Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Не го отвора конкретниот настан, за шо се работи точно?

Бидете дел од првиот фестивал за оваа година, воедно и најголемиот настап на светски познатиот DJ Nick Kapa кој специјално за вас на 26ти Aприл ќе настапи на Ракометно игралиште - Битола
Заборавете ги проблемите, отворете го срцето и подгответе се да присуствувате на најубавиот момент оваа година.

Line up
DJ Ricardo Hernandez
DJ Bobba Funk
DJ Zarkotech
DJ De La Cruise
DJ KxLer

Влез 20:00 часот.
Почеток 21:00 часот.
 
AД ЕЛЕМ, го представи проектот за топлификација на Битола,
извести Денар
http://denar.mk/47702/ekonomija/ad-elem-go-pretstavi-proektot-toplifikacija-na-opstina-bitola
Директорот на ЕЛЕМ изјавил: Физичката реализација на проектот топлификација на Битола ќе почне на стартот на 2015 година, а придобивките ќе се почувствуваат во 2017 година кога секое домаќинство ќе може да користи топлинска енергија од РЕК Битола.
 
AД ЕЛЕМ, го представи проектот за топлификација на Битола,
извести Денар
http://denar.mk/47702/ekonomija/ad-elem-go-pretstavi-proektot-toplifikacija-na-opstina-bitola
Директорот на ЕЛЕМ изјавил: Физичката реализација на проектот топлификација на Битола ќе почне на стартот на 2015 година, а придобивките ќе се почувствуваат во 2017 година кога секое домаќинство ќе може да користи топлинска енергија од РЕК Битола.


http://tvorbis.com.mk/index.php/ves...em-ja-definiraat-trasata-na-toplovodot-od-rek

http://www.tera.mk/index.php/vesti/aktuel/79581-6-izjava-za-toplovodot


Јас ќе речам само едно кој е улав нека верва во ова !
 
Тандем за успеси...:pos:
 
Еј а шо е финтата со француското знаме шо е поставено пред Тајм кафичот кај Кеопс центарот?..дури денес го заприметив и е онака чудно ми падна дека пред кафич
 
Еј а шо е финтата со француското знаме шо е поставено пред Тајм кафичот кај Кеопс центарот?..дури денес го заприметив и е онака чудно ми падна дека пред кафич
Не е француско, туку италијанско знаме. ;)
Таму до игротеката има италијански ресторан, зато е знамето.
 
Не е француско, туку италијанско знаме. ;)
Таму до игротеката има италијански ресторан, зато е знамето.

Дека на вечер го видов и изгледаше како француско ..денес денски дури увидов дека италјанско е ама неможев да си го попрам постот :D
 
Започнува со функција Б-зоната од зонското паркирање во Битола

Битола го доби редот во сообраќајот и паркинзите благодарение на зонското паркирање( :facepalm: ) кое од 21 ноември функционира во Градот на Конзулите. Досега во функција беше само А-зоната , а наскоро ќе се плаќа и за паркинг во Б-зоната.



Од денес започнува едукативен период кој ќе трае до 28 Мај, а се однесува на прилагодување на луѓето кон старо/новообележаните места. Од 28 Мај започнува и наплатата.

Цената за првите 2 часа паркирање во периодот од 07 до 17 часот ќе биде 20 денари, а секој нареден час плус 30денари, или за 3 часа 20+30=50 денари.

Од 17 до 22 часот првите 2 часа паркирање ќе бидат 10 денари, а секој нареден час плус 30 денари, или за 3 часа 10+30=40 денари.

Во периодот од 22 до 07 часот е период без наплата.

Првите 15 минути се слободни, без наплата и корисниците на паркинг услугата во тој период не се должни да го пријавуваат паркирањето односно да испраќаат СМС пораки или да поставуваат билет грепка, доколку планираат да не се задржуваат подолго од 15 мин.

Но доколку планираат да се задржат подолго од 15 мин, должни се во тој период од 15 мин да го пријават своето паркирање, преку испраќање на СМС порака во форматот и на бројот кој е наведен на информативните табли или уредно да постават изгребана билет грепка.

Жителите можат да аплицираат за станарски карти по цена од 200 денари за прво возило и 300 за второ возило.

Вработените во правни субјекти со седиште во зоната/подзоната можат да аплицираат за паркинг карта која се однесува на подзоната по цена од 1000 денари/месечно.



Со проектираните сообраќајни решенија за зонско паркирање на јавни површини

во Општина Битола – ЗОНА B (втора зона) е организирано во 8 подзони .



Паркирањето во подзоните е организирано на следните улици:

Подзона B1 – улично паркирање на Булевар 1ви Мај, од „Судот“ до „Црн Мост“

од левата страна и од куќен број 21 до „Црн Мост“ од десната страна во насока

на движење на возилата;



Подзона B2 – улично паркирање на Булевар 1ви Мај, односно надолжно

паркирање од левата страна во насока на движење на возилата од „Црн Мост“

до „Судот“;



Подзона B3 – улично паркирање на Улица Влатко Миленкоски, односно

надолжно паркирање од десната страна во насока на движење на возилата од

„Зграда Грозд“ до „Митрополијата“;



Подзона B4 – улично паркирање на Улица Батаљон Стив Наумов, односно

надолжно паркирање од двете страни на улицата од крстосница со Улица Филип

2-ри Македонски до крстосница со Улица Прилепска;



Подзона B5 улично паркирање од двете страни на Улица Димитар Илиевски

Мурато. Гледаноод крстосница со Улица Никола Тесла кон крстосница со Улица

4-ти Ноември;



Подзона B6 – улично паркирање на Улица Цар Самоил, односно надолжно

паркирање од десната страна во насока на движење на возилата од куќен број

22 до „Финансов“;



Подзона B7 – улично паркирање на Булевар 1ви Мај, односно надолжно

паркирање од левата страна во насока на движење на возилата од „Нептун“ до

куќен број 286, од дестата страна просторот пред Зградата на Зоил Македонија,

и надолжно и косо паркирање под агол од 45 степени на просторот помеѓу Зградата на

Зоил Македонија и училиштето Кирил и Методиј;



Подзона B8 – улично паркирање на Улица Македонска Фаланга, односно

надолжно паркирање од левата страна во насока на движење на возилата од

куќен број 19 до „Кафе бар Тач“;
 
Кај се овие улици бе?
 
http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/3030-bitola-prodolzuva

Битола продолжува со негативната стапка за природен раст. Според податоците на државниот завод за статистика природниот прираст на населението за првото тромеечие е зголемен за 4,4%, но за жал состојбата во Битола се уште е негативна. Загрижуваат последните податоци на Државниот завод за статиститка во врска со природниот прираст на населението во првото тромесечие од годината , што се однесуваат за нашиот град . Битола продолжува со негативна тенденција на природниот прираст и тој во првото тромесечие од годината изнесува -84 и е на првото место во државата по негативен прираст. Статистика бележеи 231 родено бебе наспроти 315 умрени лица. Битола заедно со Карпош, Прилеп, Велес, Кочани и Охрид е во реот на општините што имаат најмал наталитет, додека Тетово, Чаир, Сарај, Куманово и Студеничани се општини со најголем наталитет. Според податоците на Заводот за статистика наталитетот е помал кај оние општини кладе се бележи зголемување на бројот на разводи и обратно. Во нашата општина се склучиле 70 бракови додека 29 се развеле. На ниво на држава наталитетот бележи пораст од 4,4% во споредба со истиот период од лани, но исто така се бележи и зголемување на умрените со 6,2%. И покрај мерките што Владата ги презема за зголемување на наталитетот на населението до сега , барем во нашиот град,не се забележани позитивни промени.Еве го мислењето на битолчани за овој проблем. „Битолчани сметаат дека треба да се пронајдат дополнителни мерки со чија помош ќе се зголеми наталитетот на населението“. Можеби е потребна да се изработи стратегија на локално ниво и на овој проблем да се гледа како суштинскли, затоа што нема да се чека долго Битола да стане град на старци. На оваа појава сигурно придонесува и тоа што голем број на млади луѓе се иселуваат и ја бараат својата среќа надвор од битола , а и надвор од границите на државата. Но и оние млади луѓе што остануваат не стапуваат во брак или тоа го прават доцна. Целокупната економска состојба во градот и државата , големата невработеност се едни од најбитните фактори што директно влијаат на наталитетот на населението

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom