Започнува со функција Б-зоната од зонското паркирање во Битола
Битола го доби редот во сообраќајот и паркинзите благодарение на зонското паркирање(
) кое од 21 ноември функционира во Градот на Конзулите. Досега во функција беше само А-зоната , а наскоро ќе се плаќа и за паркинг во Б-зоната.
Од денес започнува едукативен период кој ќе трае до 28 Мај, а се однесува на прилагодување на луѓето кон старо/новообележаните места. Од 28 Мај започнува и наплатата.
Цената за првите 2 часа паркирање во периодот од 07 до 17 часот ќе биде 20 денари, а секој нареден час плус 30денари, или за 3 часа 20+30=50 денари.
Од 17 до 22 часот првите 2 часа паркирање ќе бидат 10 денари, а секој нареден час плус 30 денари, или за 3 часа 10+30=40 денари.
Во периодот од 22 до 07 часот е период без наплата.
Првите 15 минути се слободни, без наплата и корисниците на паркинг услугата во тој период не се должни да го пријавуваат паркирањето односно да испраќаат СМС пораки или да поставуваат билет грепка, доколку планираат да не се задржуваат подолго од 15 мин.
Но доколку планираат да се задржат подолго од 15 мин, должни се во тој период од 15 мин да го пријават своето паркирање, преку испраќање на СМС порака во форматот и на бројот кој е наведен на информативните табли или уредно да постават изгребана билет грепка.
Жителите можат да аплицираат за станарски карти по цена од 200 денари за прво возило и 300 за второ возило.
Вработените во правни субјекти со седиште во зоната/подзоната можат да аплицираат за паркинг карта која се однесува на подзоната по цена од 1000 денари/месечно.
Со проектираните сообраќајни решенија за зонско паркирање на јавни површини
во Општина Битола – ЗОНА B (втора зона) е организирано во 8 подзони .
Паркирањето во подзоните е организирано на следните улици:
Подзона B1 – улично паркирање на Булевар 1ви Мај, од „Судот“ до „Црн Мост“
од левата страна и од куќен број 21 до „Црн Мост“ од десната страна во насока
на движење на возилата;
Подзона B2 – улично паркирање на Булевар 1ви Мај, односно надолжно
паркирање од левата страна во насока на движење на возилата од „Црн Мост“
до „Судот“;
Подзона B3 – улично паркирање на Улица Влатко Миленкоски, односно
надолжно паркирање од десната страна во насока на движење на возилата од
„Зграда Грозд“ до „Митрополијата“;
Подзона B4 – улично паркирање на Улица Батаљон Стив Наумов, односно
надолжно паркирање од двете страни на улицата од крстосница со Улица Филип
2-ри Македонски до крстосница со Улица Прилепска;
Подзона B5 улично паркирање од двете страни на Улица Димитар Илиевски
Мурато. Гледаноод крстосница со Улица Никола Тесла кон крстосница со Улица
4-ти Ноември;
Подзона B6 – улично паркирање на Улица Цар Самоил, односно надолжно
паркирање од десната страна во насока на движење на возилата од куќен број
22 до „Финансов“;
Подзона B7 – улично паркирање на Булевар 1ви Мај, односно надолжно
паркирање од левата страна во насока на движење на возилата од „Нептун“ до
куќен број 286, од дестата страна просторот пред Зградата на Зоил Македонија,
и надолжно и косо паркирање под агол од 45 степени на просторот помеѓу Зградата на
Зоил Македонија и училиштето Кирил и Методиј;
Подзона B8 – улично паркирање на Улица Македонска Фаланга, односно
надолжно паркирање од левата страна во насока на движење на возилата од
куќен број 19 до „Кафе бар Тач“;