Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Граѓаните прашуваат: Како против загадувањето на воздухот во Битола?

vozduh5.jpg

Ова е школски пример на манипулација со јавноста.
1. Манипулира кој е изворот на веста:
(Немајќи начин како да го искажат своето мислење и она од што најмногу стравуваат, секојдневно испраќаат мејлови до медиумите и интернет порталите.
Такво едно писмо добивме и ние, во кој еден граѓанин на Битола прашува- Со какви мерки против загадувањето на воздухот во градот?) - Гледате дека нема извор на информацијата
2. Манипулира со обемот на загадувањето:
( Работата е крајно сериозна– се работи за катастрофална ситуација која и тоа како се одразува на здравјето на сите кои живеат во овој регион, страдаат и млади и стари, нашите деца... Jавноста која со право очекува итни мерки за д а се намали загадувањето на воздухот во градот кое беше во алармантни размери дури и во летните месеци на минатата 2013 година.) - Како што гледате тука нема податоци освен дека ситуацијата е „ крајно сериозна “ а страдаат и млади и стари
3. Манипулира со причините за наводното загадување
( Како главни фактори кои доведуваат до загаденоста на воздухот се споменуваат: Рударско-енергетскиот комбинат Битола, употребата на печки на дрва за греење, стари возила и застарен возен парк на градскиот превоз. )
4. Но делот во кој се препорачуваат мерките против загадувањето го открива идентитетот на авторот на овакви „ информации “
Под итно да се вратат во употреба котлите за парно греење и да се отпочнат активности за проширување на централното греење во сите делови на градот, вклучувајќи ги и индивидуалните објекти за домување.
.....
Други проекти на кои треба засилено да се работи е гасификацијата и на нашиот регион, што поскоро, како и можноста за искористување на топлотната енергија од РЕК Битола за централното греење во градот, проект за кој се зборува со години, но никако да се реализира во пракса.

Очигледно зад ова стои - ТОПЛИФИКАЦИЈА
 
Дневник пишува дека се подготвува проект за Топлификација на Битола. Пред некој ден ги сменија директорите во ЕЛЕМ но и новиве се со ист памет - ум не им доаѓа
http://dnevnik.mk/?ItemID=6AC60374A6023749B2A01D131EC306CC
 
На Тера па кој стигна емисија напрај хаха, нека го викни Паљото Двојче за гостин и нека го праша за проектите шо ги планираше. :D
 
знај некој кога ќе се отвора кеопс ? и дали ќе се прај до него уште едно како шо се збораше? веќе има табла connect 2 ,значи би требало за брзо да се отвори
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE
Кај е Подрачното одделение на ДИК во бт? Пиши дека е на Булевар 1 - Мај без број. кој е тој број :)
 
Ќе се реактивира спортско- рекреативниот комплекс „Довлеџик“

ЈП „Стржево“ Битола ќе го реактивира спортско-рекреативниот комплекс „Довлеџик“ во чиј состав се ресторан, базен, диско клуб и неколку спортски терени лоцирани во истоимената населба Довлеџик во Нова Битола.


240bazen.jpg

Како што најави денеска генералниот директор на „Стрежево“ Марјан Ѓероски, со одлука на Управниот одбор на претпријатието, ресторанот ќе биде даден под наем, а годинава, по една деценија пауза, повторно ќе биде отворен базенот кој ќе може да го користат сите посетители во месеците јули и август.


-Одлучивме да извршиме и пренамена на просторот над базенот кој е на површина од над 5.000 квадратни метри, а на кој во моментов има две тениски и едно кошаркарско игралиште, но и мал базен. Според првиот план, ќе изградиме аква-парк, а според вториот план може да се изгради уште еден базен, но решението ќе зависи од предлогот на архитектите и можноста да ја прошириме површината со откуп на околното приватно земјиште како би стигнале до површина од околу 10.000 квадратни метри, рече Ѓероски на прес-конференција.

Предвидените активности ќе се реализираат по принципот на јавно приватно партнерство во 2015-та, додека годинава ќе биде отворен базенот и ставен во функција ресторанот.

ЈП „Стрежево“ пред неколку месеци ја рестартира жичарницата и го отвори неколку години затворениот зимски скијачки комплекс над селото Нижо Поле.

Извор: МИА

http://kurir.mk/republika/opstini/1...03589104677166":"og.likes"}&action_ref_map=[]
 
Кај е Подрачното одделение на ДИК во бт? Пиши дека е на Булевар 1 - Мај без број. кој е тој број :)
Vidi gore vo barakite nad Crn Most kaj kruzniot tek nesto vodovod ili sto ima tamu ..ili probaj po sigurno kaj Borovo kaj sto berat potpisi za kandidatite za sekoj izbori[DOUBLEPOST=1393087984][/DOUBLEPOST]
Mi se :sick: od ovaj selanecot ko dojde da ni ja resava sudbinata sega ke prael akva park be ama edna godina ke spremale dokumentacija isto kako za zatvoreniot bazen za sportsksta sala za stadionot katnite garazi aerdrom gasifikacija zelezniska pruga avtopat turizam vo nize pole itn ...a dobivme samo findzali i zonsko parkiranje i privatni zgradi vo kasarnata :mad:
 
Последно уредено:
^ Ги знам овие...
Јес да се идиоти шо снимале и шо клале на јутуб ама овие па пошути се шо статија прат.
 
ТВ Орбис сподели линк.

ЗЛАТНИ ТРОШКИ ЗА БИТОЛА

Кога слуша човек што се се гради или ќе се гради низ земјата, не може да остане рамнодушен. Не може да не се радува на новите автопатишта, на проектите за гасификација на скопскиот регион, на напорите за урбанизација на секоја педа, на надежите Македонија наскоро да стане препознатлива зимска дестинација. Штета што во сите најави и проекции за поубава Македонија, Битола никаде ја нема. А, ако и се верува на статистиката, тогаш битолчани имаат 600 милиони причини да имаат повеќе од трошките што ги добиваат.
Пресметките велат дека најголемиот производител на електрична енергија во земјава, РЕК Битола поддржан од останатите индустриски капацитети во градот, учествуваат со околу 600 милиони евра во ќесето на Република Македонија, секоја година. Да беше скинато ќесето што се чува во Скопје, досега повеќе пари ќе капнеа во Битола. Но, наместо соодветниот надоместок, извршната власт и претпријатијата во државна сопственост се одлучуваат за мастер планови за развој на Попова Шапка, панорамски тркала во центарот на, како што велат германците, историскиот Дизниленд, мегаломански кули на ридот на кој дрвце не остана.
Не дека Битола ништо не добива. Имаме по најмалку еден новозаболен од рак секоја седмица, патуваме до Скопје по необележани патишта, имаме и фабрика во Индустриската зона Жабени која не ќе беше ако Владата мистериозно не замешаше прсти во инвестицијата. Гледано од таа перспектива, можеби е премногу битолчани да сакаат да добијат скијачки центар на најјужната алпска планина, пари за свлечиштето на Пелистер, вештачки снег на Копанки, уште една жичарница. Можеби градовите од внатрешноста погрешно го толкуваат Законот за рамномерен развој кој веќе седум години предвидува повеќе пари за регионите кои не се развиени на ниво како што е најмалиот во репуликата. Можеби 600 милиони евра секоја година во државниот буџет се премалку, за и Битола да се најде во фокусот на вниманието на чичковците што ги кројат капиталните расходи во земјава. Трошките што досега ги добиваа битолчани, дали заради долгиот период кој поминува, дали заради случувањата во регионот и светот, се чинат премалку и премали за вториот град во републиката. Тоа барем беше Битола во Титова Југославија.


http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/4214-zlatni-troski-za-bitola

p.s.жал ми е ама Менде ако продолжи со вакви реални прилози и свои мислења се ми се чини дека ќе го избркаат од работа :cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom