BinBin - апликација за изнајмување електрични тротинети

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Кој вели дека нема закон за движење на пешаци по пат каде што нема тротоар? Ти изгледа за возачка немаш полагано.
Абе каква возачка глеаш како вика бафра тргнеш пред тебе пешак застанеш. Шо појке.
 
Кој вели дека нема закон за движење на пешаци по пат каде што нема тротоар? Ти изгледа за возачка немаш полагано.
Немам полагано, онака го дадов како пример. Сакам да кажам дека човечки е да подзастанеш, да се свртиш, да имаш осет околу тебе, што се дешава. Еве ти, ајде сам се заебав со примерот. Кажи ми за следнава ситуација, кој закон стапува на сила кога имаш човек/дете на велосипедска, а ти си возиш со 25 на час? Дали пишува некаде дека задолжително морам да застанам? Ако нема таков закон, немој да се лутите кога некој со точак ќе се забие во друг човек, бидејќи тоа не е регулирано.
 
Регулирано е. Што мајка бара пешак на велосипедска патека.
 
Епа добро, ако на регионален/селски пат нема тротоар, тогаш ни пешаците не смеат да одат покрај него. Односно секој има право да ги прегази и да не биде казнет. Или некаде некое дете ако претрча преку улица каде не е пешачки, имам право да го згазам, бидејќи по закон не би требало да бидам виновен нели? Кога нема предвидено закон, тогаш се употребува човечното во тебе.

Не правам проблем ни за пречка на патот, ни ако луѓе се зазбореле, нити па ако некој ми засмета, ќе го заобиколам, ќе подзастанам. Ако возам на велосипедска со 30 на саат, и ако има дете/човек пред мене, сигурно нма да се забијам во нив, туку ќе подзастанам, закочам, иако јас сум во право. Нит круната ќе ми падне од глава, нит ништо. Ми се дешавало од икс причини да морам да се движам по велосипедска како пешак, па сум се држел на страна и сум се извинувал на тие што ќе пројдат во тој момент. Нит сум застанал на средина на велосипедската ниту пак сум дремел како мисир за да ги попречувам.

Види ги луѓето кога се качуваат како хиени во автобусот, недозволувајќи им на патниците прво да се симнат од него. Тоа не е регулирано со закон, па не значи дека треба да скокаат како мајмуни коа ќе се отворат вратите. По некои такви манири/правила во општеството, прво се гледа дека не си шетан по светот, второ дека си дно од човек, и нема што да се разговара тука, кој бил крив и како и зошто.

ice_screenshot_20230523-150035.jpeg
ice_screenshot_20230523-150011.jpegice_screenshot_20230523-145909.jpeg

...според овој закон, оставените тротинети на тротоар определени за движење на пешаци „НЕ СМЕЕ да се остават предмети (сини тротинети)“ ако со тоа се попречува движењето на пешаците!
... глоба 30Е, од секој тротинет „оставен“ на тротоар, коловоз (улица), а богами и паркирани возила на тротоарот, ама нема кој да ги казни, казнувачите во униформа се по кафани, кладилници, ако добијат наредба тогаш излегуваат на терен!

ice_screenshot_20230523-150129.jpeg
 
Последно уредено:
Абе каква возачка глеаш како вика бафра тргнеш пред тебе пешак застанеш. Шо појке.

Смешки. Ако веќе се глупираме, колку од сообраќајките со тешки и смртни последици се направени од тие со возачки...

Се повеќе закони имаме, а општеството се поненормално е, се поглупи стануваме, се нешто ни смета, за најмала ситница се вознемируваме ко да ќе застане планетата.
Но штом за се сакате закони и државата да ви се меша, тоа и ќе го добиеме, само после те молам воздржи се од ѕмиздрења, биди ко робот, мравка.
 
Значи имам право да го удрам и повредам?
Имаш право да заглавиш в затвор ако тоа го пробаш.
Автоматски споено мислење:

А пешакот да те одере од пари на име оштета.
 
Имаш право да заглавиш в затвор ако тоа го пробаш.
Автоматски споено мислење:

А пешакот да те одере од пари на име оштета.
Зошто, нели он е крив и ми го попречува движењето? Ах овие закони во МК...
 
Значи имам право да го удрам и повредам?

Не сфаќаш ти, не е битно да си човек со свест, побитно е дали си во право или не, сите да сме ко кралеви, се под конец.

Нормално ова не важи кога истиве ликови би поминувале низ Чаир, Тетово, тогаш ко членот Трендс возат, со затворени прозори и мирни.
 
Зошто, нели он е крив и ми го попречува движењето? Ах овие закони во МК...
...законите се арни, судиите сега не се арни, зависи од интересот така ќе оди и судењето без разлика од законите истите ќе направат да пешакот прегазен на тротоар од џип од ВИП личност, ќе му најдат мана дека психолошки бил нестабилен, па рипнал пред шофершајбната на џипот кој случајно се нашол на тротоар,
... или истиот пешак ако ќе биде прегазен на пешачки премин од ВИП личност ќе го осудат за споро преминување и невнимавање прво лево десно да погледне да ја процени ситуацијата иако се нашол на сред пешачки кога бил прегазен. Пешакот целиот во гипс само очите му се гледаат, се бори за живот, а ВИП личноста што прегазил на слобода, ете ќе прогледале кроз прсти да не го казнат пешакот, поради траумата што му ја предизвикал на ВИП личноста која се брзала со џипот на аеродром за службен лет, а морал да кочи на пешачки премин за таму некој спор пешак кој се движел!
 
Не сфаќаш ти, не е битно да си човек со свест, побитно е дали си во право или не, сите да сме ко кралеви, се под конец.
Ова за жал ми е многу јасно. Попрво би се бореле да испаднат во право, отколку да останат неповредени. Паметуваат кај стигнат, кај се возело, што се возело. Сфатете дека не секој, во секој момент ќе го почитува тоа правило. И кога е зелено за возачи, и кога е зелено за пешаци, треба да се провери за секој случај состојбата во која се наоѓате, и дали е безбедно да поминете. Ако гледам дека некоја бараба е улетана со кола, сигурно нема јас да поминувам на мое ЗЕЛЕНО, за да испаднам дека сум во право, а он се забие во мене. Крив е он, ама кој ќе го јаде? Јас.
 
Смешки. Ако веќе се глупираме, колку од сообраќајките со тешки и смртни последици се направени од тие со возачки...

Се повеќе закони имаме, а општеството се поненормално е, се поглупи стануваме, се нешто ни смета, за најмала ситница се вознемируваме ко да ќе застане планетата.
Но штом за се сакате закони и државата да ви се меша, тоа и ќе го добиеме, само после те молам воздржи се од ѕмиздрења, биди ко робот, мравка.

Најголем причинител за авионски несреќи се пилотска грешка. Знаев дека не треба пилоти да возат нешо се мати тука еј. Треба и сите дронови да си летаме слободно кој како му текне. Абе кој може нека си земе нека си летка кај сака да си слетуваат кај им текне. Роботи ќе не праат низаедни.
 
И кога е зелено за возачи, и кога е зелено за пешаци, треба да се провери за секој случај состојбата во која се наоѓате, и дали е безбедно да поминете. Ако гледам дека некоја бараба е улетана со кола, сигурно нема јас да поминувам на мое ЗЕЛЕНО, за да испаднам дека сум во право, а он се забие во мене. Крив е он, ама кој ќе го јаде? Јас.
...па нормално, послабиот треба да се чува самиот, проблемот што сообраќајна полиција нема тука да регулира или барем камерите да работаат, па да пристигне снимка со се казна „господине тогаш таму во тоа време возевте вака така, еве ви доказ“ тогаш сите ќе возат како мачиња, сега камерите како да се поставени за лични потреби кога ни одговара нешто или пак џабе се поставени никој не ги проследува, чим нема казнување!
 
не знам за вас но треба на анархистите како бафра да им го препуштиме сообраќајот. Они само со рака ќе се разберат. Нема да има жмигавци само рака лево или десно. Исто така нема семафори да има, сообраќајни знаци итн. По природни правила ќе се води сообраќајот у други речи, ко во Индија.
 
Не сака он ко Индија. Сака ко у Јапан.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom