Едно прашање до креаторот на темата...
Бато како се справуваш со неправдите на селскиот живот? Барем во селото на дедоми имаше мал милион работи што те тераат да избегаш..
Мислам на палење твое земјиште со жито пред да си го ожнееш,крадење на твојот род,крадење на твоја купена земја пошто на некој така му текнало, крадење на машини, вадење пушки за најмали ебани ситници кои можат да доведат до трагедија.. Судовите се нормална работа каде што ќе си ги трошиш парите..
Незнам како е кај тебе ама ваму е за нигде.. поздрав
Ќе ти дадам 2 одговора. Краток и не толку краток.
Краток: Никако. Господ гледа.
Не толку краток:
Не ме нервират мен тија работи. Кој колку сака нека краде, нека сече, нека откорнува, горе, надорува, уништува, заебува. Ќе фрлам неколку клетви, и живото продужува. Ако има за мен има и за другите.
Иначе, штетници е имало ногу, премногу. Најголемата реакција е шо пријавих у полиција коа ми исечеа 50 дрва на израснани праски. Беше како масакар, колеж. Неубава слика. Никојпат не го најдеа штетнико. Полицијата се сомневаше оти сам го направил за да зеам пари од осигурување, а дрвата не беа осигурани. Дури инспектор доваѓа да проверува дека ми е полисата.
Или една година коа ми обераа 5 тона грозје, друга година 130 дрва праски само лисјата останаа на них, изгореа 2 реда од по 150 метра грозје заради запалено стрниште. Или искорнаа околу 100тина млади дрвца сливи да си ги пресеат у дворовето. Или некој ми е надорувал 100ина квадрата.. Абе сите можни штети шо можеш да си ги замислеш, најверојатно имат ми се случено.
По принцип, македончето е еден голем штетник. Полош од животните, само и само пакос да напраа од завист.
Никој ни сам тужил, ни сам тепал, немам ни оружје, ни па сам се карал со некој. Кој открадел, открадел, со здравје да си го јаде/троше/продава. Од мене има само алал.
Машини не са ми краделе, освен едни плугове, ама најдех си ги кај еден мајстор. Познават ме повеќе човеци, и знаат шо опрема имам, така да малко тешко да ми открадат нешто незабележано. Селски живот, се има у него. И арно и лошо.