) би купил оште 2 хектара (10 000 евра), Направам разладни комори објектче до 120-150 тона со опција за погон на конзервирајне и сушејне овошје, и зеленчук, (евентуално за производство на евтин алкохол), Сејам сливи се под ред, и си настранувам капата. Кој сака нека му рикат магариина у главата.. Јас ќе одам стриктно на квантитет производство и извоз на храна со тони... Не би се замарал со магариина и кашкавал.. Ако се разболе магаре мора ветеринар.. А овоштарниците можам сам да видам каква е болката, и сам да го аплицирам леко за болестите.

Знам ного арно какви са пресметките... И знам оти млатат празна слама со бројки и цитати...
И за тоа треба знаење. :)
 
Додека вие се думате македонец во србија го има развиено овај бизнис пред 5 и кусур години. Ги купил сите магарчина овде низ селава по 100е :)
Цената навистина е 1000е на кг сирење, а за да направиш 1кг сирење потребно 25кг млеко(две до две и пол години од 1 магарица).
Млекото е премногу лековито и се конзумира исклучиво сирово, јас лично како мал два месеци одев на лекар за кашлица и никако не поминуваше, откога испив само 0.25мл магарешко млеко во три дена кашлицата помина (не е реклама ова )
Ова млеко има 60 пати повејќе Ц витамин од кравјото млеко, витамин А и Д, помага околу алергија, астма, болести на плујча, го зајакнува имунитетот и е одличен афродизијал
И немој да мислите дека сето ова сега е измислено во Груизмов грр
За ова млеко има пишувано и Хипократ, во Грција на големо му се давало на децата во минатото.
Римјаните го користеле за нега на кожата, а се смета дека и Клеопатра се капела во млеко од илјада магаричина за да ја задржи убавината. Не е ни чудо зошто Клеопатра каде и да оди со себе носела 500-1000 магарина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom