http://tvorbis.com.mk/index.php/ves...storiski-minimum-na-bitola-vo-izvrsnata-vlast
Ниту еден битолчанец не се најде на списокот со заменици министри што премиерот Никола Груевски денес го испрати до парламентот. Од извршната власт отпадна и досегашниот заменик министер за земјоделие, Зоран Коњановски, со што боите на Битола во новата Влада, остана да ги брани само министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Битола го достигна историскиот минимум според застапеноста во извршната власт во Република Македонија. Само еден министер по потекло од конзулскиот град, ќе ги брани боите и интересите на своите сограѓани во Владата, а за разлика од сите досегашни највисоки извршни тела на земјава, овојпат ќе нема ниту еден заменик министер од Битола. На списокот што Премиерот Никола Груевски денес го испрати до Парламентот го нема ниту името на досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски. Така, во првиот ешалон на извршната власт, следните четири години, вториот град по големина во државата, кој носи повеќе од 600 милиони евра секоја година во државната каса и повеќе од 20.000 гласови за победничката партија, ќе биде застапен со само еден министер од вкупно 25 – мина. Во вториот ешалон, пак, ќе нема ниту еден помеѓу 15 заменици министри во Владата на Република Македонија. Новинарот Зоран Петров од Демократскиот сојуз ја напушта заменичката функција во ресорот за надворешни работи, а на негово место доаѓа неговата сопартијка Драгана Кипријановска. Нов заменик министер за одбрана е екс-пратеникот на ДУИ, струшкиот лекар Арбен Лабуништа, додека досегашниот втор човек во овој ресор и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев седнува во пратеничките клупи. Досегашниот министер за образование Спиро Ристовски веќе му ја препушти фотелјата на Абдулаќим Адеми, но останува во ресорот како негов заменик. Ново име е Ниметула Хаљими, кој е предложен како заменик на досегашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, додека во ресорот локална самоуправа ќе седне Љупчо Пренџов од ГРОМ. На заменичкото место во ресорот земјоделие седнува поранешниот директор на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски. Во останатите ресори остануваат старите кадровски решенија. Во Министерството за внатрешни работи Земри Ќамили од ДУИ, додека досегашната заменичка за правда Билјана Бошковска - Бричковска и натаму ќе му биде десна рака на министерот од ДУИ, ама наместо на Блерим Беџети, сега на Аднан Јашари. Министерот за финансии Зоран Ставревски и натаму ќе ја продолжи соработката со Ардијан Џеладини, а нема промени ниту во ресорот за економија, каде останува досегашниот заменик Христијан Делев. Во Министерството за здравство и натаму втор човек ќе биде Јовица Андоновски, а истото кадрвоско решение од партијата на Амди Бајрам, останува и во труд и социјала Ибрахим Ибрахими, кој порано беше и заменик министер за правда. Во ресорот за информатичко општество и јавна администрација повторно доверба и е дадена на Марта Арсовска Томовска, додека во ресорот за животна средина, заменичкото место повторно го доби Стево Темелковски. Од 15 заменици министри на број, има новајлии во шест ресори. Некои од нив се резултат на сменените ресори со коалиционите партнерии, но дел и заради други причини, а во поделбата на места, влегува и партијата на Стевче Јакимовски -ГРОМ. Именувањата се очекува да се случат на собраниската седница закажана за в четврток 10 јули.
[DOUBLEPOST=1404915619][/DOUBLEPOST]
http://tvorbis.com.mk/index.php/ves...vledjik-profunkcionira-po-dolgogodishna-pauza
По повеќе од 10 години пауза, денес официјално стартуваше со работа базенот Довлеџик еден од препознатливите белези за битолчани. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во големиот базен, да се рекреираат на тениското и кошаркарското игралиште кои се целосно обновени, а за неколку дена ќе бидат пуштени во функција и шанковите.
Вчера, откако Јавното претпријатие Стрежево ја доби дозволата од Центарот за Јавно здравје дека водата ги усполнува сите услови за безбедно користење, по повеќе од 10 години пауза повторно базенот Довлеџик е вратен во функција. Тој е целосно исчистен и уреден така што некогаш најпознатото рекреативно катче на битолчани да блесне во стариот сјај.
„Базенот не беше во функција повеќе од 10 години. Заложбата првично беше да се среди, беше во катастрофална состојба. Базенот беше тотално испразен и исчистен со потребните хемикали. Се чисти редовно, а водата ги исполнува сите критериуми што се бараат во Центарот за Јавно Здравје и регулативите на Р.Македонија за користење на базен“ – изјави Александар Ѓеорѓиевски, раководител на спортски објекти во ЈП Стрежево.
Базенот Довлеџик е долг 170 метри, широк 70 метри, длабок 2,20, а го обезбедуваат лиценцирани спасувачи од Црвен Крст од Охрид кои се распоредени на 4 пунктови. Посетителите ќе имаат можност да се рекреираат на тениското и кошаркаското игралиште, а летните шанкови ќе почнат со работа за една недела.
„Ресторанот на базенот веќе е во реконструкција па за еден месец би требало да биде пуштен во функција. Наредните денови очекуваме да заврши постапката за издавање на шанковите на базенот и за една недела и тие ќе почнат со работа.“ истакна Ѓеорѓиевски.
Базенот Довлеџик ќе работи секој ден од 10 до 18 часот, а цената на влезницата изнесува 60 денари. Тениското и кошарското игралиште кои се целосно обновени оваа година граѓаните можат бесплатно да ги користат
p.s.ova ti se vika radvaj se kure na pijana zena da en recam ebavna rabotena nekoja kruva ...dodeka vo drugite gradovi se gradat akva poarkovi skejt parkovi i trista cuda nie pak go sanirame bazenot dovlezik

i uste kako uspeh go kazuvaat

gtovo e bre luge vadete paosisi i begajte od ovaa prokleta drzava i ovaj prokolnat grad Bitola !