Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Ниска е стапката на криминал, мое мислење е зошто не само што им функционира системот (полицијата), распределбата на доходот е еднаква (мислам Џиниев коефициент беше тоа, може да прогуглаш), класните разлики не се до толку изразени. Кај нас пола џепароши се здружени со полицијата, сите ги знаат кои се само тие се прават наудрени. Велат дека порано имало премногу самоубиства, што била причината не знам, можеби финансиската криза си го зела данокот. Имаат и тие од време на време некои скандали со корупција ама не толку големи и каде каде поретки отколку кај нас.Фала што се потруди да го напишеш ова.
Првиот муабет и јас сум го слушнал и навистина е така барем по кажувањето.Денеска сме можеле и ние да бидеме нешто слично на нив.Ме заинтересира државата кога пред некоја година имало референдум за геј бракови и најголмеиот дел од народот се согласил дека ако се изгласа тоа ќе изгубат многу млади и голем дел од нив ќе осатнат без деца што оди на штета на државата во иднина.А не се познати по хомофобија како Срби,Хрвати,,Македонци итн иако во овие држави утре партиите да го донесат овој закон 90% од населението ќе остане мирно.Исто познато е дека не се нацисти и фашисти но во одредени моменти имаат спречено изградба на радикални џамии и не се мирољубиви кон мигрантите кои нелегално ја минат нивната граница што покажува дека мислат свесно во дадена ситуација и не плашат дали некој од страна ќе им залепи етикета.Исто друга работа за која сум слушнал(не знам колку е точна) дека доселените Албанци,Босанци,Срби го прифатиле тој начин на живот и се откажале од нивните добро познати традиционални вредности.
Кажи нешто за безбедноста ако можеш.
Да немав можност да одам во други држави со пасошот,по секоја цена ќе гледав да одам таму вака сега не ми се исплати.
Автоматски споено мислење:
Верувам дека било така но сега барем кај поголемиот дел сменето е мислењето затоа што се 2 милиона а им требаат земјите од екс ЈУ за да го зголемат пазарот.Благодарам за опширниот одговор.
Малку да дополнам (со што воедно корегирам) за осумдесетите години.
Леб, пиво, останати прехрамбени продукти беа двапати поскапи отколку во Македонија. Бензин, струја, приближно иста цена. Бела техника произведена во Словенија беше поефтина. Здравствени услуги (оние кои не беа под фондот) беа далеку поскапи (лекарско уверение комплетно во Македонија 600-800 динари, во Словенија само дополнително за работа на висина 2000 динари).
За платата не ми се пишува. 5-10 пати повисока за исто работно место.
Кај Словенците постоеше национализам. Можам да речам дека нè мразеа. Сè што беше подалеку од Загреб за нив беше Босна, а ние преклети Босанци. Не знаеја (поголемиот дел) дека постои Македонија.
Значи, накратко, беа држава (дежела) во држава и по осамостојувањето тргнаа од далеку поповолна позиција во однос на Македонија. Но тоа не нè оправдува нас за разнебитувањето.