Незнаев каде да го постирам па морав тука

Кристоф Најдовски, чии родители имаат македонско потекло, е кандидат за градоначалник на Париз, на изборите што ќе се одржат на 23 и на 30 овој месец.
Најдовски ја предводи листата на партијата на Зелените.
Неговите родители во 1968 заминале од родната Битола и се преселиле во Париз, каде една година подоцна, во 1969 се раѓа тој. По матурирањето студирал економија, а во 1993 година станува член на Партијата на зелените.
- Моите родители научиле француски јазик на училиште, па дошле во Париз, во хостел, со само еден куфер - изјави Најдовски за францускиот весник „Либерасион“, додавајќи дека се чувствува како парижанец, но и како граѓанин на светот.
Приоритет на Најдовски е да ја намали кризата со домувањето, односно недостигот од куќи. За таа цел, тој предложи да претвори 6.000 неокупирани деловни простории во станови. На шести февруари Најдовски демонстрираше со невладини организации со цел да повика да се трансформира во место за живеење шесткатна зграда во центарот на Париз, која се реновира. Како што објавуваат медиумите, Најдовски сонува да изгради трамвај по течението на Сена, за да се поврзат источните и западните предградија.
Најдовски, исто така, ги поддржува правата на ЛГБТ заедницата и како знак на поддршка тој јавно се бакна со маж пред фоторепортери.