Bin bir gece - Илјада и една ноќ

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Не знам за бугарската,но мислам дека редно време беше и кај нас да се прават вакви преводи.Како за почеток добри се.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
657
Поени од реакции
112
ај и за мене како да ги гледам емисиите на нет? :helou:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
На кој од ликовите глас дава Дејан Лилиќ?
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
еден од поубавите филмови кои ги имам гледано е илјада и една нокќ..ставот,достоинството и борбеноста на шехрезад се феноменални карактеристики кои мн ме импресиираја за овој филм
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Моментално главниот тип тепа некој друг тип оти тепал жена.

А бе Шехерезаде јадела ќотек, подобро ќе биде да го изгасам телевизорот :icon_lol:.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
taka i jas mislam deka dejan go zboruva kerem ,barem taka po glasot mi izgleda
a inaku gospodin burhan mi e naj faca,onaka mi pravi interesni faci ama i dosta pameten covek e:vozbud:
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Шехерезад ги празни улиците, а ги полни илузиите

Експертите велат дека веќе не ги третираат, гледачите и понатаму со задоволство ги гледаат. Прашање е зошто по толку преживеани Касандри, Есмералди, Марисоли во последниве две децении, публиката така несебично се отвори и прифати нова, овојпат турска шпанска сапуница?




Времето на најревносниот промет во големите маркети околу 20 часот е поместено. Сега се пазари до 20 часот и за задоцнетите купувачи - по 21 часот. Во меѓувреме се прикажува теленовелата „1001 ноќ“ - во моментов ТВ-содржина број еден, според популарноста.

Еден од најубедливите аргументи за прекин на минатонеделната седница на Градскиот совет што се оддолжила непланирано било прегазеното време за почеток на теленовелата на телевизија.

Дежурните лекарски екипи прогласуваат пауза во овој час, а децата во градинките ги нарекуваат куклите Шехерезад, според името на хероината на теленовелата.

Пиратски изданија со превод на бугарски од серијалот веќе може да се најдат кај уличните продавачи на дивидија.

Овие примери за фаталното влијание на теленовелите на поширок план можат да се пресликуваат и на секое индивидуално пониско, микрониво.

Главните актери од теленовелата „1001 ноќ“ се вљубиле во времето на снимањето на серијата и започнале врска, сеедно што актерот веќе имал свршеница, како што разбрав на фризер.

Е зошто мајка му не дозволува да ја земе за жена (главната хероина, ако не ја следите серијата). Па, што ако е вдовица и има дете?, ме прашува сосетката, откако ме поздравува со „добро утро“.

Брее, види каква економска еманципација кај Турциве, па после како не сакаат да ги примат во Европска Унија кога тие веќе станале Европа, ми коментира таткото на пријателката.

Колешката ми се јавува по телефон во 20.15 часот и прво прашува: „Да не гледаш Шехерезад?“. Ако одговорам потврдно, таа се откажува од понатамошниот разговор.

Ако одговорам негативно - не ми верува.

Дали на Македонија и случува нов феномен на „шехерезадизација“? И зошто по толку преживеани Касандри, Есмералди, Марисоли во последниве две децении, публиката така несебично се отвори и прифати нова, овојпат турска шпанска сапуница?

- Не ги гледам ниту ги следам. Со теленовелите се занимавав во 80-тите години, кога се појавија. Сега веќе не се предмет на мојот интерес, а за да се коментираат, сепак, треба да се има увид во содржината на серијалите - вели Дона Колар - Пановска од Институтот за социолошки истражувања.

И проучувачите се откажаа од теленовелите, само публиката не попушта. Зошто?


Војна и телевизија


Од 90-тите години на минатиот век наваму теленовелите се една од најгледаните програми во светот. Емитувани во ударните термини на сите телевизии, овие серии, редовно натопени во изобилство од емоции, постигнуваат огромна гледаност во кризни периоди, велат проучувачите. Една од најобемните статистики за нивната гледаност во регионот покажува дека офанзивата на теленовелите на шпански и португалски јазик започнала во Босна и Херцеговина три години по крајот на војната и го зафатила целиот регион. Босна и крајот на војната се карактеристичен пример за омамувачкото дејство на ТВ серијалите од ваков вид - Босанци од различни верски и национални убедувања во земјата, штотуку излезена од војна, ги гледале теленовелите во исти временски периоди, секој на својот национален јавен канал. Времето на нивното емитување е време на колективно седативно дејство и ескапизам од стварноста што ги опкружувала.

- Телевизиските серии се феномен што има влијание врз обликувањето на моделите на однесување на публиката, кој суптилно ни презентира системи на вредности, култура и ставови на едно општество што го претставуваат. Луѓето гледајќи серии често пати се идентификуваат со ликовите и со прикажаните животни приказни. Тие најчесто го прикажуваат секојдневниот живот, допираат до проблемите и емоциите на луѓето, со што идентификацијата е уште поголема, а од друга страна прикажуваат и еден поидиличен живот за кој сите ние тежнееме, и се добра можност за едно кратко бегство од нашата реалност - вели Јана Величковска, психолог во „Ре-медика“.

Од што бега нашава публика гледајќи ја „1001 ноќ“?

Од соочувањето со 400 илјади невработени, од сé пожестокиот притисок за решавање на спорот со името на сметка на името, од немилосрдното повторување на историјата, од честото соочување со бесперспективноста, од досадните меѓупартиски пресметки...

На што наидува домашната публика во „1001 ноќ“?

На класична љубовна приказна меѓу двата главни лика, која се одвива во контекст на брзоменливото турско општество, во кое сопствениците на фабрики се жртви на квазифирми за складирање на отпадот, кои ги избегнуваат законските обврски и за профит депонираат токсично ѓубре на недозволен начин и лесно пристапни места, каде што големите холдинзи се цел на мафијашки напади, а градежните работници од сиромашни семејства гинат на работа и оставаат незгрижено потомство зад себе, додека девојки од Русија, Молдавија и од другите источни земји доаѓаат во Истанбул во потрага по работа и стануваат лесна цел на локалните силеџиски настроени макроа.

Што е тогаш поинакво од нашево милје? Натопеноста со емоции, кои се суфицитарен зачин на ова обезличено време, која од теленовелите, колку и да се понекогаш наивни и патетични, прави предмет на јавното мислење, кој е потребно да се анализира и правилно да се дефинира со утринското кафе наредниот ден.

Така беше со сите шпански и португалски сапуници досега, така е и со првата турска шпанска сапуница сега (притоа турска треба да се сфати како ознака за земјата од каде што доаѓа продукцијата, а шпанска како жанровска определба).


Потреба за мелодрама


Меракот за љубовните интриги на шпански и на португалски јазик, а во поново време и на хрватски и турски јазик, очигледно ги владее поствоените општества и со општествата во транзиција, каде што потребата од масовен ескапизам е очигледна.

Практиката покажала дека теленовелите се најпопуларни меѓу сиромашните општествени слоеви во земји со забележителни политички и стопански тешкотии или денес во младите демократии и општествата во транзиција. Покрај Јужна Америка, теленовелите денес се најгледани на Филипини, Русија, Израел, Полска, Романија, Чешка, Унгарија и во земјите на бивша Југославија.

- Овој феномен е веќе виден во феноменот на мелодрамата или крими-романот, кои биле најпопуларни во критичните моменти низ кои поминувало одредено општество, под што се подразбира војна, невработеност, пад на стандардот, политички превирања и слично. Теленовелата, всушност, е мешавина на клучните елементи на овие два литерарни жанра, чиј елемент на суспенс (драмска напнатост) е повеќе од шаблонско-занаетски, а не од оригинално уметнички квалитет - вели филмската теорија.

Драмска напнатост, идеализирани ситуации, прецизна диференцијација на тоа што е морално, добро и убаво и на нивните спротивности се главни карактеристики и на серијата „1001 ноќ“, која за релативно краток период од 2-3 недели прикажување, безрезервно ја освои домашната ТВ-публика.

- Актуелната заинтересираност на нашата публика за серијата „1001 ноќ“, освен на веќе споменатите фактори, делумно се должи и на тоа што културните вредности и обичаите што се прикажани во серијата и се познати и блиски на нашата публика. Делумно свое влијание има и тоа што нашата публика веќе е презаситена со т.н. „шпански серии“, па така појавата на една нова серија, која по содржината е поблиска до нашата култура, претставува вистинско освежување - смета Величковска.

Во 2006 година во Босна и Херцеговина, сите јавни и приватни ТВ-сервиси емитувале по една теленовела со потекло од Јужна Америка секој работен ден.

- На ТВ Телма никогаш не била прикажана ниту една теленовела - вели Јагода Михајловска - Георгиева, уредник на забавната програма на оваа куќа.

Две турски теленовели се борат за домашната публика на две национални телевизии. Патем тече прикажувањето на уште неколку хрватски серијали. „1001 ноќ“ засега неприкосновено води.

Публиката, според истражувањата, варира од деца до старци, но најмногу ја опфаќа женската гледачка популација.

- Со Шехерезад се исцрпува мојата потреба за романтика и мелодрама - вели Софија Миланова, 40-годишна правничка, смешкајќи се малку посрамено поради ваквото признание.

Но, Шехерезад со задоволство ја гледаат и деца од градинките, и тинејџери, домаќинки, секако, па дури и мажи во позрела возраст.

Противниците на теленовелите го аргументираат својот негаторски став со квантитетот во програмските шеми, со презаситеноста со истоветни заплети, со ниските критериуми на реализација (глума, режија, сценографија) и со, генерално, заглупувачката функција. Но, со текот на времето, веројатно поради популарноста и приливот на побарувања за нив, овие продукции стануваат сé посериозно одработени, сценографиите се сé побогати, костимите повеќе од пристојни, музиката специјално компонирана.... Заплетите, меѓутоа, остануваат исти. Кокетираат со човековите неостварени желби за љубов, успешност во животот и професијата, за исполнетост - емоционална и деловна. Тоа е рецепт што не се менува и што, наспроти претпоставеното зреење и визуелно описменување на публиката, останува и натаму привлечен и гледлив асортиман. Особено, кога преостаната ТВ-понуда не бега подалеку од реалните шоуа, а домашната ТВ-продукција се сведува единствено на - вести.





Инстант-катарза

Сапуницата влегува секојдневно во домовите на корисниците и игра двојна игра - на консументите им дава чувство на исполнетост низ активирањето на психолошките механизми на идентификација со ликовите и бегство од реалноста. Исполнетоста се огледува во катарзичното чувство на консументот, кое е резултат на шаблонски произведената драмска напнатост. За Аристотел, катарзата е задоволувачко чувство на страв и прочистување. Ако е така, тогаш теленовелите се инстант-катарза. Во влечки, пред ТВ-екран.




Слабоста станува предност!

Натсинхронизацијата на македонски, која во почетокот се посматраше како слабост, во меѓувреме - стана предност на теленовелата „1001 ноќ“. Многумина сметаат дека натсинхонизацијата во меѓувреме почнала дополнително да влијае на приемчивоста на серијалот.

Антонела Петковска, професорка по социологија на културата на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, не се согласува со оваа практика.

- Знам дека во многу држави се користи оваа постапка, но мислам дека натсинхронизацијата е идиотизам. Тоа не ги зближува културите, туку напротив ни ја одзема можноста автентично да ја примиме културата од каде ни доаѓа одредена ТВ-понуда. Башка, овде имаме толку луѓе што зборуваат или што со радост би слушале турски - вели Петковска.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12291015107&id=9&setIzdanie=21852
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
да не знае некој кој зборува за шехерезад бену и онур ме интерсира
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Шехерезад ги празни улиците, а ги полни илузиите

Експертите велат дека веќе не ги третираат, гледачите и понатаму со задоволство ги гледаат. Прашање е зошто по толку преживеани Касандри, Есмералди, Марисоли во последниве две децении, публиката така несебично се отвори и прифати нова, овојпат турска шпанска сапуница?

Зашто ? Да му ебем матер зашто...




Кента! Јачи... ето зашто .
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Шо е толку интересно во серијата бе? :uvo:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Кога би ја тргнала синхронизацијата на страна, серијава е ептен просечна, сум видела милион пати поинтересни и подраматични серии од оваа, така да оваа изгледа и прелесна, едноставна и проста серија за конзумирање.
Не знам што е толку гледана, народот стварно изгледа сака толку лесна едноставна приказна, а може и затоа што се дава во ептен ударен термин па е толку гледана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom