Еве да ја раздвижам темава, ќе пренесам на форумов слика за работа на земјоделци во една држава во Европа. Не толку како поткрепа на мојот став дека земјоделците не треба да чекаат се од државата, туку можеби како лесно остварлива идеја за нашите земјоделци....
Значи:
....Земјоделци од повеке села, ми кажаа над 350 луѓе,формирале некој вид здружение ( ваљда, нешто слично како нашите задруги на времето ) . Во тоа здружение имаат вработено менаџер, имаат човек одговорен за набавки, човек одговорен за продажба....Самите земјоделци имаат само работа, производство..сите други работи ги обавуваат стручни луѓе.
Значи, човекот за набавка ги добива потребите од земјоделците ( семе, губриво..) и тој договара купување, со тоа што, пошто настапува како правно лице, со голема бројка, сигурно добива подобри услови, одложено плакање, пониска цена и сл. откако ако се јават земјоделците поединечно.
Менаџерот за продажба е одговорен за целата продажба. Бидејки исто настапува со голема бројка на производство, може да договара годишни количини со поголеми купци, ( што поединец тешко ке направи) при што може да сугерира што треба да се сее за наредна сезона. Останатите количини, за кои нема годишен договор, се собираат во нивни откупен центар и се продаваат тековно по разни канали ( маркети, пазар на големо...) .Интересно беше што земјоделците го предаваат зеленчукот без утврдена цена. Нивниот откупен центар само знае кој човек колку предал и која класа квалитет. Тоа значи дека одделот за продажба продава согласно цената која ја диктира пазарот и што може да ја постигне. На крај на секоја недела, се прави пресек и се формира просечна цена по која им се исплака на земјоделците, а еден процент останува за развој на фирмата.
Фирмата/здружението тераше бизнис одлично. Со тек на време, отвориле 3 маркети во регионот,комплетно снабдени со се, каде што зеленчукот, овошјето и месото беа нивно производството. Поради локалпатриотизам, маркетите работе одлично.....
Контролата на работа на фирмата ја имаат земјоделците преку избор со гласање за генералниот менаџер, кој претходно презентира своја програма за работа.
Е сега, изгледа се многу просто , едноставно и добро.
Дали ова е изводливо кај нас?
Дали реално може да се соберат 100 земјоделци од пример 3 села во Струмичко што ке го пресликаат системот?
Дали нема да се испокараат кој да биде директор, од кај дас е купи семе или слично?