Така е, сите викат државата требе да го откупе тава шо никој друг нејќе да го купе на пазаро. Е шо ќе му праа државата после откупи ли го, никој не го е гајле.. Така пазарна економија не се праа, ако шо остане од производството, да дојде некој и да го собре и да ти даде пари...
Идејата за модерна задруга не е лоша. Ама е неизводлива од техничка гледна точка, оти моментално по селата старите задруги и складове са урнани и узурпирани. Треба да се изваде кеш од негде да се направе такво објектче. За време на минатио систем е имало таков систем на земјоделски задруги, и са работиле горе доле профитабилно, оти најчесто са произведувале и откупувале житце, афион со сите негови суровини(катран, шишарки, и семе), тутун, и други стоки. И нормално донеселе ја бирократијата, шефувајнето и се почнала манипулациите со цени, откуп, уцени, итн. Татко ми има барем 3-4 приказни за “превоспитувајне“ на градските директори шо инволвират темница, вреќа и стапове, само и само да не се експлоатира земјоделецо....


Денеска нема шанси такво нешто да биде.
Е сега ајде да речеме може да се организират земјоделците у таква организација, да соберат парите на куп за инвестирајне (100 фамилии по 2-3 000 евра од субвенции са 2-300 000 евра, шо е доволно за еден откупен пункт од средна големина), малку ќе е тешко да се најде добродушен менаџер шо нема да ги краде, и ќе си ја тера работата совесно и од петни жили. Тука има некои шо говорат оти земјоделците са прости, неуки човеци, непрошетани, ама тава не значи оти некое недоносено грацко црево само шо има 3 реда повеќе школо има право да ги краде, злоупотребува, лаже, и малтретира. И да, начесто ситуацијата е да ги краде и да печале на ниин грб.. Маргината на профит на свежо откупено/разладено и продадено на запад е околу 70-100%. Од една страна тава е арно ако парите се враќат за ре-инвестирајне, ама од реална гледна точка, сите лежачи и црева ќе се завртат како мршојадци околу маката на тија шо работат. Доблестни човеци денеска нема.
За семето ќе се издоговорат, оти реално за компир има 2-3 добри семиина шо виреат кај нас (аринда, агриа, и оште едно забравих му го името)
Индустриски пипер ти е Куртовска Капија и Слоново Уше (повеќе набледат на второт)
Од Белио шо е за јадејне има повеќе варијации, ама повеќето са исти сорти со различно име.
Френките ти са Бејле, Амати, или некои од старото семе (ама повеќето го сеат старото семе за лична употреба).
Бостан ти е стандард кралица, или каков и да е ако е калем на лејка, или од овие грчките шо са како елипси.
Зелката има разни варијации, шо може да се игра на семенска стока
Истото е со житото (ечмен, ченичка, пченица)... може да се стандардизира...
Тутуно се знае тип Јака, Ориент, и Прилеп, и Експериментират со нови сорти секоја година...
Семиината са тија, може да се напраа некакви студии шо точно и како се троше, и на шо треба да се наблегне да се произведува, и да се донесат нови сорти шо не се разболуват толку ногу, дават постабилен принос, и издржуват на транспорт (Ако веќе извезуваме)..
На пример калем лубеница не е највкусното нешто на свето, ама е 10 пати поарна за транспорт отколку сејана на семка.. Истото е со хибридните сорти на френки... Старото семе е супер на вкус, ама живее едвај 3 дена после зреејне.. да не набројувам за другите семиина.
Идејата за бирајне на менаџер, е повеќе политика отколку бизнис план. Само размисли како сите политички партии ќе умешат прстите која да го контролира менаџеро, и дефакто да ги контролира земјоделските партнери.... Истото шо се праа со приватните фирми денеска. Кој какви благодети даде за менаџерскио тим, за возврат зима тендери, и плус инспекции не го ловат... Така да, да ги обвинуваш само производителите за лајната шо са у македонија од оваа гледна точка е малку наивно.
За образовнио Балон, комплетно согласен со Рендето. Денеска Македонското образование не произведува сразмерно кадри со економијата. А се бута некаков елитизам, демек диплома, државно работно место, летно време клима, зимно време парно, и на 10ти 400 евра на сметката. Ни лук јал ни лук мирисал... Продуктивност 0. Ама битно е учен човек, со диплома... Отвори Ренде тема за балоно у образованието па јас Змејко, Батко Петре, и оште некој мераклија да се испукаме за ќеф... Не биди мрзло...
За Змејко... Има симулатор ама уопште не е реален.. Може добра идеја да излезе: “Биди Земјоделец - Симулатор 2013 Macedonian Style“
У него освен земјоделие треба да биде отсликана целата ситуација моментално у Македонија. Политика, мали ниви, апсурдите на кило, продавајнето по пазари, недоволното производство, увозо на поевтини нешта, од-до.. Лаво ќе биде Проект Менаџер на целио проект. from and idea about requirements to deployment.. И целото нешто ќе го ставеме у RUP, додека помалите делове компоненти и модули ќе ги прааме со Agile Methods.. Нема шанси да искараме лош производ.